Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Озборувачка (Gossip Girl)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од viki44e, 9 јуни 2010.

  1. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    И мене ми е патетична Блер, не ме сфаќај грешка :D
    Муабетот ми е дека заедно они двајца, сцените кога се заедно ми го разубавија денот, и конечно кога прекинаа да се фолираат и да се занесуваат наоколу демек далеку еден од друг повеќе ќе успееле, и конечно си кажаа дека ќе здружат сили, значи мора да дојде нешто интересно и моќно, и ако дојде, е тогаш ќе подЗасјае малку сезонава.

    А за Ден, жал ми е, искрено, како да знаев дека ќе падне до оваа граница, не ни очекував да постигне нешто, човекот го допре дното, а во прва сезона дури и убав ми беше кога ќе ми текне, море со кратка коса многу ми е убав, и малку подебел, сега се направил како чачкалица.
     
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.506
    Допаѓања:
    115.009
    Пол:
    Женски
    Не можеш да споредуваш амерички со турски и индиски серии. Индиските се глупост, турските се по шаблон, во една епизода, двајца умираат, третиот иде у затвор а четвртиот го спасува :clap: А за Госип Гирл , 90210 и останатите од тој тип ми е криво што им даваат искривена слика за реалноста на младите. Серијата и јас ја гледам, баш сега ја изгледав 4 тата епизода, ама ја гледам како фикција. А Беверли молим те не ми го чепкај си го обожавав и си го обожавам сеуште. :lol:
     
    На Barbica му/ѝ се допаѓа ова.
  3. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    Ме изнасмеа со ова :) Омилена ми беше Лили, ама од кога почна да се занесува нешто кон крајот на 5-та сезона, почна да ми станува лигава. Се надевам ќе се оправи, стварно ја сакам женава.

    Требаше некој да го каже ова. Се согласувам со тебе. Ден поединечно како лик не го сакам, ама со Блер заедно ми се срциња, ќе го кажам ова и баш ми е гајле, ама он е подобар за неа отколку Чак.
     
  4. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Баш сакав да искоментирам а глеам почнала слична дискусија. Зошто секогаш кога некој ќе го искритикува ѓубрево одма се вадите со турските серии? Да, генерално глупи се турските серии ама ова е бетер и од нив, deal with it. И досадна е уште од сам почеток, со сила да ме тераш, не можам да сварам епизода од 40-50 минути, не знам колку трае, не сфаќам што е младинава толку затупена, 90% од 12 до 22 години се крстат во досадава, ако има и повозрасни, тешко нив..
    А да и некои што викаат модата.. Која мода, скапи парчиња - кловновски комбинации, јас можам подобро да искомбинирам.
     
  5. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Секој си има право на свое мислење.
    Никој нема да се фати за гуша за Госип Грл,посебно не сега кога а упропастија, и нема потреба повеќе од коментари за тоа дали е или не е како турските серии.

    Секој со својот вкус и омилен жанр на филмови, нема потреба од вреѓање, а за модата ќе ми извиниш, ама ако тука нема добри модни парчиња можиш да ме прекрстиш како сакаш :)
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.526
    Допаѓања:
    251.569
    Досадна ти е тебе, исто како на мене што ми е Зетот и остали слични серии.
    Прашање на вкус, ако јас сакам да гледам вакви серии, мое право, мој избор. Ти сум рекла некогаш еј абе што гледаш турски серии? Затупаена си, тешко тебе? Не! Поштујем избор.
    Јас имам изгледано милион серии, од американски, до шпански, турски, италијански. Не правам кавлификација на луѓето според сериите кои ги гледат, муабетот ми беше, не очекувајте дека од сериите ќе научите нешто поучно.

    А за комбинациите, би рекла за серијата до вкус е, ама за облеката? Навистина ти подобро би искомбинирала? Баш би сакала да видам некоја твоја комбинација, не за друго, да се инспирирам, бидејќи модата во ГГ е за мене е врв :) .

    Нена, Б. Хилс е незаменлива, легендарна, со нејзе пораснавме, туку се изјаснив на што мислев, дека не треба да очекуавме нешто поучно од сериите, сепак не е докомунтарец или научно - образовна емисија ;) .
     
    На nena2010, anuskaNESTLE, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Calypso

    Calypso Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    75
    Почнав да ја гледам серијава, на десетта епизода од прва сезона сум. Навикната сум кога чистам, средувам плакар или се чупам нешто во позадина да слушам и така налетав на серијава. Ок е за позадинска занимација, да седнам и да изгледам една епизода нема шанса, мислам на неправење ништо.
    Дефинитивно очајни се незаменливи. ;(
     
  8. Maca-BT

    Maca-BT Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    165
    Оукеј ги гледав промата за 6х04 и 6х05 - AWKWARD.... :|
    После овие две епизоди ОФИЦИЈАЛНО секој ќе има спиено со секој *well сите освен Серена/Чак* Лили и Стивен спиеле заедно *порано* - СЕРИОИЗНО ?! :clap: за креативноста |(
    Полоша дури и од шпанска (или на модерно турска) серија ја напраја. Требаше со 5та да завршат, скроз ја измачија :(
     
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.526
    Допаѓања:
    251.569
    Кој е Стивен, не можам да се сетам? :^)
     
  10. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    :D ^^^ На поСерена новиот дечко :)
     
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.526
    Допаѓања:
    251.569
    ^
    Не ги памтам веќе, многу се :D . Веројатно и таа не си ги памти :lol: .
     
