Од каде сега ова? Пишува некаде? Ако е така, бетер од шпанска серија ќе стане. Братучеди станаа полусестри, сега и мртви ли ќе воскреснуваат?
Спојлер И мене ми помина таа мисла низ глава, дека можно е да е жив татко му. Само не ми текнува дали Лили го идентификуваше тогаш. Ако е така тогаш и она е замешана во тоа. А ако Чак ја најде пак женава пред да му кажат од кого е крвта, тек тогаш ќе биде циркуз.
Најпаметното нешто што можат да го направат е да ја завршат оваа глупава патетична серија веке еднаш. Барем ке немам обврска да симнувам торенти и да трошам 40 минути за глупости.
Спојлер Не верувам дека татко му на Чак е жив, освен ако продуцентиве немаат амбиција да направат права шпанска серија. А јас сум на крај на нерви да се откажам од серијава. Мислам дека мајка му му има дадено крв, ама па и Дајана доаѓа во комбинација сега... Само, не знам што ќе испадне она на крај. Каква е поврзаноста меѓу неа и Чак? Тетка, стрина, сестра? Или нема никаква улога, па само ја убацуваат одвреме навреме колку да има малку заплет? Инаку разбрав дека ќе имало и 6та сезона, ама ќе била составена само од неколку епизоди. Колку е вистина - не знам, ама јас и онака веќе не сум заинтересирана да ја гледам. Ептен дека сум изгледала скоро 5 сезони, па си викам да ја догледам барем до крај. Почнав да зевам на секоја епизода. Патетики живи...
Ако ви се верува ја имав симнато 18ката уште дента кога беше ставена на нет, и тек сега се наканив да ја гледам. Вообичаена ГГ епизода, со интересни и досадни моменти. Значи, не беше лоша, катастрофална, ваква, таква, туку беше најнормално. Имало многу поинтересни епизоди, ама имало и подосадни. Епизодава за разлика од претходни неколку беше многу подобра. Интересен беше почетокот со избацувањето на Блер кај Ден, тоа што Серина вработената во Спектејтор е всушност конкурентската Госип Грл, стана онаа што најмногу ја мразеше ако се сеќавате нели, и застана на местото на онаа што ја оцрни нејзе, нејзиното семејство, пријателите и сите останати. Интересно беше на забавата на глупачата Ајви што не знаеше ни да ја организира зошто никогаш не организирала ВИП забави, па уште и своја. Тоа во лифтот, добри моменти беа освен влакната на пивскиот стомак на Ден, ми се згади ептен. Истотака кога и се насмеаа во фаца на дебилната Ајви, Лола конечно се накани да напраи нешто во серијава освен да се шета навака-натака без никаква цел. Е досадни моменти ми беа оние со Чак и чичко му не обрнав воопшто внимание, најверојатно и збореле нешто важно ама ете досадно ми беше. И не ми е јасно кај испарија Луи и неговото семејство? Како така ги снема одеднаш? Добро овие од екипава на ГГ дали размислуваат малце бе. Па Блер е мажена со принцот, а таа го нема видено од свадбата така нешто според серијава, а се матка со Ден човече дечко и е. И таа со нејзе што се шлаеше, се спогодија нели нешто дека таа го сакаше принцов да не ја замара во тој стил, ама не може да се однесуваат како французиве да не беа ни вметнати во серијата Таа е уште во брак, +нели има договор ако направи нешто што не смее ќе треба да плаќа оштета огромни суми, нешто со станот на мајка и беше... абе не се нормални. И кога сум веќе кај тоа, каде е Еленор? Мажот на Дорота? И многу други ликови кои одамна ги немаме видено да ја разиграат серијава? А ова што читам за татко му на Чак, добро би било освен фактот што пак ќе се пореметат работите меѓу Лили и Руфус. Кај Вилијам, па уште Барт фали. Ама ако сакам да се врати јас, ептен го сакав ликот.
Ај некој нека ми даде линк за онлајн гледање,не мора со превод. Да разлистам епизодите,иако осеќам дека се глупост најголема станати но чисто да утепам време.
