Омилен лик- дефинитивно Дорота. Само нејзиниот лик си остана доследен на своето уште од првата сезона. На другиве такви мутави трансформации им направиле што серијава изгуби од смислата веќе.
хехе хех ехех е малку ОФФ топик Ја гледаш за да не си во минус... хе ехехе како и оние турските кои се гледаат буквално за да се прави муабет со комшиката... Топик Спојлер и за мене е Дорота нај нај ок лик некако Руфис почна да ме нервира и се надевамммм дека оваааа која следи ке е последна еп...
хехе ама тие турските барем една скоро секој гледа зошто по цел ден само тоа пуштаат на телевизија а за ова си седат пред компјутер и расипуваат очи. глупи се турските не викам не ама па што има во ова убаво или поучно
Може да ти кажам 2 работи кои јас ги гледам како можност да се научат ... Силата на парата( што се не им се деси и како се средуваат сите нешта со пари) Семејството -кое го нема во тие богати кругови.... Искрено во секој серијал има по нешто што можеш да научиш или да извлечеш за поука ... но некогаш се само лоши особини а некогаш се и доста поучни работи Спојлер ( ете на пр Серена ко си најде работа како помошник на филмот ... демек зош ја прочитала книгата а не дека е плавуша- богата ) хе еххее
Последните две сезони ги пратев чисто од навика... додуше и ради Чак Бас Се радувам тоа што нареднава сезона ќе е последна. Искрено во последнава сезона ги вратија сите работи какви што си беа претходно. Како воопшто да не созреа никој од нив, како воопшто да не се променија! Искрено се надевам дека Блер и Чак ќе си завршат заедно, преубав пар се, со Ден никако не можам да ја гледам.
Еве веќе при крај сум со 4та сезона и колку и да ја критикував серијава на почеток некако ми прирасна за срце. Каква хемија меѓу Чак и Блер , се ежам кога ги гледам.
А што ако ти кажам дека мислам дека Дорота може да биде вистинската Госип Грл доколку на крајот на серијава тоа се открива? Како што велиш цело време остана доследна на ликот, а ако сте забележале таа е една од поредовните на ГГ, редовно ги следи новите објави и е во тек со практично се во околината на Блеар, па до некаде и на Серина. Сепак, останува да видиме...
Почнав да гледам на нет и стигнав до сезона 2 епизода 7 ама последните неколку станаа некако досадни...да продолжам да ја гледам? Јас ја имам најдено на нет со српски предов. Ако сакаш можам да ти пратам линк во лп
Ја симнав веќе 5та сезона фала во секој случај. Сега барам линк од торент од епизодата плус Gossip girl revealed, без превод.
Дали некој знае страна на нет кај што ја има серијава ( а и други) со превод ? Јас гледав на http://www.filmovizija.com ама почна да забушава во последно време :/ Звукот на лаптопот ми е ептен слаб и затоа е пожелен превод
^ http://www.prijevodi-online.org/serije/ ... ossip-girl Еве ти од серијата. А само на http://www.prijevodi-online.org имаш многу веродостојни преводи за серии. Јас од тука за сите серии си симнувам.
the.vampire.girl напиша:Почнав да гледам на нет и стигнав до сезона 2 епизода 7 ама последните неколку станаа некако досадни...да продолжам да ја гледам? дефинитивно да, продолжи да ја гледаш !!
вистина??не ми се верува мтв да се освести да почне да дава серии кои вреди да се гледат(а не овие турскиве и индискиве што за жал ги дават,не можам да ги поднесам) и да се исплатува што плаќаме радиодивузна такса мојата омилена серија во последните години,другарка ми ја предложи во 2008 година беше втора сезона во америка јас за 1 ден ја симнав првата сезона и за 2 дена ја изгледав,зараза ми стана,особено облеката на блер и серена не верувам дека постои девојка на оваа планета која не посакала барем еден фустан првата и втората и третата сезона ми се фаворит и пола од четвртата,додека петата сезона ја уништија според мене со ден и блер и со тој принцот и сите глупости околу него,кога блер му кажа на ден не го сакам веќе чак, ми идеше лаптоп да го фрлам чак и блер-не се сеќавам кога последен пат видов толку хемија помеѓу актери(на врвот од листата ми се наталиа ориеро и факундо арана од дивиот ангел),прекрасни се и во еден момент само заради нив ја гледав серијава едвај чекам 8 октомври да почне последната сезона
А веќе го најавија крајот на снимање на серијалов ... хехеех викаат последната сезона ке има само 12 еп ... изглада немаат идеи или актерите веќе Плуваат во длабоки води од зафатеност