Кај нас кога ќе дојде филмов, во Америка кизнај што ќе излези да се прикажува... А за средношколките ставени се во филм уште од времето на Млади Бунтовници ми се чини...
Најубавите моменти до сега http://www.youtube.com/watch?v=kIOSSSsBmNg http://www.youtube.com/watch?v=iYsnBaBqLJ4 http://www.youtube.com/watch?v=EimcEJRJA_s
Абе малце работите се претерани, Озборувачкиве си менуваат дечковци, прават толку злобни работи и одмазди а утредента се пак другарки. Кај нас тоа го нема. Исто како што не постои соседство како Вистерија Лејн и домаќинки како очајните. Ни во Америка не постои такво соседство, а камо ли кај нас кои сепак сме поблиски, ама не до толку да си помагаме. Или Сексот и градот, да најдеш денеска 4 најдобри другарки во 40сетите и 50сетите години, што делат СЕ ... речиси невозможно. Филмовиве се бајковити на некој начин, модерни пепелашки, црвенкапи, убавици и ѕверови. А иначе за модата... верувај дека го гледаат мнооооогу млади девојки кај нас. Венчињата се вратија во мода поради Блер, дебелите бели хулахопки, црни и чорапите ... Блер. Лани носеше Блер УГГ чизми и гумени чизми. Сите сакаме капути како Серена, или јаки бои на ташни. Девојкиве се двигатели на модата. Само кај нас нема такви балови, гала вечери за да може да носиме и долги свечени фустани, ама тоа што тие го носат е она што е модерно и што многу често го носат и нашиве девојки тука. Слични стилови носат и наши модерни девојки. Иако не треба, И НЕ МОЖЕ, да го споредуваме Њујорк со Скопје
да rossonerka во право си, во последно време девојките се стремат кон тој стил ... ама некако многу ми се "селски" некои светкави ствари, со маици со циркони, алки, саатови, обетки,ланчиња, прстени... некако не знаат да го искомбинираат тоа, па веќе кога се стремат кон New York fashion нека гледаат како се комбинирани парчињата, а не се што имаат дома ставаат на себе, многу одвратно, многу. (со чест на исклучоци) но, како и да е сепак се работи за вкус, а секако и за стил и никој не може да ти наметне
За озборувачки стил треба да имаш КЕШ, многу кеш, треба да имаш стил, треба да имаш простор каде тоа ќе го покажеш. Кај нас речиси никој нема гардаробер ала Кери Бредшо, немаме можности 99,9% за шопинг во Париз и Милано, немаме простор во Македонијава да го прикажеме тоа што сме го купиле, ако сме веќе од тој 0.01%. Џабе правиме муабети за таков стил, ние само се трудиме. Јас искрено сум задоволна и што се трудиме. Далеку подобри сме од пред некоја година кога сите носеа едно исто во град, малку сеа се оправивме. Малку... ама за почеток добро е.
За облекувањето на девојките во серијава не сакам да коментирам!!! Секогаш дотерани до совршенство - освен Џени и Ванеса. Прекрасна модерна серија за модерни девојки
Дечки не е фер таман се уклучи, нешто морав да идам. и после ги немаше истите линкови и сега пак ми вика конектион проблем ... аман веке
Абе зашто не си ги симнеш па после да гледаш? И онака исто троши нет. ВАка бар ќе си ги имаш во компјутер па можеш колку пати сакаш да ги гледаш
треба да чекам додека да ги симне абе што не ми кажавте дека филмот не е за мене :? ми ја уклучи првата епизода и одма глупости... предупредување ставете
Ииии сега видов дека имаш 14 години. Не гледај, или ако веќе гледаш, не пробувај тоа што ќе го видиш!
за новава епизода. Значи секоја е супер, од старот на сезонава, една утка немаат направено. Јас само една работа се думам... Што би бил Апер Ист Сајд без Блер... Какво решение најде на проблемот, се искинав од смеење. Блер и Чак
Колку е шармантен Чак, срце е Поради него толку ја сакам серијава. Џени ми е одвратна многу...фаца, шминка, однесување, се. Спојлер Видов дека и наредната епизода ќе биде интересна, Чак пак ќе и каже на Блер дека ја сака, ќе имаат маскенбал...
денес цел ден ја зборам 8мава епизода од 4та сезона, ах тие Чак и Блер, совршени се видете го интервјуво на 1мин и 25 секунда...... http://www.youtube.com/watch?v=qKbofV0i8E0 се топам како го кажува Блер, се радувам ко моето име да го кажал
Незнам што толку сте се попалиле по Чак, мене не ми е ништо посебно Може бидејќи не ми се свиѓаше како карактер во првите сезони
Не ми се допаѓа Ed Westwick Ми се допаѓа Chuck Bass, карактерот, однесувањето, изгледот, шармот......во сите сезони
Блер и Чак неможам да ја замислам серијава без нив (можда зашто ме подсеќаат на мене и бившиот мој ), минатата епизода нешто се подспомна дека ќе се смират конечно Искрено на Серена се некои глупости и се дешаваат и пак ќе остане без никој кутрата хаха... А тоа злобата кова пак некои заговори заедно со Ванеса и Џени, баш да видиме што ќе смислат,,, изгледа не им беше доста бре, али како иначе ќе ни ја направат интересна серијава