Како и што се очекуваше дека последна сезона ќе е 6та. Ако супер, ехе за тие 10 епизоди каша попара можат да направат ликовиве, па во последната 11та епизода се да се реши како што треба. Спојлер Само што прочитав дека Georgina returns to the Upper East Side сега во последнава епизода. Океј уште колку пати ќе доаѓа и ќе си оди оваа?
Да го резимираме финалето на петтата сезона (која беше најголема утка досега): Спојлер По којзнае којпат се докажа дека само парите и интересот се вечни; преку ноќ Лили дозна дека Бас е жив, и веднаш му се џитна во прегратки. Како така емоциите се префрлаат од еден на друг човек инстантно, како со помош на магично копче? 24 часа не се доволни да се соземе од шокот дека Бас не е мртов, камоли да си ги среди чувствата во врска со кого ќе остане во иднина? Бас му одзема се' на Чак, Лили не мрдна со прст. Чак е семејство, тра ла ла. Кое семејство, кога воопшто не ти е гајле што сопствениот татко го остави на цедило? Од друга страна, до кога малоумните Лола и Ајви ќе се занесуваат дека ќе ја упропастат Лили? Што ќе и' направат, чисто се прашувам, посебно па сега кога Бас е покрај неа и е просто недопирлива? Може само нив да ги унаказат и протераат засекогаш. Две загубени утки. Ден прељубникот се окуражи и сега (да се надеваме) со помош на ново фризурче ќе издаде книга со скандалозни вистини, со помош на Џорџина. Патетика на квадрат. Ден - госип грл во машка верзија, трачарКО. Сељачиште, вечити аутсајдер, очаен wannabe. Снимката која ја доби Нејт, побогу, нормално дека не е Госип Грл на неа. Толку ли е проста да ризикува и самата лично да отиде да подигне некаков си лаптоп, кога може да плати кому било да го земе место неа? Серина, ах Серинче патетично. Кругот се сврте, изгубена се појави во серијата, уште поизгубена си заминуваш од 5тата сезона. Се врати на своите пороци, загрепка по дното, како давеник за сламка, т.е. за Ден, зависно суштество од маж и внимание. Воопшто не ми е жал, најдобриот крај и го доделија. И конечно, нормално дека не очекував Блер и Чак да завршат заедно. Истото сценарио по којзнае којпат, стрижена-бричена, јас те сакам, ти мене сега не ме сакаш; сега јас не те сакам, ти ме сакаш, сега ти бори се за мене една година, јас доста молев, тра ла ла... Наредната сезона до последната епизода ќе ја гледаме Блер како му се мољака. Последниот портокалов аутфит на Блер беше целосна утка, како за една таква моќна сцена како што ја замислиле, изгледаше смешно и евтино. Целата ситуација, со чиповите и монологот во казиното. Страшно. Госип Грл сепак во суштина си остана верна на целта, на Апер Ист Сајд, најважни се парите и моќта. Најважен е престижот. Чак и Блер одамна ќе беа во љубов, ако си дозволеа да се љубат, без да се грижат за имиџот во јавноста или кој ќе биде во сенка на другиот, ќе му попречи во бизнисот итн.