    На Marossa, maryJ и teddybear им се допаѓа ова.
  12. maryJ

    maryJ Активен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    17
    Ја у*раа серијава до бескај, од најомилена ми стана најдосадна на свет и им го изгубија смисолот на карактерите :tmi: :^)
     
  13. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Значи тогаш ќе излезе дека
    ќеркава на Стивен е и ќерка на Лили и полусестра на маќеата Серена

    :lol: :lol: :lol: Така ќе излезе, слушајте ме.
     
    На maryJ и Maca-BT им се допаѓа ова.
  14. Maca-BT

    Maca-BT Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    165
    Ако то значи дека Сејџ ке остани до крајот на сезоната - да дај госпо да излези така ! :rock:
     
  15. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Прво да ме извините, јас не реков дека парчињата не чинат, туку дека се лошо искомбинирани. Ајде, таа плавата изгледа ОК, а Блер (не зборувам за актерката, туку за ликот) кога и да сум ја погледнала серијата, се и стои како на кловн избеган од католичко училиште :D . И добро де, може така се погодило оние неколку пати кога јас сум фатила, не мора да значи дека е постојано така, реков дека не следам редовно. Ама сепак, што толку воодушевеност од модата - ништо посебно.
    А серијата е плитка и срање. Не е упропастена од крајот, уште на почетокот е за никаде. Не разбирам од каде толкава заинтересираност, нема ни некои лепотици или лепотани па да се притресуваат девојчињава и да идолизираат. Се е просек. Лажната слика за Њујорк да не правиме муабет. Ако е за тинејџерски лимонатки Округот Оринџ (што е далеку од којзнае каква серија) беше подобар од ова, а не доби ни приближно толкава гледаност. Уште малку и култна ќе ја наречат (да е скраја), а врска си нема.
    А.. и една исправка, и тоа како филмовите и сериите ТРЕБА ДА ИМААТ едукативен карактер. Покрај забавата, и едукацијата спаѓа во општа дефиниција за влијанието на филмската и телевизиската уметност ;)
     
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.526
    Допаѓања:
    251.569
    ^
    Треба, ама немаат :D .
    И така и ќе биде.
    Не дека сега нема филмови со поучни содржини, има, ама ретки се. А ми се чини дека во иднина уште полоши и ќе бидат. Одамна се изместени моралните принципи и вредности, па затоа не треба и да очекуваме да ги видеме на филм.
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    10.111

    Сериите и филмовите во минатото имале едукативен карактер, денес тоа е сведено на шоу бизнис. Не треба да се очекува младината да се едуцира од серии ако до тоа стигнавме каде ќе ни биде крајот?! Не велам дека Госип грл не им дава лоши и непримерни идеи на младите, ама ако се добро воспитани серијата ќе ја гледаат како забава, а ако се дувни ветре со паметот нека му ја мислат родителите со идните Серени и Чаковци :lol:
     
  18. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Шала на страна, мене оваа епизода ми се свиѓаше многу.

    Незнам зошто ама некако, уживав додека ја гледав, Блер беше прекрасна во сите можни изданија, и кога беа на ранчот, и кога беше дома пред спиење во тие цветни бои, прекрасна е!

    Мило ми е што конечно нешто Чак откри, па аман веќе, ништо не му се случува на неговиот лик цели две сезони, малку живна, и имаше добра акција денеска со Блер, иако морам да признаам целото добро во епизодава ми го уништи Лили која патем многу ја сакав на почетокот а сега ми е одвратна, значи би ја удавила со тие големите обетки што ги носеше, курветина, се е*ела со на ќерката дечкото, и не и кажува, па дури и се насмевнува и вика, мислев дека тој треба да го каже тоа, и на крај кога овој не се сеќава на неа, и кажува дека бил под апчиња и виски, оваа зачудена и тоа пред Посраната, како демек навредена и вика, незнаев за апчињата...... |(
    Мислам земи убиј се жено, продадена душа, од мајка немаш ни една буква што те карактеризира како мајка, те утнаа, те направија за смеи, само со чајчето во рака, и се жали на препечените јајца, е следниот пат нека те удават тие јајца!

    Ден е пропала инвестиција, нема пријатели, нема семејство, нема место за спиење, значи, единствено ја има Џорџи.

    ....за случката со порно видеото
    Мислам која е логиката Серена да го чува секс видеото сто години во мобилниот после се?
    И баш откако оваа го превзема, и текна на глупердава да го избрише, мислам земи со мајка ти заедно убиј те се, поштедете не |(

    Арно реков, Блер и Чак се надежта и акцијата во серијата, Бас спреми се, сите сме против тебе, кој патем, ми глуми ептен сексапилно мх мх мх :lol:

    И уште нешто заборавив, Нејт ми беше убав оваа епизода, ама одново и одново докажува како секој еден може да го изманипулира како мало дете, жално.
    Дај продај го Спектатор и оди работи како модел, бар таму ќе бидиш успешен ;)
     
  19. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    И кога мислиш дека работите не можат да бидат позабегани се случува ова....

    Блер конечно ја потсредиле, иако тоа последното издание 1001 ноќ се среќава со Бахами не ми беше фаворит. Делот со Стивен и Лили искрено одвратен ми беше, дај не зафркавај Серена само што откри мајка и спиела со типот и работава чекај сега да надокнадам. А Ден, пуст тој оглупаве со текот на годините. Шо убо му беше во средно, сега до каде стигна. Нејт ништо не го спасува, мутле оно убаво.
     
  20. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Лили му е мајка на Чак или грешка разбрав? :o