не ми се верува дека Ден е ГГ(т.е. госип бој). Стварно не очекував. на секој помислив али на него ни на крај памет бе.
Пре пре пре прејак крај на XO XO Боже ќе ми фалите Не можам да се соберам, ќе пишувам под најсвежи импресии значи. Џек и Џорџина, зошто, о зошто од порано не се споивте, совршен крој еден за друг! Улогата нивна, во оваа последнава епизода докажа дека се од ист калибар. Шишето си го најде капачето, конечно. Морам да кажам дека се пресмеав кога сите кажуваа кој е ГГ, Блер кога кажа Дорота, о Боже исто и јас Блер мислев цело време така Серена кога кажа Ерик или Руфус, и јас неколку пати Серено помислив дека е Руфус А за Нејт немаше смисла, он е нај наивен, џабе ви е џабе. За Ден, исто како и Серена и сите други, му се поклонувам, со години правеше и градеше империја зад себе со страната на ГГ, прераснувајќи во ете кажав веќе, самата империја, и сепак на крај само за една девојка! И да не кажал некој после дека жените не го вртат светот о не, малку нели? Шала на страна, нема сега не е еден од нас, од вас од нив, Ден си го заслужи местото, си го испоти газот, иако со грозната шишка, детето си го доби својот Американ Дрим, да биде почитуван и да се зборува за него, со девојката од сништата до себе - Посерената, која да, оваа епизода ете не ми удри на нерви, дури и на крај кога завршуваше со нивната сцена, Боже, солзи имав буквално во очите, кога ми текна дека нема веќе ГГ, а толку години сум со неа, плаче ми се, вриште ми се. Тотално погодена епизода и еден од најубавите замислени краеви на самата серија. Малку забушаваа последниве 2 сезони, но ваков БУМ ретко која друга серија бележе. Самиот гламур, убавината и глумата на актерите (младите, па дури и сите повозрасни надарени актери), и самата предобра приказна за ГГ, ја направија и ја доведоа серијата до тука кај шо е, според мене, неизбежна за гледање кај секого Блер и Чак, знаевме дека ќе завршат заедно,но толку добро е разработена нивната приказна, сетете се на самиот страрт кај нив, кога Блер играше во кафиќот на Чак, и сексот во лимузината...сексот на пијаното.. мх мх мх...од деца, луди средношколци, до нивната зрелост тука, во последнава серија. Блер, секогаш ќе ми остане како најголем поим за убавина од серијата. Како кукла ми е. Чак е кроен за неа, а она за него. И морам да кажам, фустанот на Блер, на свадбата на Серена и Ден беше сон! Осеќам дека следниве денови од ново ќе си ја почнам, јас се врзав за серијата (често ми се случува ова, соживувам со ликовите, исто како и јас да снимам со нив таму)... XO XO you know I'll miss you...very very very much. No more waky waky with you
Јас не се ни замарав околу тоа кој би можел да биде GG. Само си ја симнав епизодата и лезетски си ја изгледав. Некако без мерак ја гледав оваа сезона, ама затоа на МТВ редовно си ги повторувам старите епизоди. И ете, убава завршница на една интересна серија (интересна беше барем до кај третата сезона). Ми се допадна епизодата, убав крај типичен за Gossip Girl. И интересен завршеток
И дојде крајот и на ГГ . Чудна работа, и мене ме фати некоја емоција со последната епизода иако престанав да ја гледам уште кога заврши четврта. Овие другите немам ни сила, ни желба да ги гледам, но ајде последната мораше да се изгледа. Немам поим што се случувало поготово оваа сезона ама добар крај направија. Баш сум некако под импресии, дали оти даваа флешбекови од првата сезона . Како почна се и како заврши, толку се изменија работите . Чак и Блер нема да ги коментирам, никогаш не ми била нешто интересна приказната меѓу нив (знам, црна овца сум по повод тоа ) и така мило ми е што не ја претворија епизодава во само нивната венчавка во стилот на шпанските серии. Додека пак Серена и Ден, баш некако ми се допадна што завршија заедно, во првата ги сакав како пар после станаа за никаде и двајцата. Не знам што се случувало со Барт, само прочитав дека не бил мртов како што се мислеше, друго не знам ништо. Но многу глупи станаа тие приказни кои ги мислат во сериите, демек родител до тој степен да се сврти против својот син. Многу нереален ми е тој дел од приказната со Барт, не им требаше да го воскреснуваат или што и да е. Па Чак не се ни потресе поради тоа што се случи на кровот. Не да го жали, ама барем некаква емоција да се покажеше во врска со тоа, ама сепак е серија . Спојлер И најбитното, Ден Госип Грл . Па и има логика, сите работи кога ќе ги поврзеш. Додуша јас не сум толку препоставувала кој е Госип Грл, онака само како наратор си ја сфаќав ГГ. И Џорџина е најака! Дури повеќе и од Блер. Со Џек се совршена комбинација, не знам како им текна да ги спојат ама идеални се стварно.
