Кога ќе гледам Серена со полу отворената уста ми се иде да и мавнам една воспитна и да и остане затворена засекогаш (како на 4та и 5ка слика од постот на figgiMK)
Кај стигна серијава стварно незнам Све каша попара направија..Ова не е серијата што почнав да ја гледам и за еден месец 4 сезони изгледав Глупости и сега незнаат што да направат за да остане гледана серијава ама изгледа и гледаноста и опадна.Shame on them
Од каде ви е тоа за Дајана дека му е мајка на Чак? Не знам, мене ми е сепак интересна за гледање иако има толку наивности и нелогични работи. Иако ја критикувате толку, сепак има нешто кое ве влече да ја гледате. Со додавање на нелогични работи (како што е предомислувањето на Блер за разводот, Руфас остнаува во Бруклин, Дајана инвестира во Спектејтор, Блер и Ден и се е кажано) се гледа дека се губи креативноста и вештачки се додаваат овие работи. Едно прашање, нели Чак сo плаќање на долгот, миразот ги отплати долговите на Волдорф и сега Блер е слободна, ама зашто Волдорф не си го платија тоа, не се сиромашни сигурно Што беше оваа работа, од каде тоа дека Волдорф немаат пари за да платат тоа?
За дека дајана му е мајка на чак видов на фејсбук слика имаше постирано. инаку се согласувам со барбица дека серијата е интересна и пристојна за гледање и не е потребно толку критикување. повторно ги има тие интриги, сега не се како што беа но ги има. а ликовите, серена и блер исти си останаа, чак се смени а нејт речиси и го нема. од првите сезони ми недостасува џени, интересни ми беа епизодите со неа.
Јас ги гледав на ХРТ 1 епизодите од првите три сезони и можам да кажам дека тие сезони делуваат подетски, третата сезона беше некој премин. Овие 4 и особено 5 сезона даваат прав сапунски шмек на серијата, што мислам дека е нормално вака да се развие серијата откако поминаа детските години. Не велам дека нема нелогичности, наивности и некои работи без врска, ама мислам дека сапунското продолжение на серијата е сосема прифатливо.
Баш ми е интересна 19кава, како поголемо освежување ми дојде Дајана стварно ме потсеќа на кобила, ама акцентот и е интересен Блер беше прекраснa и во дневната комбинација, и во вечерната, и во балскиот фустан Спојлер Спојлер Само што Чак никогаш не би се облекол така. Btw, remember? Ептен ми се интересни ваквите сцени коа се замислуваат како да се во минатото A колку ме нервираше оваа, среќа одамна ја неам видено.
Не знам, навистина не знам што да кажам после последнава епизода. Толку ми е одвратна и проста Дајана како лик, што не можам да ја смислам. Кобила, се ебава со најдобриот другар на син и, во негов стан, под негов покрив. Мене не ми е јасно како дојде до ваков идиотски заплет!!! Најглупава сцена на цел свет, во историјата на сериите, е кога разговорот на Ден и Блер го слушна тој парот, па така спонатно и магично, решија да ручаат заедно и да им помогнат во конструирање на врската. Абе ајде. Така се идело по ресторани и се делеле совети, па сите среќно си живееме. Аман веќе со Ден и Блер, толку се досадни и неубави, зевам на нивните сцени. Лола мора да ја снема од серијава. Исто како што ја снема и Џени и Венеса и остали. Голем плус за овој изглед на Серена. Фустанот е прекрасен, а и косата и заличи на нешто.
Серина беше убедливо најпатетична. "Зошто го правиш ова со сајтот?" - Тоа е единствената работа на којашто можам да се потпрам. Немам зборови, очајно, бедно, дури и во средно понапредни беа во паметот. За советодавачите во ресторанот исто немам зборови. За моментот кога Лили му рече на Руфус - ја плаќаш собата на Ајви - со МОИТЕ ПАРИ?... Кажано е се'.
Најјакиот момент во епизодата: Излегуваат гостите од забавата на Ден и Блер (мислам дека беа оние од ресторанот) и им велат: „Ова беше сапуница“ како сум се смеела, самите сценаристи убаво си ја опишаа сезонава Спојлер за новава тајна на Дајана, ми мириса дека Џек е таткото на Чак. Свашта значи, едно големо СВАШТА
Значи помизерен лик од ликот на Серена немало никаде. Абе џокер не е толку подмукол. Што и беше филмот да и ја уништи на братучедка и аудицијата за некоја си улога таму, и на крај таа се прави жртвата, повредената...па и се лути. Незнам која сцена да ја опишам како најглупава, таман се сетам на некоја глупа одма во глава и ми иде поглуа, во круг цело време. Лили ми беше единствената светла точка...ама ми беше, не ја можам и неа повеќе
Типична ГГ епизода беше и 20кава што ја изгледав денес на 20ти , солидно се на се освен моментот во ресторанот кој беше и повод за забавата, можеа подобар повод да најдат. Чак има стварно одвратна мајка, кутриот. Блер, наместо да се трудиш со Ден околу врската што ич не ви оди зошто сосила убавина не бидува, сети се како му помагаше на Чак да си ја најде мајка му, и тоа кога таа не беше вистинската. А сега кога се појави вистинската и кога најмногу му требаш - никаде те нема. А, те има, ко мали деца во кревет со Ден се трудите да ја утепате вечерта. Ме интересира која е големата тајна.
