Малку со серииве на МТВ им е измешано. Не знаеш кога реприза, кога нова епизода, а најмногу ме нервира кога на програмата не пишува пр. епизода 1 или ако вечерта даваат реприза да пишува епизода 1(р) и ќе си знаеш дали си ја гледал или не. А не да чекам да почне па тогаш да видам дали сум ја гледала. Значи пишува на МТВ понеделник и вторник, а вчера пак ја имаше првата епизода. Денес во 15:55 пак има, пишува реприза, вечер во 2:55 пак реприза. Ај снајди се. Денес може ќе ја даваат втората епизода, значи среда и четврток им се репризи од понеделник и вторник. За петок на програмата не гледам дека ќе има. Да не бидам оф, единствена серија која не сум ја гледала од попознативе, немав време да ја вметнам, еве сега таман ми дојде ко 1 на 10-ка. И ок е, по 2 епизоди неделно. Вчера ја гледав првата епизода, добра беше. Се надевам дека МТВ ќе ги даде сите сезони, а не да допре до некаде.
МЕне воопшто не ме бендисува терминот. Најубаво би било да ги даваат за викенд: сабота и недела. или сабота и петок па да може сите да гледаат.
Јас пак не мислам така,ако ги даваат за време на викендот обично денови во кои се излегува навечер не би имало толку многу гледаност
Денес ја загледав.Преубава серија стварно многуу ми се допадна!многу! Да не вртам назад да лутам низ страниве..Кои се термините?
Јас воопшто не сум фан на гледање серии на компјутер, затоа што знам дека нема да излезам од соба додека не ги изгледам сите епизоди, а Госип Грлс не ја даваа до сега на ТВ, па затоа и толку години и одолевав. Сега кој парадокс, почнаа да ја даваат на МТВ, ама не ја гледав, немам живци да чекам да ја гледам 2 пати неделно, плус нели не сме веќе мали да да сме дома секогаш кога е терминот на серијата, и затоа сакам да си ги симнам сезоните, почнувајќи од првата, се разбира. Па, прашањето ми е, каде има торент? На пиратскиот залив? Ако имате линк од некое друго местото дадете, иако јас цело време од таму симнувам, немам профил на замунда. Може и превод. Не дека не разбирам, ама пуста навика, да има текст одоздола
^ Ако не сакаш на пример да си го оптеретуваш компјутерот со симнување на епизоди од торент, кои потоа верувам ке ги избришеш, препорачувам да си ги гледаш онлајн. Еве ги сите епизоди http://watchseries.eu/serie/gossip_girl Секој Вторник/среда излегува нова епизода овде. Инаку гледај ги преку gorillavid.in најбрзо оди.
Вчера на МТВ1 ги гледав првите две епизоди, значи јас сум hooked! Ќе си ја гледам на ТВ, мене лично поинтересно ми е така, него на интернет. Денес трета епизода во 9 ипол, во случај ако некој сака да ја погледне
^^^ Реприза на двете епизоди имаш во недела, во 5 ипол, до 7. biggirlsdontcry - Ако зборуваш за на МТВ, тогаш имаш денеска во 9 ипол, и утре исто така. Два пати во неделата го има, и како што реков, во недела реприза на двете.
Почнав да ја гледам на МТВ. Ја изгледав цела прва епизода и пола од втората ама некако сега ми е досадно, дека ги имам гледано. Веќе не ми го задржуваат вниманието некако. Можеби зошто по втор пат ги гледам.
Ех, сум заборавила каква кучка беше Блер. Толку ми ја сменија низ сезоните што сега кога ја гледав 3-тата епизода на ТВ ми се чинеше како сосема друг лик. Вака кога ги гледам старите епизоди ми се чини дека гласот на Озборувачката е многу сменет.