Последна епизода од 6та сезона сум и другарка која само првата сезона ја изгледала ми кажа кој е Gossip Girl и бев као ШО? Зашо е Х GG уствари? @Bzaubzz.xy да споделиш зашто Х е GG? Не ми се веруе.
Значи ти си на последната епизода Спојлер: Госип Грл Па објаснето е веќе се на крајот, дека Ден се чувствувал отфрлено и го направил ова само за да привлече внимание, да влезе во светот на богатите
Штотуку ја завршив првата епизода од новата сезона. Почетоков е полош од тоа што очекував. Најпрво не ми се допаѓа концептот. Ми текнува на првата епизода од минатата ера уште од старт имаше драма, мистерија, причина за да продолжиш да гледаш. Сега нема буквално една работа што ќе те заинтригира за понатаму. Потоа, глумата? Поаматерски не верувам дека може. Уште не знам дали се сериозни со изборот и улогата на професориве. Давам шанса уште на втората епизода, ако не се покаже бар нешто минимум повеќе серијава, не продолжувам да ја гледам.
Нема од старите никој, само спомнати се од една професорка која учела со нив, меѓутоа и таа некој нов лик е, а по името не ми текна за кој станува збор. @awkey, јас симнав торент.
За ништо на светов не би гледал, уште од трајлерот видов колку е шитесто и колку е никакво во споредба со Госип ориџинал
@Ketchup до каде стигна? Што е ова боже мили златен? Се согласувам скроз со мислењето на кечап погоре што е пишано. Толку лоша глума немам видено од Чикаго мед кога гледав пред некое време. Ликовите за нигде никаде, ни имињата не им ги запамтив. Ова му иде продолжение на оригиналната госип грл само со нова генерација така? И? Што направија професорите, продужија со "мисијата"? Таа професорката со плавата коса навистина има многу иритирачки глас
Само пет или шест епизоди искочија во јули-август, наредни пет во ноември рекоа. Еден од режисерите рече дека во 11 епизода ќе се појават некои од старите ликови. Ептен е messy серијава.
Ќе продужам да ја гледам ја следам на хбо макс. Инаку, Џулиен колку не знае да ја носи кратката коса, ич не ја личи. За улогата е потшишана така, или глумицата си се има бендисано?
Јас тек вчера почнав да ја гледам оригиналната Gossip Girl. Колку сум демоде, не ја гледав кога беше “во мода” ама после Dynasty толку многу ми фали да гледам некоја слична серија.
Јас вчера ја гледав последната епизода од 6сезона. Случките со Барт Бас ми е беа малку страшни, изгледа на опасен човек. Чарли (Иву) ме нервираше, на крај го доби заслуженото. И бев среќна што Џени Ерик и Ванеса ги тргнаа.