Слики од РЕАЛНИОТ ЖИВОТ на актерите Спојлер Серена и сестрите Лори и Робин во реал свет Татоо и мама Вистинскиот брат на БЛЕР Со тато
Јас посмешно и попатетично финале не сум видела. За се се согласувам со Трендафилка, уште да додадам неколку работи. Спојлер Кога сумираме што направи Серена цела сезона - НИШТО. Апсолутно ништо, цела сезона само се мафташе наоколу, ниту еднаш не испадна човек да помогне, ниту еднаш не изгради став, ништо. И се плесна на истиот шанк каде што имаше секс прв пат во животот, зарем нема некој спомен, некое чувство, некоја граница дека тука некогаш била со некого друг?! Што убаво така, дај ако не сите нека се плескаат во иста соба, и така ништо не се знае, ниту кој јаде, ниту кој пие. Чак - Цела сезона се молкнеше по Блер, буквално од првата за во последната да ја одбие? Како некое прваче кога е гладно и цело време кука да му се купи некоја играчка за кога ќе ја добие да ја фрли. Озбилно, јас така правев како помала, ќе плачев за нешто цело време и на крај кога ќе ми го купеа го оставав. Ако има некаква љубов ќе остави гордост, како што остави кога и се извинуваше и признаваше дека ја сака. Блер - Дечиште поголемо отколку во средно. Не ја научи лекцијата дека не е убаво да игра со љубовни триаголници, дека може да повреди некого. И очигледно е тип на човек од кој што најмногу мразам, кога во караница и лутина нафрлаат се од минатото. Ја избрка Серена, и и замери за пред 6 години што спиела со Нејт. Па мајко му стара ако толку ти смета тоа раскини пријателство и чао, а не секогаш тоа и е оружје против неа, само тој аргумент го има, Серена е поуспешна и попосакувана и ја мрази. И сега најмалку имаше право да и префрли за тоа затоа што таа и го зеде Ден, знаеше дека Серена му призна дека го сака а таа се лапаше со него пред неа по само неколку денови. Тоа другарство ли е? Ден - Најомразениот лик. Џорџина ја викна бре, Џорџина?!?!?! Да викнам некој кој ми подметнал дете, да иде со мене и да ми помога за мојата иднина? И изнапрефрли на Серена, а тој не спиеше со неа, никако, не не... И ја сакал Блер потоа. Ова љубов ли е? Не ни пишувам за него од што толку ми е желудникот слаб на него. Нејт - Овој присутен беше сезонава? А да, сними неколку сцени кај што се ебава со Дајана и со патетичната Лола. Ако направи уште нешто, ве молам просветлете ме. Сума сумарум за сезона 5. Број на убави сцени меѓу Чак и Блер - 0. Број на пресврти кои ги направи Госип Грл - 0. Број на случки меѓу Серена, Нејт - 0. Број на сцени вредни да ги препуштиш ако те фати носталгија за серијава - 0. Катастрофа.
What the fuck did I just see? Blair, YOU STUPID WOMAN! Што е ова бре? Те сакам ама мора да изигравам Бог. И тоа двајцата мора да изиграваат Господ. Аман бре, сакајте си се па после докажувајте се, шо мора прво да станувате кралеви, кралици, принцези па после да се сакате!? И тоа така не маткате цели 5 сезони!? Џорџина, па оваа па!! Си има маж и дете а си шеткара низ Европа како ќе и текне Целокупниот впечаток од сезоната ми е дека цела серија фактички е едно големо ср*ње, и се срамам што ја трубев наоколу како стварно добра. Ма може само да послужи за гледање на добри аутфити, друго ништо. И шестата сезона ќе биде мизерна како оваа. Лили - големо разочарување! Страшно.
Баш интересна последнава од 5тава сезона, и интересен крај, дава надеж за следнава сезона дека колку-толку ќе биде понормална и подобра за нашите очекувања. Нема да давам свој осврт, премногу е, што се не се случи во епизодава, само ќе кажам: Најпозивтина работа - Блер и Чак, вака-така конечно Блер ќе трча по него како што трчаше тој по неа толку долго. Се надевам ништо нема да ја премисли, и се надевам ќе го стави тој прстен на рака како што е и судено нели. Среќна сум, влеана ми е надеж. Најнегативна работа - 1. Лили. You bitch! Колку те сакав и почитував, ама исти сте со Барт, си одговарате Руфус и онака никогаш не го ни заслужи, предобар е за тебе, најдобар. Врска и брак базирани на пари и моќ, типична њујоршка елита. Руфус? Аутсајдерот што не припаѓа и никогаш не се обиде да припадне таму, со тоа и остана до некаде чист. Не ми се верува дека го одбра Барт, и не, не е причината тоа што Руфус отишол кај него со документите за развод и „одлучил место нејзе“ (кутриот мислеше таа решена е за него, но очигледно се излажал), тоа е банален изговор со кој го искористи кутриот Руфус за да испадне самиот тој крив (демек) за погрешниот избор, Барт, кој му дели совети на синот како љубовта не смее да му влијае. Ах Лили, ќе се заебеш пак. Ако, навикната си. Ептен ми е тешко за Руфус, пројде преку толку години што се мажела по не знам колку пати после нивната врска од младоста, пак ја зеде крај себе за што? За да остане заебан на крај. Некој што еднаш те заебал, ќе те заебе и друг пат. 2. Серина - што да кажам? Самиот твој лик е негативен, а во епизодава испадна ништо повеќе од евтина девојка за провод во една ноќ. Како со Ден, така и со тој Зеке, Зике како и да беше на крајот. Пијана, дрогирана, искористена, as usual. Терај си. Мора и таква да има во серијава.
