Торенти најди си било каде на гугл пиши Gоssip girl season 1 torrent Gossip girl season 2 torrent така за секоја сезона или епизода. Тоа со тројката беше ужасно. Добро е што веќе ги нема Џени и Ванеса, сега на ХРТ епизодите гледам колку лошо глумела всушност Џени.
Продолжено промо за епизодата во понеделник (или вторник по нашки ) Открива премногу, па ако не сакате да си ја расипете епизодата не го гледајте. Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=3AlAUsoMm5k Dair elevator sex! Hell yeah! Оваа Блер најдобри секс доживувања имаше Иако малкубројни во споредба со Серина, сепак далеку подобри од нејзините
Спојлер Блер и Ден планираат да имаат секс насекаде низ градот, пијани, зашто само така е успешен? Исклучително досадна епизода, минус сексот во лифтот, изгледаше прилично добро, со тоа што не можевме да го видиме фустанот на Блер. Лили како и секогаш - кралица. Преубав фустан, преубав ѓердан, шминка и фризура на место. Остатокот - жива патетика. Ајви стана патетична (не дека претходно не беше, ама во последнава епизода се мрдна, ги обвинува како не можеле да ја испочитуваат еден час покојната баба и мајка, а она зашто организираше забава? За да се вклопи во елитното друштво. Оф боже, права сељанка ). Оригиналната братучетка Чарли, т.е. сега веќе полусестра на Ерик и Серина зафаќа само место на екранот. Воопшто нема некое присуство, антипатична е , мутава, напаст. А Серина се надмина себеси. Ја нема помутава и поглупава во светот на сериите. Јас би била пресреќна ако Серина умре. Знам дека нема да се случи таков пресврт, ама ваквиот настан би му дал на серијата вистинска доза драматичност. И трагедија. Кој му даде крв на Чак? Не верувам дека е неговата мајка. Мислам дека ќе го вратат одвратното крекало Елизабет Харли и она ќе има нешто врска со тоа. Глупава епизода. Толку чекање... за ништо. Освен фактот што Руфус се врати во форма. Направи вафли за цел Бруклин.
Лошо, полошо, најлошо, ГОСИП ГРЛ! Спојлер Сериозно што беше со епизодава?! Мадам Серла, глупа ко точак. И даваат лаптоп полн глупости за сите, господичната не знае да го искористи. Среќа Нејт ја отпушти. Ај барем он малку се опамети. Блер и Ден мислам дека ова беше врвот на сите глупости кои можеа да ги направат со серијава! Ајви очајна. Единствено деловите со Чак ми беа ок, ама ништо посебно. Ме интересира што ќе се случува со мајката.
Премногу предвидливо стана се, затоа не ни е интересно. Спојлер Од авион се гледаше дека нешто нема да штима меѓу Ден и Блер. Баш затоа не се потресував многу околу нивната приказна. Не треба да си гение да сфтиш дека ова нема да потрае, штом сексот не штима, пиши пропало. Дорота останува мојата светла точка во серијава. Исто и Чак. Моментално тоа што ме тера да ја погледнам следната епизода е неговата приказна со мајка му, која барем има смисла и вредност за разлика од приказниве на мочливе. Фали тој момент на спектакуларност кога се одврзуваат настаните. Веројатно затоа што ја нема ГосипГрл. Штом почнавме да гледаме која е Озборувачката, серијава почна да тоне.
Не ми се верува чекавме 1 месец за овие досадни 40 минути. Јас заспав ако ви се верува, навистина заспав ме разбуди сестра ми. Ц ц ц ц досадно и досадно и досадно. Кој ли е тимот од сценаристи? Кој? Нека го сменат! Инаку Лили беше навистина прекрасна со Трендафилка ќе го делиме ѓерданот
Спојлер Ништо посебно новава епизода,ама не ни очекував нешто многу интересно.Мислев дека конечно Ден и Блер ќе раскинат,ама не не и не.
Единствено Дорота ми беше многу слатка во епизодава Едвај ја догледав, на половина веќе почнав да си чачкам по интернет, само ја слушав Серена е тоооолку досадна веќе, немам зборови. Ајде крај!
Лелее шо гледав *facepalm* - резил, резил ! Ова се поќе и поќе личи на промашена, нискобуџетна шпанска серија отколку на старата добра Госип Грл. Стварно незнам оти ја гледам, а и оти откупија и 6та сезона Од сите глупости и гадости во епизодата единствено вредеше да се гледат Лили и Дорота -> (само тие две, и Нејт *на моменти* - му ја прат серијата понормална !)
Јас сеуште ја немам изгледано и претпоследната епизода, а излегла и новата. Немам желба, се канам секој ден, но никако да седнам и да гледам. А се сеќавам летото во рок од еден месец изгледав 4 сезони, ги гледав по цела вечер, до сабајле, во 7 си легнував. Ама епизодите беа такви. Се мислам пак да почнам да ја гледам од почеток, од 1 до 3 сезона.
Мене кога ме фаќаат бедови, си пуштам клипови од старите сезони. Имаат убави дијалози, за паметење и преубави сцени. Не можам да си преболам како отиде во неповрат серијава...
И јас ја изгледав последната епизода и на крајот ми се од сите глупости кои ги видов. Не можам никако да ги поднесам заедно Ден и Блер, целата серија ја упропастија со нивната демек љубов Не ми се ниту гледа повеќе, ама ајде толку епизоди изгледав, секако е при крај.
Абе ја да бев на местото на Ајви, и да имав толку пари, ќе си правев журки и ќе си најдев нови другари. Колку е глупава значи. И стварно ми нема поента нејзиниот лик. А за другото од епизодата, нема веќе шо да коментирам, се сте кажале
Сум помислила неколку пати досега да проверам кој го врши кетерингот за серијата. После, се удрив во чело - што ти е ма? Па Руфус готви за сите, нормално!
А на мене ужасно ми се јаде вафли после изгледаните епизоди . Ги гледав сега двете, па да не се повторувам, веќе сте кажале се. Така, јас ќе си останам да си тажам за сексот на Блер со Чак во лимузината и на пијаното. Шишкица не ми прави мерак. Ми се гади, сериозно!