1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Озборувачка (Gossip Girl)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од viki44e, 9 јуни 2010.

  1. phoenix4235

    phoenix4235 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    524
    Допаѓања:
    201
    За разлика од цела сезона која беше за никаде, епизодава вредеше!
    Руфус е со Лили нели се бакнаа не го видовте тоа?
    Лили седеше до таткото од Серена само затоа што се родители на невестата барем така јас мислам
    Приказната за ГГ и како Ден добил инспирација и се околу тоа јак момент!
    Нејт иден градоначалник :clap:
    Само не кажаа дали остана со Сејџ или не? требаше некоја подобра за него! Мислам дека неговата приказна не ја разработија доволно некако запоставен беше..А не е фер! Кај најубав па и најдобар беше! :)
    Што се случи со Ајви и тоа не разбравме
    Невестинските фустани на Блер и Серена прекрасни ама сепак од Блер беше поубав :)
    Детенцето на Блер и Чак преслатко
    мини Чакче :D
    Поздрав до Џини Ерик и Ванеса :)
    Џорџина и Џек совршена комбинација :)

    се на се супер епизода ми се допадна крајот :)

    И како рече Ден... Никој и ништо си се додека не почне да се пишува и зборува за тебе! :)
     
  2. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.647
    Ептен ме разнежни епизодава,баш фина завршница :)
     
  3. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.640
    Пол:
    Женски
    Штотуку ја изгледав и последната епизода и гордо признавам дека ме расплака и ме разнежни до крај.Преубав крај на серијава иако помалце лигав беше тој happy end за сите .Најјак момент ми беше кога ги видов на крај Џорџина и Џек,дефинитивно бољи пар се двајцата.Епизодава конечно ја имаше онаа динамика и неизвесност мегу ликовите,што инаку беше запоставена последниве 2 сезони.
    Серијата се на се многу ми се допагаше иако немаше некоја посебна прича.Убаво е да си дел од тој живот па макар и на 45 мин додека траеше една епизода.Ке ми фали Нејт тој ми беше убедливо најубав лик,едноставно заљубена сум во него.Ке ми фали и Блер,се пронаогам во нејзиниот лик.Иако од надвор делува ладно и злобно сепак длабоко во себе е чуствителна и романтична личност која чезнее за својот happy ending со Чак.Бев убедена дека Дорота е ГГ но ете како што многу предвидуваа испадна дека е Ден.Посебно ми се допаднаа неговите реплики во епизодава за тоа како станал ГГ и на крај кога им кажа а сите -Време е да пораснеме.
    Се на се убава и лабава серија иако многумина викаат дека негативно влијае на младинава со тоа што прикажува како се прават сплетки,се живее на висока нога без да се сноси одговорност за своите постапки,сите стануваат газди на млади години...А дознавме и кој го толкува гласот на ГГ што кога ја слишнав мислам дека срцето ми застана во тој момент бидејки никогаш не сум се запрашала а кој всушност е ГГ (мислам на гласот низ серијата што се јавува во таа улога).
     
  4. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Имаше добра завршница, ништо премногу, но беше добро. Откривањето на вистинската Госип грл имаше логика и особено последните секунди од серијата беа убава завршница на серијата кажувајќи дека ГГ продолжувa да живее во Њујорк.
    Не барам детално да ни кажуваа кој со кого заврши и како се смири, толку дупки имаше во серијата, што ова не е никаков исклучок од тоа. Се појавија и Бел, Ванеса, Ерик, Џулиет.

    Заврши уште една серија која влегува во оние оригинални и единствени.
    Имаше непотребни работи, имаше се и сешто, но мора да се признае дека е уникатна, и дека по Беверли Хилс немало толку популарна тинејџерска серија во светот.

    Ќе ми недостасува серијава, ќе ми недостасуваат скандалите и сплетките.
     
  5. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Finally, the day has come. :whew:
    Јас малце вака како падната од Марс, по неколку изгледани епизоди од 5тата сезона се откажав од труењето мозок, па еве за атер на убави моменти, ја изгледав последнава.
    Ептен ми беше мила, и ме опушти и разнежни. Па и пуштив некоја солзичка. Убава завршница, многу ми се допадна. :)
    Сфатив дека ваков Чак највише ми се допаѓа, ранлив и заљубен. Јајце на јајце со Блер, така треба и да остане.
    Фустанот на Серена ми беше крајно кичест, не дека порано не го видов на слика, али можеше постилски Сааб да и направи, да парира барем малку на Блер.

    А за лонли бој ... :D
    Па наравно бре, главна трачарица - Ден, о како одлично му паше таа улога, шишка бесна, конечно ја спастри. :D
    Браво, сега сите те знаат. :smoke:

    Крајот налик DH. Тоа заприметив. Пак ќе се појават нови ликови кои ќе ја пишуваат приказната на Gossip girl, со нови сплетки.

    Можеби, кога ќе ми биде ужасно тужно и ружно во животов, досадно до болка, и да немам никаква друга работа . . . па ќе ги изгледам епизодите кои ги пропуштив.
     
  6. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Леле кога слушнав дека Ден бил Гассип Грл останав здрвена омг кој би помислил дека он ќе биде.Детето на Блер и Чак многу е срцкасто,на крај се расплакав зашто колку и да беше лоша во овие две последни сезони мн ќе ми недостасуваат. :)
     
  7. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    И мене ми беше најубав и супер, само го ставаа со кој ќе им текне и го направија дроља.

    Се бакнаа една секунда и Лили потоа направи засрамена фаца, си седна со Вилијам, а Руфас до другава со наочарите (наочари патем и он носеше) и некако е нејасно.
     