Јас веќе не знам дали вреди да чекам цело лето за новата сезона... Ама ајде, 5 сезони сум изгледала, па сега за 11 епизоди нема да ја откажувам. Криво ми е што сите ликови тотално ги упропастија. Некако, сите ми се очајни. Кој за љубов, кој за пари, кој за внимание. Дури и Лили што ми беше единствениот лик кој остана верен на своето овие пет години, стана права кучка, материјалист невиден. Иста како мајка и, а порано ја обвинуваше Сиси за тоа. Ај ако ништо друго нека ја вратат Џени, па некоја креација од неа да видиме. Затоа што и модниве комбинации по кои беше позната серијава, во последно време се крш.
Мене ми е најмило што се врати вистинската Озборувачка. Реална, сурова, објавува што сака, кога сака и како сака и никој ништо не и може. Ги фаќа моментите во незгодно време, ги става сите во тесно, прави скандали, разоткрива вистина и сето тоа чисто затоа што е интересно да се следи животот на Апер Ист Сајд. А, тоа беше и поентата на целата серија. Ако приметивте, крајот на оваа сезона ги врати сите работи на почетокот. Серена сама, очајна и бедна, повторно ја направи истата грешка, спиеше со Ден исто како што спиеше и со Нејт. На шанк. Сега нејзиното враќање ќе биде исто како во првата сезона, скандалозно и по малку бедничко кога ќе ја моли Блер за прошка, пак! А Чак и Блер, па се во истиот тој круг, самошто сега Блер ќе трчка, а Чак ќе ја бара својата мажественост побуден од зборовите на Барт. Лили е типичен пример за тоа какви се сите во суштина. Одвратна ми е. Ама мислам дека ликот е сосема во ред, барем тоа што го прикажува, личи да биде реално за тој живот таму. Мене ми беше добра епизодава. Иако делуваше дека собираа се од претходните, за да ја направат малку поинтересна.
Спојлер Серена ја сакав зашто таква малку размазена ме потсеќаше на една многу мила другарка, ама сезонава ми стана ептен антипатична и одвратна. Изгубена во свемирот, не знаеше што да прави со себе, па ајде да не и е досадно, реши да ги направи сите мизерни како неа Ептен ме изненади Лили, апла тргна по парите и моќта, ама да не и замераме на жената, повеќе сака да оди во Хемптонс отколку Бруклин Многу би сакала Ајви или како и да се викаа тие двете кокошки да ги тргнат, зашто и така никаква улога немаат Се ми се чини дека следната сезона Чак и Блер ќе се заедно и редно е веќе. Последната сцена со нив ми беше симпатична, може дека многу сакав да се смират и да се откачи од Ден. И Ден, де оди на фризер
Спојлер За Лили од секогаш ми било јасно дека си е по парите.Сиротата цел живот заљубена во Руфус и зошто секогаш го напуштала?За пари ! За Серина ми е мнооогу жал.Додуша не ми е жал,туку ми е криво.Зошто мораше вака? Можеше многу подобро да си помине. Блер конечно реши да се бори за Чак ! Фала богу ! А што се однесува до Чак,донекаде и се согласувам со него.Сепак нели он е ЧАК.Се знае што треба да му биде приоритет во животот.И да.Потполно се согласувам некој погоре што пиша за Лили.Кај е сега да му се најде на Чак. Имав мала надеж за Серина и Ден,ама глупачата прокоцка се.
^ И што ако е Чак? Голема работа ако бил Чак. Истиот тој Чак, пред само неколку епизоди, при здрав разум и без никакво влијание ги направи работите за Блер. Што, да не го натера Блер да и ја плати сумата? Се што направи беше од љубов и во ниту еден момент не му сметаше тоа. Се појавува Барт и само му повторува што тој направил и овој одма се просветли као демек. Нити некој го излажа, ниту некој го натера на нешто. Се што направи, направи сам. Немаше право за тоа да префрла подоцна. Тие откако Чак и го намести Џек во трета сезона нон стоп се разделени заради парите. Блер сакаше да стане успешна бизнис жена, Чак одеше со Рајна црнкињата за бизнис, Блер сега се туфкаше дека Чак сакал пак да ја купи. Се сакаат, ама сценаристите затоа што ги искористија сите убави идеи за со нив сега ги прават како забавачиња со тоа кој е од побогата фамилија и кој има поголемо наследство.
