Мене ми се блуе од серијава и од 5тава сезона. Значи нема епизода која го задржа 100% моето внимание. Глупости глупости глупости... Ова ни во шпанска серија го нема. Не ми е јасно како може две најдобри другарки, кои јас во реален живот не би ги ни ставила во категоријата другарки, а камо ли најдобри, вака да си прават. Една минута се најдобри сите проблеми ги решаваат, во следната една и го зима дечкото на другата, после другава и го зима и се фаќа со него, а во следната веќе они се најголеми непријателки на свет и се повредуваат. Веќе во следните 10 минути не зборат, а во 11та од карањето они пак се бест френд. Мрш море кокошки ниедни глупави. Серена има изветреан мозок типична богата глупача. А Блер, леле Блер, освен таа нивна љубов меѓу неа и Чак, таа е празноглава кокошка. Која е Блер бе? Она имала живот, она имала биографија, секој сакал Блер да биде. Ма немој. Не дај боже да посакам да сум Блер, попрво некој сериски убиец би станала него Блер. Улогата и ја направија срање! Нема ни добри дијалози веќе, се се сведува на нејзиното јас, кое е срање, бидејки реално Блер нема никаков успех во животот, ништо нема да направено за да и возвидуваат луѓето. Само Чак ми остана така меѓу подобрите. Нејт е гола вода, жени го трчкараат како ќе стигнат. И фала што ова е последна сезона. Конечно крај. ЈЕС!!!
Ама нели не е последна СЕЗОНА - како видов продолжуваат со снимање од СЕП. http://www.kafepauza.mk/film-i-tv/tv-serii-koi-prodolzhuvaat-so-nova-sezona-od-septemvri/ Спојлер и плус инфо за дрр серијали кој ке се снимаат од сеп
Денес ја изгледав првата епизода од првата сезона. По препорака на другарка ми и фактот дека треба да лежам во кревет, некако интересна ми се виде, па мислам дека ќе заврши работа. Гледам по вашите коментари дека ја претеруваат, па да видиме до кога ќе биде занимлива.
топ серија.. нешто поинакво... интересни ми се.. ама почнуваат да ми здосадуваат... пошо не се знае више кој кого сака... дечковците си ги зимаат како на пазар Омилени ликови деф. Блаир и Чак Ах тој чак....
Може е малку офф топик али навистина не е фер што ,,The secret circle'' не ја обновија за 2ра сезона......Додека gossip girl мислам дека гледаноста на 1расезона беше тука некаде со гледаноста на 1ва сезона на TSC
5та сезона 7 еп сум Спојлер ухххххххххххх не ми се веруваааааа како може ДЕН да е толку популарен и како може НЕТ да мисли само со онаа работа ... и колку мнн мннн ме нервира ЧАРЛИ со она како се прави паметна ... Плус „душичкава“ Серена не ми е верно како е наивна и „НЕВИНА“ Сега за сега се што ми е интересно е само Блер и ЛУИ некако ми се доста нормални (мислам се такви како што си беа од почеток.. Нов омилен лик ми е Дорота
Јас ја изгледав 5 сезона откако заврши целата и можам да кажам дека не ми се допадна, дури досадна ми беше на моменти. Ден ми одеше страшно на нерви, Блер не беше тоа-тоа. Нејт тапчо како и во секоја сезона...Само Чак ми беше и си остана мој омилен лик
нешто надвор од серијата Спојлер Замислите http://popara.mk/2012/zabava/soubiz/blake-lively-e-spremna-da-prodolzhi-bez-gossip-girl/ Devojkata na Charli
и мене некако ми стана тапа веќе уште во трета сезона....сите се менуваат нон стоп, секој со секого се испое*а и сл....ама дефинитивно, Чак <3 <3 И нормално, најјакиот дел од ЦЕЛА СЕРИЈА !!! http://www.youtube.com/watch?v=bFi6-k8EI4o
Mene mi e dosadno bez serijataa i bez Cak Samo Ozboruvacka i Velicestveniot gi gledam i nitu edna druga
Петата сезона само ме разочара, премногу досадна, секој со секого си заби нож во грб и повторно простување... бла бла веќе видено во претходните сезони досадно
Првата и втората сезона се најинтересни ,понатаму се се подосадно и досадно се тапкат у едно место.На четврта сезона сум ,но серијата не е тоа што беше .
До 2ра епизода сум од 1 сезона. Некако не ми е нешто посебно серијава. Битно си се изнагледав убава облека и акцесоари. Друга поента во серијава за сега не гледам. Некако плитка ми е.