баш ме интересира дали веќе во наредната епизода ќе се состави повторно The Non-Judgemental Breakfast Club и ќе ја избави Серена од сето зло, како и секогаш да не се нејзините другари, предводени од Блер, нормално, кој знае кај ќе беше таа досега. Ги обожавам моментите во серијата кога на помош доаѓа друштвото за било кој од нив и го спасува денот. Премногу ме потсеќаат на моите другари и другарки И да, вљубена сум во Блер и Чак и нивната врска, потполно можам да го разберам секој потег. Да, се соживувам целосно со серијата, особено со моментите на експлозија од емоции помеѓу нив двата, како во последната епизода кога завесата се спушти! Ах, пеперутки, пеперутки..... Никако не ми е доста од нив двата. Морам да го споделам ова со вас, најдов едно сликче кое најточно ја опишува мојата реакција на сцената со пијаното, после роденденот на Блер Ве поздравувам сите и ви благодарам за темата и за тоа што сте активни. Ова е мојата зараза веќе 2 и пол години :geek:
Мене реално ќејф ми се прави кога мадам Серина е во лајна, како сега Јас сум Blaire fan, оваа ми е тотално антипатична од сам старт, лигла е, гласот и е ко на некој коњ, нималку женствена, само што е многу згодна... Нека потрае оваа ситуација, ете така...
баш! да не е Блер мислам дека нема да знае што да прави со животот а и нема карактер, воопшто. исто и Нејт нема сопствена личност и затоа ми беа многу безвезни како пар. потполно исти и исклучително досадни. аман нека не ги спојуваат пак! ама пак, колку и да не ја сакам Серена, сепак не се споредува чувствата на одвратност спрема Ванеса и Џени. не можам да ви опишам колку само не ги поднесувам . едвај чекам да им направат нешто во наредните епизоди или пак сите да дознаат за гомнариите што ги направија и да им се деси нешто гадно, па да се влечат по коленици после
Исто, уште од самиот почеток Серена ми остави впечаток на тешка глупача и многу наивна девојка. Од неа само убави нозе и гардероба. Кога збори како да има нешто во устата така ми звучи. Ванеса ми е чудна во тело многу, главата и е огромна во однос на телото, а гласот и е крајно иритирачки .Џени се движи како рашрафена да е,многу е слаба Блер е закон. XOXO Gossip girl
изгледа само јас имам поинакво мислење За Серина-Блер Баш Блер ми е подетинеста и сеуште се занимава со трачарење и рушење меѓучовечки односи, а Серина па ни на крај памет не ги става тие работи, и само ја подучува Блер...А пак оние три глупачки сега (Џени, Џулиет и Ванеса) немаат попамтна работа, се занимаваат со Серина.цццц, а на никоја ништо не и направила А за стилот на облекување на Блер и Серина немам коментар
И мене Серена не ми смета.. Ја сакам исто како и Блер. На почеток дури и повеке од Блер ми се допаѓаше. Само некогаш ме нервира со изборот на машките
ЈА ОБОЖАВАМ СЕРИЈАВААААА ПРЕД НЕКОЈ ДЕН ГИ СПУШТИВ 4-ТЕ СЕЗОНИ И СТАНАВ ТОТАЛЕН ЗАВИСНИК . ДЕФИНИТВНО ФАН НА БЛЕР И ЧАК , А СЕРЕНА УФФ ... МОМЕНТАЛНО СУМ ДО 2сезона 10епизода . Х.О.Х.О.
Хм... Мислам дека ликот на Блер созреа во серијава.. а Серена уште со тинејџерски памет ја оставија И тоа мажите.. лелее... па сите ги сака Разбирам јас, да ја сакаат..ама она да ги сака сите...не ми е јасно Бтв одвај чекам да видам како Блер и Чак ќе ја спасат следнава епизода Без нив не се може
Сите се нервираме Се прашувам кога ке заврши серијава што ли ке правиме. Јас се надевам дека 90210 ке има повеке сезони
Зошто е прекинов??????? Јас со сета душа па проверувам секој ден на земунда дали има нова епизода аххххх
Кај Серина само ме нервира што не може да се одлучи за машкиве, аман, сите ли сакаш да те молат!!?? Инаку и јас се согласувам со последните претпоставки погоре во врска со Бен. Да дополнам, некако многу ми се допаѓа Џулиет, онака убавка ми е, има убава коса, стил, малку е слабичка ама пак убава е И добро што ја воведоа во серијата, навистина ја направија поинтересна сезонава со неа. Некаде на нет прочитав дека имала договор само на 11 епизоди, се надевам ќе остане во повеќе. И да, прочитав и дека ќе донесат нов лик во серијата и ќе биде нова женска на Чак. Морало ли баш со него, шо не доведат нов дечко на Блер?!? Баш би сакала да бидат заедно, но добро е што ги разделија да не ни се смачат
http://www.youtube.com/watch?v=LCVPpJlZ ... re=related Најубавата сцена во Gossip Girl... Кога и да ја гледам ме растажува. Па и песната ми е преубава. Your world would be easier if I didn't come back. That's true. But it wouldn't be my world without you in it...