Првата сезона од серијата ја изгледав во 2 вечери едноставно не можев да престанам да ја гледам , втората и третата ги гледав само поради Блер и Чак и реков дека веќе нема да ја гледам ама кога видов што му се случи на Чак во последната епизода не можев да се запрам да ја гледам четвртата сезона а 5 и 6 сезона ептен ги развлекоа па после се некако наеднаш прикажаа и не мораа воопшто да го откриваат идентитетот на “Озборувачката“ и онака никој не го интересираше Многу подобро ќе беше да се фокусираат на Чак и Блер во последната епизода и онака тие ја направија серијата она што е.
Ја обожавам серијава.Ја следам на МТВ и немам пропуштено ни една епизода! А иначе омилена ми е Серена,а омилен пар ми се Чак и Блер,секогаш најмногу ме смеат.
Колумбиска, мексиканска, само уште тоа фалеше. Инаку ставот за серијава си го имам веќе изнесено, темава ја отворив по грешка.
Не само на сликава, мене Блејк отсекогаш ми била поубава од Лејтон, иако ме нервираше со плитката глума во серијата. Всушност - и двете ми одеа на нерви.
Синоќа не бев во можност да ја гледам епизодата на МРТ и сега се сместив удобно да ја гледам репризата и гледам го смениле терминот,ја давале порано,па ако има некој да стави линк или нешто за да ја одгледам,фала однапред
На МРТ мислам дека ја има во 22:00 и во 12:00,ама не ме фаќајте за збор. Инаку вчера почнав да го гледам ама до 19 пизода е,ги има на интернет со превод?
Ја барав темава и да пишам нешто за изборот на актери. Значи ја гледав денешнава епизода и ја имаше Лили во младоста како и се спротивставува на мајка и, па оди кај сестра и. Значи полош избор на актерка која ќе ја глуми Лили во младоста не можеле да најдат. Сегашнава Лили со темни кафени очи и ситно и долгнавесто лице, а таа што ја глуми една пониска, со пошироко лице и крупни сини очи. Значи кој ги бирал, кој правел кастинг стварно е катастрофа. Среќа мајка и на Лили како млада не отскокнува од сегашнава.
Можи негде да ја спуштам само последната епизода од 2 сезона ме клават веќе во неизвесност, а 3-тата сезона ја имам веќе, Anyone?