Леле фустанот на Блер и обетките, се заљубив. Заклучив дека сакам краеви на серии, некако повеќе се посветуваат. По толку тупење две сезони, епизодава беше баш забрзана. За Госип Грл не знам зошто ама не ме бендиса идејата Денчо да биде, едноставно не ми иде. Ама добро. Некако Серена ме разочара само, до крај на серијата мутавка си остана, на почеток како попаметна да беше. Џеорџина и Џек, добра идеја. Само немаше она дете едно време
И јас би се мажела во фустанот на Блер Малкуцка ми беше криво што заврши. Првите сезони во еден здив ги гледав, сепак значи нешто, колку и да беа лоши последниве. Џени ја обожавам, се израдував кога ја видов. И другите фаци си ги познав од други серии не ми текнува дали некогаш имале некаква улога во серијва Како и да е, арна беше последнава, и динамична. Конечно да изгледам една епизода од почеток до крај. И уште останувам на мислењето дека ГГ не требаше да се открие. Па нели "thats one secret i'll NEVER tell". A тоа што дојде нова ГГ од новото време ми се свиѓа.
И конечно заврши Искрено ќе ми недостасува серијава.Но се што е добро мора да има и крај нели Па да кажам најлогично беше Ден да е ГГ нели е писател.Најмногу се радувам за Блер и Чак и Џорџи што заврши со Џек. Bye,bye GG !!! You miss me already
Не ја гледам на нет, на МТВ ја гледам од почеток сега, ама ги видов сликите на Фемина и морам да кажам дека Ден станал УЖАСЕН.
Јас си имам замерка. Домот на Блер- ништо не велеше Блер во него. Попрво личеше на дом на средно статистичко семејство а не двојка од upper east side. Детето малку повеќе им беше, мислам дека не им требаше да го уфрлат. Невестинскиот фустан на Серена- оу мај, е во тоа би се мажела. Пепелашка фустанот на Блер и одговараше ама не ме остави без зборови без разлика што е Ели Сааб. Џени требаше да има барем некоја реплика, вака сеедно и беше појавувањето. Во главно добар крај, емоционален, не ми се верува дека поминав толку години со серијава.