Јас си гледам по две епизоди наеднаш. Собирам сили за да гледам глупости. Се сте кажале, што да додадам. Уште 2-3 епизоди до крајот на сезоната која ја упропасти серијата. И четвртата сезона се трпеше, во споредба со петата. Жива катастрофа. Скептична сум и за последниве епизоди. И се прашувам, па зар не гледат продуцентите дека публиката не ги сака Ден и Блер. Чак и Блер ги сакаме назад. Аман! И нека и најдат маж на Серена, почна да шизи, пајажина има фатено веќе . Ептен суша ја потрефи. Пустина.
Па ова се претвора во голема патетична сапуница. Секоја чест на неинвентивноста. Спојлер Лили - најголемата кучка убедливо. Заедно со сестра и'. Не дека Керол не заслужи да заврши во затвор, ама тажно е како основниот мотив за оваа пресметка се - парите. Многу се потресе дека бившиот маж спиел со сестра и' на времето, како па да не. Џек му е татко на Чак? Кенеди да не испадне дека му е дедо??? Конечно Руфус да си заземе став како секој нормален маж кој се почитува себеси. Многу јасно беше дека Лили го смета за своина, ко да е играчка, ко да го купила на распродажба. Развод и ништо друго, ќе си најде он некоја фина која ги заслужува неговите вафли. А оскарот за најголема патетика и бедотија во оваа епизода оди кај - Блер. Со цел памет отиде да му го упропасти моментот на Ден, за да биде над него, помоќна, позабележана? Не сакала да живее во сенка на нечиј маж? Па избори се тогаш, сама, без ничија помош, не користејќи ги парите, мажите, презимето твое, мајка ти, скандалите, за некаков статус ако толку сакаш и ако толку си способна! Егоцентрично, самобендисано и некомпетентно ѓубре! Поголема простачка со подетски размислувања не сум видела.
Трендафилке во право си 100%. Јас уште минатите епизоди реков дека Блер е најзапустена како лик, Серена беше кретен уште од втора сезона, онаква мутава, ама Блер беше секогаш комплексен но интересен лик кој што знаеше што сака и знаеше како да го постигне тоа. Сега ни таа самата не знае што сака, ако имаше барем малку чувства за Ден немаше тоа да му го направи. Серена беше во право што му се налути на татко и, затоа што од нигде никаде тој е татица на годината а пред тоа таа кога го бараше тој за жива глава не сакаше да ја прифати. Ама зошто и се налути на Лола не ми е јасно. Не е дека Лола знаеше којзнае колку време па молчеше. И таа ако знае што прави во животот, јас Е. Чак нигде го нема, ама и тој се запусти како лик, затоа што го засакавме како бед бојот кој не сака никој освен Блер, сега ми се чини дека бетар од Ден е направен. Блер секогаш беше тука за него, посебно кога имаше тешкотии со мајка му, а сега нигде ја нема, иако Чак и ја плати слободата. Нејт и ебачицата, Лили... И сеа Лола го има пасвордот од Госип акаунтот. Госип од што беше топ тајна, женски глас кој што ги правеше сите ситуации во прва и втора сезона, баш најубавите цитати се од неа, стана дрндупка која кој сака како си ја користи. Дај барем сите нека се изредат да пишуваат и онака ја направија ко јавна фуфица. Требаше да заврши во 4та сезона, сепак 4тата сезона имаше одлични моменти се до половината, пред да се оддалечат целосно Чак и Блер. Пред да почнат со глупостите од типот те сакам ама не можам да бидам со тебе, бла, бла. Тие беа тие што имаа нетипична љубов, а сега се патетични до немајкаде. Ни ако се смират нема да ми биде ќеф. Ова беше најпрекрасната сцена во сите сезони, најпрекрасниот момент и беше доказ каква љубов имаа тие. Сега и да направат вакво слично веќе нема да е исто затоа што е се запустено. http://www.youtube.com/watch?v=LCVPpJlZSr8 Дијалогот, од Sia гласот, Париз... Сега серијава е една огромна 0.