Не би имало смисла ова да е последната сезона. Ако треба и со сила и без договор ќе снимаат уште една, како знаат и умеат, срамота е да ги изневерат фановите. Јас во 6-та сезона очекувам дека некоја ќе остане бремена. Имам некое такво претчувство со оглед на тоа дека се развиваат работиве во облик на шпанска серија.
Еве го промото за следната епизода Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=RrQ3vb4EtVg И како ќе заврши сезонава исто како што почна и серијава. Серена пак мора со некој да заврши
Некој долу во коментарите напишал: dan looks with his hair just like an ugly copy of jesus!! Па баш супер промо, сите ми се видоа суредени како за крајна епизода, мал зрак на надеж дека ќе ги видиме Чак и Блер КОНЕЧНО заедно (повторно) и на Серина реално Шишкица и' е одличен. Кој друг ќе истрпи таква простача? Уште да го земе рецептот за вафлите од татко му, и да и готви до крајот на животот. Ете така. Сите среќни.
Серена очигледно обожава да се плеска на шанкови!! И тоа по можност со дечковците на најдобрата другарка! Проста. И алелуја ќе се освести Чак дека треба да оди по Блер, конечно! Сега кога го изгледав промото едвај чекам да ја гледам епизодата.
И ја одвај чекам да испадне последнава епизода. Таман некој ќе ја размрда доле Серена, и фалеше тоа цела сезона А да и навивам за Чак и Блер ајде веќе да бидат заедно...
После промово ми се врати некоја надеж дека Чак и Блер конечно ќе бидат заедно и пак ќе почни серијава да има некоја смисла. а она простачана Серена со ден најмногу си одговара двајцата нека се фатат под рака и нека заминат неповрат!
Се врати серијава во нормала, и уште се враќа. Во солиден правец се движи, 23кава беше доста интересна, комплексна, полна со сцени поврзани меѓусебе и имаше суштина епизодата, не беше безвезе како многу други претходно еден период што беа заредени една по друга, синџир на досаден период беше тоа. Барт е жив колку убаво многу го сакав неговиот лик, овие друштвово пак се собираат да решаваат случаи и проблеми кога некој од нив ги има во случајов Чак, а Ден очигледно отсекогаш беше и си остана вишок, the outsider, и стварно веќе нека прекинат со Блер. Дајана направила една добра работа во нејзината улога, чувајќи го Барт, на Нејт се гледа дека му е криво што си замина, ете и помогна да си отиде неизвалкана низ медиумите. Не верувам повеќе дека ќе се враќа во серијава, а добро би било да дојде за освежување. Не ја сака Лола, не знам која е поентата на нивново маткање, безвезе ми е. Очигледно не го ни привлекува, ни па му се свиѓа. Серина како Блер?! Хахаха добри беа тие сцени, смешно ми падна. Ептен се различни, па... дали ова значи увертира во повторното сплеткување на Серина и Ден? - Да, значи. Таа и претходно имаше кажано, и нему исто дека само него го сакала искрено во животот. Па, верувам ќе завршат заедно на крајот, како што и Блер имаше кажано дека само Чак го има искрено сакано во животот, а на Ден-шишка нели уште му нема изјавено љубов. Овие „близначкиве“ па, интересни ми беа, си влегоа у филм. Моментот кога Блер виде дека Серина дала многу битна страница од нејзиниот дневник, хммм... Туку, што е поентата што ќе завршат (ако воопшто завршат) сите како што треба да речеме Чак и Блер, Серина и Ден, кога сите се испоплеткаа меѓусебе? И + да не набројувам личности надвор од таа багра. Мислам, дали е до менталитетот или што знам, ама како не им е глупо? Дали серијава го прикажува американското, Њујоршкото општество? На Апер Ист Сајд? Дали е стварно така? Баш ме копка Нејт со која ќе заврши, нема да се чудам ако е тоа Дајана, стварно чувствува нешто кон неа. Па на почетокот Нејт и Блер нели идеа, а се почна кога Блер дозна дека Серина се сплеткала со него нели, па оваа со најдобриот негов другар Чак... па Серина со Ден, па Блер сега со Ден... па едно време и Чак во кујната во првите епизоди на првата сезона и понудуваше на Серина... Онака ги гледам ко множества Блер и Серина и онака Блер-Нејт, Блер-Чак, Блер-Ден. Серина-Нејт, Серина-Ден, Серина-Чак?! Не, само уште тоа остана, проба он ама оваа не даде ха-хаааа Ццц. Хаос. Комбинацијата на Блер, иако беше иста цела епизода зошто очигледно цела епизода беше цел еден ист ден, па и да не беше, беше одлична. Само не ми се допадна шминката на очите, беспотребна беше. Комбинациите во втората сезона во Париз беа едни од најдобрите и на Блер и на Серина.
Ај да си ја кажам глупата претпоставка дека Дорота може да е Госип Грл. Постојано е насекаде со нив и има достап до дневникот на Блер Добра беше последната епизода, ја чекам и наредната толку добра. И тогаш Серена се плескаше на шанкот...
^ Па да ти кажам и ти држи вода претпоставката, ама некако не ми се верува Дорота да е. Сценариото за 5-та сезона очигледно го пишувал некој пијан мајмун, дефинитивно. Го видов промото и само фејспалмови си мавам. Пак се враќаат во прва сезона!? А нешто ново да измислеа? Глупости на квадрат. Серина треба да е со Нејт, не знам како не и текна на глупачата дека он е најдобар за неа. Блер може да си избере меѓу Чак и Ден, мене исто ми се фаќа.