  8. phoenix4235

    phoenix4235 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    524
    Допаѓања:
    201
    Таа со наочарите беше мајката на Ден и од таа причина мислам дека Руфус и Лили се заедно
    а си седна до Вилијам затоа што тие се родители на невестата а овој седна на другиот крај со другава затоа што се родители на зетот барем мислам дека таа со наочарите беше мајката на Ден и така си сврзав јас филм :)
     
  9. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Не е мајката, друга глумица ја глумеше мајка му на Ден во првата сезона.
    Еве што пишува за неа на интернет
    In December 2012, Loeb made a brief cameo as Rufus Humphrey's love interest on Gossip Girl.


    Што значи Лили завршила со Вилијам :@ А и нели Вилијам и рече на Ајви дека сето ова го правел за да му се врати Лили.
     
  10. phoenix4235

    phoenix4235 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    524
    Допаѓања:
    201
  11. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    4.846
    Пол:
    Женски
    Turns out that gossip girl is
    really not a girl
    Its a boy


    ....lonely boy


    Честито Хамфри. Ти требало јака храброст за да го почнеш ова :D
    И стварно кој би помислил дека е он? Колку пати се има посрамотено самиот себе си, Сестра му (и како што разбрав Џени знаела кој е Госсип гирл), Ванеса.
    Ај за Блер и Чак не ме чуди зашто не се мирисаа на почеток.

    Ама како се вика НА ПАТОТ КОН УСПЕХОТ НЕМА ПРЕЧКИ!
    Секогаш ќе има некој од страна кој ќе се обиде да влезе во големото друштво и види го ти Хамфри му успеа :D

    Интересна епизода нема што. Малку наликуваше на шпанска серија на крај. Нели после 5 години и завршува со свадба. Хепи енд за сите :D
     

    Прикачени фајлови:

    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      8,9 KB
      Прегледи:
      257
  12. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Да се самоцитирам?? :wasntme:
    Нема потреба, ама изгледа бев во право што се сомневав во Ден. Баш таа реченица што ја пишав тука, ми беше главниот индикатор за идентитетот на ГГ.
    И покрај сите лоши зборови упатени на ликот на Ден, ја морам сега да симнам капа. Маестрално спроведен план, од почетокот до крајот. И што е најјакото, типот си го доби тоа што го сакаше, а останативе му прогледаа лесно низ прсти за се што направи. Освен Блер, што по малку се бутнтуваше, ама и она брзо се помири. Значи, браво!
    Исто, ми се допадна што центарот на внимание не беше ставен на Блер и Чак и нивната свадба, туку дејството фино ги опфати сите, не оставајќи никој во сенка.
    Според мене, одличен крај.
    Уште сум под импресии :wasntme: и сакам уште некои работи да пишам, ама следниот пат кога ќе се најдам на темава.


    I hate to say it, ама мислам дека ќе ми фали серијава, малкуцка.
     
    На poison.ivy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.640
    Пол:
    Женски
    Значи морав сликава да ја постирам.Прав Чак јуниор е малиов.Каков го напраиле срцле невидено.Најмила сцена кога се гушнаа со Чак. :inlove:
    [​IMG]
     
    На lovely91, phoenix4235, nati44 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.185
    Допаѓања:
    10.085
    Ја обожавав серијата, ама последниве две сезони не ми беа нешто посбно интересни, изгубија смисол. Со денешното гледање на последната епизода и ретроспективата се почувствував тажно како да губам пријатели. Кој како сака нека каже ама ГГ е најоригиналната тинејџерска серија со убави глумци, уникатен стајлинг, комплексни ликови, одлична музика, луксузни локации, целосен пакет за 40 минутно уживање. Дефинитивно must see! xoxo
     
    На Ana.Jones и Kalia им се допаѓа ова.
  15. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Серена ја има најочајната и најгрдата фризура во историјата на сериите.
     
  16. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Јас си чекам да дојде вечер, и си чекам да си ја пуштам далеку прочуената и озборувана епизода пред спиење. Да си се испратам го гг веќе. На рапорт со впечатоци ќе се најдам тука утре или доцна вечер :) И не ви ги читам мислењата на вас кои веќе сте ја изгледале, си ги мижев тие мислења :lol:
     
  17. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Dan Humphrey Gossip Girl ??? боже , божееее
     
  18. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Dan Humphrey Gossip Girl ??? боже , божееее
     
  19. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Лиглето и глупчото ?? Оф лелееее
     
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.199
    Допаѓања:
    235.318
    Фалеше еден добар секс на Чак и Блер, и ништо друго :) .
    Убава завршница, баш во стилот на ГГ пред 5 - та сезона, пред да ја упропастат серијата. Брза, динамична и неизвесна. Не до толку, сепак се очекуваше дека Чак и Блер ќе бидат заедно, Ден и Серена, плус ете се откри и кој е ГГ. Не бев изненадена, повеќе ќе се изненадив да беше да кажеме мајка и на Блер, или Чак, ама за
    Ден
    не беше до толку изненадувачки затоа што последните неколку епизоди наговестуваа дека може да е тој. Сепак имаш смисла целата негова приказна, целиот негов план.
    Епизодата не ќе беше толку добра ако во фокус беа ставени само Чак и Блер и нивната свадба.
    Се управија, за жал на крајот :D .

    Се навлеков на серијата, имам пишувано дека 4-те сезони ги имам изгледано за 2 недели. Последните две беа прилично лоши, ама пак ја гледав секоја епизода. И ќе ми фали. Емотивно се врзувам со секоја серија, па краевите ми паѓаат многу тешко. Не плачев :D , ама мака ми е бре што заврши.
    И мојата љубов не заврши, I'm still in love with Chuck Bass!
     
    На Kalia му/ѝ се допаѓа ова.