Заврши серијата која почнав да ја гледам уште од сезона 1 епизода 1. Колку и да беше лоша 5 сезона, ГГ беше серија со која што пораснав. Од 14 години, Блер ми беше идол. Нежните кадрици, венчињата за коса, хулахопките во боја, мешањето на бои... Кралица. Ми беше идеална queen B. Со Чак се најсовршениот пар, култни, исто како Кери и Ѕверката. Колку работи поминаа заедно, буквално во најцрните моменти на Чак, Блер беше тука за него и обратно. Одеа со други, си правеа сплетки, ама секогаш се сакаа. Мило ми е што Нејт си остана сам, стварно ќе немаше смисла ако го оставеа со Сејџ, Нејт не ни имаше некоја голема љубов во серијава. Тој како лик беше најнеразвијан. За тоа дека Ден е Госип Грл е убаво осмислено и има логика. Главна преокупација на ГГ беше Серена. Ден ја сакаше Серена. Многу од сплетките беа на школо, лик кој не беше со нив во школо не можеше сам да основа страна како ГГ. ГГ стално имаше историски цитати, значи мораше да биде некој кој е надарен за пишување. ГГ секогаш сакаше да биде центар на внимание, Ден исто. И на крај, љубовта моја, идолката, ликот по кој си го носам никот... Џорџина. Уникатен villain, каков што немаше во друга серија дотогаш. Сплеткар, лажга, манипулаторка, едноставно совршен лик. You can tell Jesus that the bitch is back е цитат што мислам цел живот ќе го памтам. Кога му се појави на Ден со бебето, исто. И Мишел ја одигра одлично, исто и глумицата ја сакам многу, не само ликот. И така, ми падна жал, 6 долги години живеев со Госип грл. Кажав, иако се претвори во срање последната сезона, за мене секогаш ќе има посебно место серијава.
Ете ме и мене. Ветив Епизодата, ма епизодата....ааах не очекував дека ќе биде толку прекрасна. Вредеше, вредеше секој миг од епизодава, им ги опраштам срање епизодите уназад. Уште сум под импресии, позитивни де, не трепнав буквално цела епизода, неќев да заврше. И да, си се расплакав на клишето Чак коа ја побара Блер за жена, и си се смеев сама. Навивав и двајцата да ги кажат магичните зборови пред да дојде полицијата срцки бе сите пак заедно. Блер и Чак. Јас мислам дека не постое посовршен пар од нив двајцата заедно (добро де и на филм) И посовршен фустан од на Серена Мене ми е жал шо заврши серијава, некако како и ние да доживувавме се со неа,(или јас )ама ако, последната епизода вредеше. Ке стое уште долго време у компјутер.
Значи серијата во последните 2-3 сезони стана сра*е, така да последната сезона воопшто не ја гледав, а и онаа пред неа од пола натаму, страшно досадна ми стана. Е сега сакам да ја изгледам само последната епизода само заради модата и онака колку да се каже дека сум ја гледала.
Бидејќи во книгите никогаш не се дознава кој/а е GG, мислам дека сценаристиве малку од гз го извадија овој дел со Ден. Малку без идеја, зашто ако се навратиме на сите сезони и епизоди, имаше делови кога животот на Ден буквално се уништо заради GG, и не може некој да ми каже дека таквите работи ќе си ги постираш сам за себе. Посебно делот кога Серина се врати како Queen B во училиштето и целото школо му сврте грб на Ден, и он сам си постираше статија како е уништен, упропастен, заборавен смрдло? И ред други работи, не ми текнуваат сега, за кои сум сигурна дека не сакал да ги сподели на GG сајтот за себе. И кога добиваше пораки, бре како глумеше така изненаден и запрепастен? Малку глупичко... ама мене во секој случај никогаш и не ми беше посебно гајле кој/а е GG. Кристин Бел е, нормално. Мене отсекогаш ми беше гајле само за Чак и Блер.
Да, очигледно сценаристите не знаеле кој ќе биде ГГ се до последнава сезона. Освен тоа, мене стварно ме зачуди како сите му простија.
И нели кога Серена пишуваше за Спектејтор главна конкуренција си беа Јас па од секогаш мислев дека ГГ е некоја девојка од средно уште кога беа која никогаш не ја дадоја, а и за Ден писател е имал мотив ама не ви е малце морбидно некој да разработува план цели 5 години?!
И јас само што ја изгледав последната епизода. Убава серија, лесна, ме релаксираше измминативе месеци. Немам никаква забелешка , како сакале така си го направиле сценариото, мојата забелешка би била вишок и ништо не би значела... серијата и онака заврши Убав heppy end типичен за американски тинејџерски филмчиња.