Спојлер Блер не сакаше да го потпише разводот, затоа што и светна сијаличката дека очајно сакала цел живот, уште од малечка да биде принцеза??? И сликањето со попалени девојчиња и' го наполни егото? И со цел памет се почувствува убаво и како принцеза? А Ден, херојот и' ја исполни желбата... и сега се' е во ред? "Блер и да не си принцеза на папир, секогаш ќе бидеш принцеза душо." Што ме води до втората дебилна работа во денешната епизода. Серина, со мозок на 5 годишно разгалено и глупаво девојчиште. Не сакам да сум главна, ќе најдам друга... ќе ја искористам мутавата моја нова братучетка... ќе си ја играм како марионета... упс, кога ги начека со Нејт како го снимаат благото порно, со цел памет се дрзна да и' рече: YOU USED ME! Ти ма дали имаш грам памет? Па на крај се премисли срценцето, сепак сака да биде the it girl. Која е поентата што вака ги претставуваат луѓето? Толку ли се мизерни и очајни по внимание? Немаат ли никаква друга обврска и работа во животот? Сите се запишаа на факултет, освен Чак кој води демек бизнис, ама никој за жива глава не стапнува на факултет. Што ме води до третата точка од која најмногу се разочарав. Лили. Убаво и рече Руфус - имаш доволно пари за 5 генерации унапред... не дека и дошло до тие пари што и ги оставија на Ајви. Алчни, ненаситни и злобни. Почнуваат сите да ми се гадат, што од глупост, што од расипаност, што од алчност, што од мизерија да бидат принцези или it girls во нивните замислени совршени светови. Кои глупачи!
Трендафилке да си ми жива и здрава за коментарот, нема што да додадам ни да одземам, глупачи! Само има една светла точка во денешнава епизода. Комбинацијата на Блер. И тоa. Толку.
Не не, Чак во црвениве тренерки е крај. Да се разбереме, немам ништо против фино машко газе, ама некако со потегов ја утнаа скроз за ликот на Чак. Уште кога ја видов кобилана Дајен или како и да е, ми се смачи. И Серена со тоа сукњичето малечко, и двете ланчиња едно врз друго, на ништо што не личи. Па и Лола во црното комплетче долна облека. Има ли крааај?? Ден е официјално мекотел со грда фризура.
Чак го враќаат назад во времето кога носеше вакви бесни комбинации, заедно со препознатливото шалче. Навистина (модно) му еволуираше ликот, нема што. Серина да биде благодарна што Господ ја надарил со такви нозе и фигура. Зашто остатокот од пакетот, фацката и гестикулациите (што патем и се исти во секој можен филм, мутава до бескрај) и се мизерни. Руфус конечно покажа малку мадиња. Од кај што тргна, таму и се врати, во станчето во Бруклин. И на него му скисна да биде бој тој.
Кога тргнавме со лошиве комбинации, ај малку да се посмееме со една ретроспектива. Број еден најлош аутфит му е дефинитивно тој што Трендфилка го постирала, тогаш беше демек посмел и поексцентричен во облекувањето. Ужас невиден!
Резил ! Све самобендисани, егоистични копилиња во серијата, јас па јас...алчност и нечоечност до безкрај. Спојлер - Лили: пари пола свет да го купи има, во паричките мајка и шо му ги остај на Ајви се запна, ој мори легниси ! - Серена: сама ако не си се фалиш (прикриена како ГГ) кој ќе те фали? Пу, ѓубретино расипана.. - Блер: греој! сакам да сум принцеза-неќам да сум принцеза, сакам развод-неќам развод, го сакам Ден-го неќам Ден, Чак чини и мислам дека го сакам- Чак е дебил и најмногу го мразам -> Аман решисе еднаш, не не шетај по тавани ! - Ден: класична домашна џукела, од канта газдата (Блер) шо ја извај и сега нонстоп по ќефо му оди.. - Нејт (а истото важи и за Лола): децка работа ! - Руфус: Бруклин па Бруклин, се запнал за местото ко пијан за бандера - Дајана: чавката искубана конечно се врати - NOT. А зошто ја вратија госпо знај изгледа за гужва да прај.. Незнам. Искрено НЕМАМ ИДЕА зошто уште ја гледам.... Ај барем едно време со јаките модни комбинаци ќеф праев, сега со шо? со фактот шо Чак го немат пуштено уште по танга на сред Менхетен да шета?
Спојлер Значи колку се смеев кога Дајана му кажа на Нејт дека има чувства за него Не знам дали го лажеше или стварно мислеше, ама како и да е, 40-и-нешто-годишна да сака некој 20-годишен ма немој да ме јебеш бре! Лили ме разочара ептен За другото се сте кажале. Ако ништо друго, барем од оваа сезона научивме кој е врвот на моронските работи во светов. Мислам дека Vampire Diaries е далеку пореална од ГГ