Добро, една работа ми е тотално нејасна. Како може Џек да му е татко на Чак? Кога умре Барт, Џек нели очајно сакаше да се докопа до богатството, се' му одзема на Чак, се додека на Лили не и текна дека пред да умре Барт, составиле барање за посвојување на децата, и така се' и' припадна нејзе, а она му го препиша наследството на Чак. Прво, која е логиката татко ти да е толкав монструм (зборуваме за Џек и Чак сега), па тоа да му го правиш на сопственото дете? Второ, ако си решил да бидеш монструм и да ги земеш парите, можеше уште тогаш да каже - чекај бе, јас сум му татко на Чак, он е малолетен, ја ги земам парите. Од кој газ го извадија ова сценарио не ми е јасно.
Продуцентиве пробуваат нешто да направат, ама ни самите не знаат што. Направија шпанска серија... Oваа ти е братучетка, не не оваа ти е вистинската братучетка, ама не ти е братучетка туку ти е полусестра, оваа ти е мајка, ама не ти е мајка, оваа другава ти е мајка, ама сега испадна дека таа првата ти е мајка... ама чекај бе, а кој ти е татко? За ликот на Блер не сакам ни да коментирам, толку ја упропастија, што и нема спас. Патетика жива ми е. Овој Ден ми е како Руфус двојка. Го влечка Блер како кутре и се перчи на негов говор со шампањот. Лили беше единствен лик кој ми се допаѓаше се до последниве неколку епизоди. И неа ја направија права кучка. За крај, еве го промото од следната епизода http://www.youtube.com/watch?v=9UtLb2mHlks Пошто нели уште неколку епизоди има до крајот, мора сега се да се разреши и сите да бидат среќни. И во крајната епизода да има свадба, да покажат кадар од кочијата во која ќе седат Чак и Блер и долу да пишува Fin
Шта речи а не заплакати ... Хелоу Шпанска Серијо ! Ако ние сме под масовно турско влијание од сите серии кои се вртат 24/7 на секој можен македонски канал, тогаш апелирам до феминка(ако има таква) што живее во Америка да ни каже дали кај нив шпанско е во мода ?! Мислам... не бе, не се трудам да мислам. Добро, Џек татко на Чак ?! На крајот сум 100% сигурна дека ќе испадне дека Чак си е татко и мајка сам на себе.До толку ќе го усерат... Кој лик го глуми Диана во серијава ? Фејк мајка на Чак што го е** неговиот најдобар пријател Нејт кој пати од комплекс МИЛФ ЦЕЛА СЕРИЈА !??!!? Да се направи една листа од луѓе со кои Нејт спиел ќе преовладуваат оние со +40 год. Серина ... а што да кажеме за надежната ни Госип Грл ? Жити се, реков и во некој пост и пак ќе се повторам, нека ја пратат во АФРИКА! Па исполнете и бе врајтерс бар една желба на девојкава! Понашање:0. Блер и Ден (изгледа јас сум единствениот Dair фан на форумов ).Па ги сакам заедно бе Иако не и го оправдувам ретардираното понашање на Блер.Ајде се надеваме од промото дека ќе ни ја вратат таа старата, па малце да се порадуваме.
Oh Yes! Јас неам што да кажам за епизодава, освен дека Блер е патетична, а Лили почнав да ја мразам до коска. Убав момент ми беше Серена во оваа кежуал комбинација. И коста и беше потсредена.
Ќути,ќути за Лили.Ауу,да не ја зборам.Станав како малите деца што сакаат да влезат во телевизор,исто! За Блер не се сложувам. Нема никад од мене лошо за Блер,така да...
Не си И јас сум во тој клуб (Иако ги сакам и Чак/Блер) Во 4-тата сезона посебно ги сакав, но во овие последните епизоди кога се фатија не ми го прават ич меракот, ама ај. Туку приметивте ли на картичката шо ја зеде Лола username: Svetlana Sparks Си има комични моменти серијава. Епизодата беше врв на сапуниците, па шпанските серии можат да и завидуваат на Госип Грл
леле, сценарово му е во 5 до 10 склепано, а и не морало толку многу епизоди сезонава. или можеби се надевале ќе се поткрени рејтингот нагоре. можело на пример 12 епизоди и се во нив, да се комплетира фајнели. претеризам ова е веќе единствен лик и карактер значи во серија кој не се промени и достоинствено си стои зад своите верувања и убедувања ми е Руфус. од почеток си го сакав и не ем разочарал сеуште. друго се е мижи асан да ти баам
После денешната епизода сум Добра, многу добра според мене, во споредба со претходниве. Чак и Блер во иста сцена повторно после толку време
Последнава епизода беше многу добра, ако не и најдобра од целава утната сезона. Имаше колку-толку приказна, потсетување на стари добри моменти, заплет, интрига... некоја атмосфера која на почетокот на серијата во првичните сезони беше толку присутна. Некако мрачна... а привлечна. И Серина, целата washed-up, глас зарипнат, просто уништена... mmmm, me likey Само уште не сфаќам како може да се потресува за сајтот како и се лизнал низ прсти. А очекуваше да биде оговарачка до 40-тата година од својот живот? Девојка со толку многу пари и можности, не знае што со себеси? Но ок е, одговара на нејзиниот плиток и простачки лик. Ден ќе си остане и без Рим и без Блер. Многу скоро.
Аууу, каша попара стана приказнава, уште Барт фалеше да го вратат, ццц... на што личи ова!? Само бојата на фустанот на Блер ми се допадна, другото