Уште ја немам гледано последната епизода, па ни салам последната сезона. Се спремам да си ја симнам цела 5та и 6та сезона и со ред да си ја изгледам. Да си имам занимација викендов . Иначе се навлеков и јас, пак си ја гледам на МРТ1. You will be missed, GG!
Е не ја гледам многу серијата, но бев по право. Реков дека накрајот Озборувачката ќе биде Спојлер машко, и тоа Ден И бев во право. Цело време се расправав за ова па мораше некаде да си кажам. Инаку не е толку добра серијата, со заплетите станаа по малце како сапунските, ама ајде... и таа заврши.
Еве ме и мене на темава! Со ГГ се заразив буквално од Фемина. Не ја знаев претходно серијата, и еднаш случајно налетав на првите страни на темава. Ми се виде интересна од тоа што го прочитав и почнав да ја гледам. Иако последните 2 сезони на моменти ме нервираа, сепак не се покајав што ја загледав оваа серија. Сега дури и ќе ми фали, искрено! Ама за брзо време ќе ја заменам со друга Во секој случај, добра серија, со многу сплетки, разочарувања, љубов, имаше од се по нешто. Ја препорачувам на оние кои се уште не ја гледале.
Ваков шпански крај немам видено во ниедна американска серија. Барем си ја потврдив теоријата дека Спојлер Ден е Госип Грл Мене искрено нема да ми недостига серијава, не знам ни зошто почнав да ја гледам. Единствено Лејтон ќе ми остане во сеќавање како добра глумица од оваа серија. Добро, и Ед, ама не толку како неа
Добра беше последнава епизода искрено ме изненади кој е Госип Гирл али битно е добар крај имаше серијава. Инаку Лили и Руфус ќе бидат заедно на крајот бидејќи таа до Руфус што седеше на каучот, со наочарите, мислам дека беше мајка му на Ден. Како и да е серијава нема да ми недостига
Јас колку што разбрав Лили и Руфус не остануваат заедно на крајот А таа со наочарите не им е мајка на Ден и Џени. Се појави ми се чини во втората сезона кога Руфус настапуваше со бендот. Некоја пријателка му беше, појма немам. А кога сме веќе кај Лили и Руфус, што се случи со синот нивни?
Ништо не се случи, што да се случи. Го вметнаа како лик малку бум да направат тогаш, и не го ни спомнаа веќе понатаму, па сигурно и го заборавиле додека ја снимале последнава епизода
Ако сака некоја феминка да постира линк од последната епизода или барем страна бидејки на тие што ги знам јас не најдов
http://series-cravings.ch/watch-gossip-girl-s06e10-new-york-i-love-you-xoxo повели Спојлер you know you love me , xoxo Gossip Girl.
Па нели отидоа да го бараат и им рекоа дека им умрел синот. А незнам дали памтите во првата епизода се појавува друга глумица за ликот на мајката на Блер, нели?
Але Амбросио, не им беше умрен синот, во грешка си. После тоа нели се појави, се плеткаше со ванеса за да се доближи до ден, па на свадбата на Руфус и Лили, Џорџина им плесна дека им е вистински син. А мајка и на Блер да, друга беше во првите епизоди. Многу работи не ги спомнаа, некако според мене последната епизода требало да трае барем еден час и на се да обрнат внимание а не вака. Го развлекоа и отупеа цело време со Ден и приказната, половина час само тоа беше. Јас да бев, ќе направев повеќе да се врти епизодата околу Чак и Блер и нивната свадба ќе ја направев спектакуларна и поише во центар на епизодата а не цела епизода околу Ден и Серена(а свесни се продуцентите дека многу им е гајле на луѓето за Ден и Серена), плус ќе се знаеше секој лик каде завршил. Убава беше епизодата не беше лоша, ама некако без смисла. И синот на Лили и Руфус, и Ванеса не ја вратија, ако не и џорџина имаше дете и маж, и Лола не ја покажаа... Џени и Ерик ги вратија, и двајцата ниту малку не ми беа средени, поточно ми беа грди и страшни. на Блер можеа малку шминка да и стават и повеќе да ја покажат куќата а не само во едно мизерно кадарче. Што е до мене навивав Нејт да заврши со Серена, а Ден со Ванеса и цело време мислев така ќе заврши ама ете во грешка сум била.
Се појави Ванеса во последнава епизода. Инаку не ми ткенува но дали во првата епизода од прва сезона кога дојде Ден, дали постоеше веќе Госип грл или тогаш се појави?