Чак е полн со фрустрации од татко му. Додека Барт беше мртов, Чак знаеше кој е и што сака. Патеше од синдромот дека никогаш не е доволно добар за својот татко. Баш и тоа сакаат да го прикажат преку неговиот лик. Чак пати од татко му, факт. Јас не знам зошто ве чуди Лили. За неа од секогаш постоле само парите. За неколку милиончиња, а таа има милијарди, си ја стави сестра си во затвор и како луда трчаше по парите од наследството. Секогаш се мажела за пари. Доминатна е, материјалист и никако не оди во комбинација со Руфус. Премногу шпански ќе беше ако го избереше него, како демек љубовта е над се , а знаеме што е битно кај нив. Пари и моќ. Сума сумарум лоша сезона, но последните епизоди беа добри. И на мене ми се допадна последната епизода. Ми се чини дека се врати правиот шмек на серијата. Дури интересно ми е тоа трчкање на Чак-Блер и Блер-Чак . Подобро отколку да ја гледам со Ден шишкица( копи рајт Трендафилка )
За Блерица http://www.youtube.com/watch?v=Snyxh8PtYkQ Од Чакчето кон Блерица http://www.youtube.com/watch?v=WLqRIowf ... re=related За Сереница пуфлата http://www.youtube.com/watch?v=BR4yQFZK9YM&ob=av3n За Нејт http://www.youtube.com/watch?v=JqRudma009k ЗА ЦЕЛА СЕЗОНА http://www.youtube.com/watch?v=Dsp_8Lm1eSk&ob=av2e
Абе,овие нормални се?! Како прво ДЕН : Те сакам Блеееееер те сакам! и оп на шанк со Серина и после .... Серина јас не сакав да го направам ова.Ти си крива. Јас ја сакам Блер.Да да Серина изгледа му рекла put it in и он као не сакаше,и така она на сила.СЕРИНА сра*е од другарка!!! Што не и изнаправи на Блер од чиста љубомора или што ти знам што е! Нека се ничкоса од дрога и алкохол сега као во прва сезона.Во прва сезона ја фиросаа со тоа што спиела со на другарка дечко.Во петта сезона уште повеќе.Уште во шеста да спие со Чак и да се испоубијат со Блер. КУЛМИНАЦИЈА! Чак трчкаше по Блер сезониве и сега кога Блер му кажа те сакам ова она тој мангуп и не сака да се врати со неа. И ние многу се изненадивме од сценава и демек добро финале,неочекувано! Патетики,али ајде очекувано е од Чак од прва сезона само за него си гледа и здивува на моменти.
Ќе се снима филм според серијата „Gossip Girl“? Продуцентите веќе одлучија дека шестата сезона која започнува во септември ќе биде и последната за серијата „Gossip Girl“, но во Холивуд веќе почна да се „шушка“ дека серијата ќе добие и филм. Sex and the City“ е меѓу ретките серии кои својата слава ја крунисаа со долгометражен филм (поточно два) со истата актерска екипа и скоро ист, дури и поголем успех. Токму по тие стапки, сега се зборува дека ќе тргне и екипата на популарната телевизиска серија „Gossip Girl“. Иако гледаноста во последната, петта сезона, која своето финале го имаше минатиот понеделник, опадна, сепак продуцентите се надеваат дека шестата нема да помине незабележано, а којзнае, можеби филмот каде ќе се појават Серена, Блер, Ден, Нејт и неодоливиот Чак, е можеби токму она што и треба за серијата за вистинска завршница. „Интересно, неодамна ми беше поставено истото прашање. Би ми било чудно, затоа што досега такво нешто не ми паднало на памет. Не сум сигурен дали го сакам тоа или дали не го сакам. Во секој случај, тоа сигурно би бил голем проект“, вели Чејс Крафорд за E! Online, познат во серијата како Нејт. Без разлика на моменталната гледаност на „Gossip Girl“ или таа што ќе ја остварат во последната сезона, сигурни сме дека филмот од ваков тип би имал огромна гледаност, а актерите полни џебови. Останува да видиме дали продуцентите ќе се нафатат на овој проект. http://kajgana.com/kje-se-snima-film-sp ... l%E2%80%9C
Не ми е јасно кој би бил концептот на филмот ама можеби ќе биде интересен. Серијата одамна престанав да ја гледам и искрено немам поим што се случувало ама можам да замислам. Не знам, мене ми звучи како добра идеа ама само во случај ако во филмот прикажат нешто што не е прикажано во серијата. Ама не ми се верува, којзнае .