Еми шо да кажам а да не се насмејме! Значи, значииииииии Серена уште кога а видов во прва сезона со таа веѓата и глупиот карактер на плитка и лесна девојка, одма на црна листа се смести кај мене! И искрено, се надевав дека ќе созрее до 5та сезона, крај нели, ама јок, волкот си го менува влакното, ама крзното не! Денчето, во прва сезона, и втора мислам, дури и симпатичен ми беше, со кратка коса, се трпеше, ама сега да ми го дадат на 1 минута сакам, со забите ќе му ги исчупам сите влакна на тоа празната глава. Како некој глупав лампион е! А карактерот...Ден бре, ни за писател ни за дечко те бива, оди таму арно вика Трендафилката моја научи се бар вафли како татко ти да правиш, па после Серена ли незнам кој, нека ти свират како да играш! Блер! Ногу, значи ногу а сакав првите сезони, ептен ми беше карактер..QUEEN B, ама а усраа како и се, уште кога почнаа со тоа дека не го сака Чак туку Ден и дека Чак го остава заради него, и уште милион работи кои а направија тотална глупача без свое јас во последните две сезони почнав да се разочарувам. Нема ни раскош, ни карактер, ни добри квоти веќе кај неа. Кај мене, бар 20 посто би ја спасило ако пак се со Чак... A Чак... И него го сакав, и дури симпатија ми беше првите сезони кога беше бед бој, па кога се прилагодуваше, па кога се скоцка у карактерот...ама сега у последните сезони некако се изгуби неговиот шарм, карактерот му омекна, и немаше ништо посебно акција во врска со него, освен овоа со татко му и мајка му шо е вечна мистерија и веќе не ни ми е гајле, се шо сакам од него е да ја одлиже таа косата, и пак да ми се врате како слаткото јапонче и да ја збкне таа загубената Блер, и да ја буцне како во старите добри времиња, show some action boy!!!! Нејт Дури не ни сакам да го коментирам Шознам... Вој па вој црна точка во мозокот има..Со таа Лола може и да си одговарат..море не, со таа никој не си одговара, каква згуфа е! Нејт да не беа вујко му или шо и да му е тој шо му помагаше у цела серија, и да не имаше таков загубен поглед и да викнеше бар еднаш како прав маж може и ќе го коментирам ама сега иам попаметна работа да правам него да пишам за некој човек шо го нема ни епитетот маж според мене. Промото и мене ми се свиѓа, колку шо може нели, сексови на велико ќе има, јас само се надевам дека ако е последна сезона, да не се усерат со тоа кој е всушност ГГ!
Требаше да заврши сезонава за да ја управат . Тоа ќе да е. Фини епизоди, и претпоследната и последната. Ден, шутракот, се замолува да оди во Рим со Серена и доколку се снима и шестта сезона нека си останат таму. Туку следеча епизода биче интересанта. И конечно да видиме еден секс ко оној на пијаното на Чак и Блер. Колку за крај . Плисс!
Moжно е во финалето да ја откријаат Госип која е, кога веќе тргнаа со Џорџина, барем нека кажат која е и оргиналот. А вистина, има логика да е Дорота, никогаш не се покажала дека ја мрази Серена, ама како што Луи испадна лош и расипан, ништо чудно. Блазеси им на Блер и Луи, што убав развод, без да се видат ниту еднаш, оноа нема веќе во брак и дури и потпис да дадат на тоа немаше Не сум знаела дека постапката за развод е толку лесна И сеа ќе ги скараат нив две, цело лето ќе се као скарани, и во почетокот на 6та сезона Серена магично сфаќа дека Блер и недостасува како никој друг а Блер дека можеби била престрога. И потоа пак ќе се туркаат во фонтани за на крај да си покажат дека ко се туче тај се воли и ќе си се смират. Чакито треба да ја грабне Блер како во минатата сезона на пијаното, да не ја прашува многу, многу, оти оваа само "прпа" А досаДЕН не мора ни да се враќа, на пат му е Ванеса другарка му, нека си седат потоа во Барселона, нека си се сакаат и среќно нека си живеат. Џорџа ако се појави ќе ми се направи ќефот. Бај д веј поговорката си биле двајца и се сакале, овде може да биде си биле 5 души и си се сакале.
Ме ставивте во мисли со Дорота, а и обично е така, оној најнаивниот и најнесомнителниот е на крај убицот. Во овој случај озборувачот. Туку Спаркс, спогодбените разводи се такви, брзи и едноставни . Но кога се работи за принцови и принцези нема ни потписи . Остана уште еден пар кој не се спои - Чак и Серена. Ама ако има 6 сезона ќе биде и тоа. И тоа сигурно. Тренди како да не ни остане, па това е сцена која не се заборава . Ах да бев на местото на Блер . Да не ја заборавам и лимузината. Летово, од почеток до 3 сезона ќе гледам. Имаше опасни сцени .
Може ли да ми каже некој во која сезона и епизода беше кога Џек, вујко му на Чак, и прати на Блер еден фустан во една кутија, и нешто ја уцени ?
Пошто веќе 6 епизоди имам пропуштено, а слабо ми се прај ќеф да ги изгледам, да ве прашам.... Чинат овие новите, или послабо? :/
Ajде изгледај ги, и така нема многу уште. Мешаници без врска се последните две епизоди, ама додека ги гледаш се интересни.