1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Озборување!

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од manevska.mila, 5 март 2010.

  1. manevska.mila

    manevska.mila Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    20
    ozboruvanje na denesno vreme!
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.040
    Допаѓања:
    66.624
    Пол:
    Женски
    Барем тема кога поставуваш пишувај со кирилица ако не друго :geek:
    Озборувањето нормално дека го има секаде. Со другарките баш не се замараме со озборување, ама на работа го има и тоа претерано што многу ме нервира. Ако за нешто сум се расправала тоа би било за тоа.
     
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Сите озборуваат,нема личност што не озборува,озборуваме и во мислите,не е само тоа што го кажуваме,изговараме јавно,дупли личности сме,две во едно.Првиот е тоа што го изговарате јавно а вториот е тоа што го мислите во себе,пример на некоја личност и кажувате убави зборови,а внатре во себе си викате “ леле каква си „ комплицирани личности сме.Јас не озборувам баш,знам да се фатам себе си во таква ситуација,иако ретко се случува,а кога ке се случи,си викам вака не треба.Така кажав затоа што навистина не ме интересира другиот каков е,секој човек го прифаќам таков каков што е,дали лош,добар,повлечен итн.Ме интересира тоа каква личност е,не ме интересира надворешен изглед.
     
  4. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    81
    Има бааги озборување насекаде :) и јас понекад озборувам ретко затоа што некако непријатно се осеќам после,зависи за какво озборување станува збор,али некогаш е интересно да се потрачари,се сложувам со Гордана 10 секој човек треба да се прифати таков каков што е затоа што никој неможе да ни се погоди совршен за нас без грешка сите сме различни,али за со блиските повеќе практикувам да си го кажам своето мислење отколку да озборувам позади грб,само претпазливо да не повредам некој,а од тие озборувања во градов не за џабе излегуваат тешки глупости,невистини и погрешни слики за некои успешни луѓе,затоа што кај нас баш таквите се мета на озборувања ;)
     
  5. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Озборувањето било и ќе биде, сите озборуваме на еден или друг начин, ама јас мислам дека воопшто не е озборување кога се зборува вистината како што е, за мене озборување е нешто на пример јас сум слушнала, ама не сум разбрала па ке кажам на некои и тој на друг и тој на друг и така натаму, тоа е она равото озборување што би се рекло рекла-казала :lol: , искрено не обожавам мн озборување, затоа што лесно е да кажис за нешто што го гледаш од страна меѓутоа секој тоа различно го доживува и различно го сваќа, да не ме сватете дека јас не озборувам, озборувам ама не ми е тоа главен муабет поззз
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.820
    Го има озборувањето во денешно време на кило да си го купиш. Можда ќе почнат и прирачници за озборување да се продаваат. Не сакам да озборувам затоа што стварно не ме интересираат другите луѓе какви биле, што правеле, како се облекле и слично. Ниту пак се замарам ако некој мене ме озборува. Но не можам да речам дека не озборувам. Едноставно ќе се најдеш во такво друштво и толку фали. Лаже секој оној кој вели дека не озборува. Не сме ние луѓето имуни на такви работи.
     
  7. elena005

    elena005 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    7
    Секое човечко битие озборува,дали свесно или не свесно.Многу пати знам не свесно нешто да прокоментирам за некој ,она само од себе си доаѓа.Али некогаш и добро е да прокоментираш за некој ќе ти помине времето :D Макар што мене воопсто не ми е гајле кој што рекол за мене, мене да ми е убаво бидеќи за мене си живеам, а не за луѓето позззз :D
     
    На mizerija му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    1.902
    Нормално дека се случувало со другарките да прокоментираме за некој друг,ама никогаш тоа не било претерано,да ни стане главна тема на муабет:)
    Дури ми е чудно некогаш кога ке излезам со друго друштво и цело време слушам муабети од типот како била облечен некој што поминал,каков бил тој,што направиле....
     
  9. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Јас озборувам само кога сум со моите другарки,а пред други секогаш внимавам што ќе речам.Не озборуваме она претерано,да не го вадиш некој од уста ама кога ќе нема што да правиме тоа е занимација.Никогаш не делам комплименти,а во мене нешто друго да мислам.Подобро ништо да не речам отколку толкаи глупости да изнакажам
     
  10. cackicka

    cackicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2010
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    koj sto saka neka kaze ama mislam deka nema nekoj sto ne ozboruval dosega ili sto ne bil ljubopiten da slusne nekoe ozboruvanje.
     
  11. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    zenska osobina svesno ili ne site ponekogas znaeme od ednostaven razgovor a zabegame vo nekoja takva tema .
     
  12. jasmin

    jasmin Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2009
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    35
    Не би рекла дека е само женска особина. И машките озборуваат многу. Оној што ќе рече јас не озборувам - лаже. Сите озборуваат, тоа ни е дел од менталитетот :|

    Јас лично порано кога поминував повеќе време со друштвото редовно бев дел од озборувања - немаше седење на кафе повеќе од 45 минути и да не започнеме бла бла (се разбира скоро никогаш злонамерни, онака за забава).. ама сега како што има помалку време за дружење и повеќе обврски дури ми недостига озборувањето :)
     
  13. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    Се согласувам...не сакам да озборувам и не го правам тоа, меѓутоа некогаш се наоѓам во таква ситуација кога околу мене го прават тоа и сакала-нејќела на некој начин сум инволвирана во случајот. Имам другарки со кои не се гледам често, па кога ќе се видиме и веднаш почнуваат кој, што, како, а јас од што не сум во тек со нивните настани само си молчам и на секое слушам, нема везе не знаеш ти за ова, долга и широка е приказната :D Си го живеам животот за мене, за другите не ме интересира и би сакала кога и другите би го правеле истото
     
  14. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Има разни врсти на озборување.Секој човек е склон кон тоа,но се е добро се додека тоа не премине во навика па со душа да чекаш да помине некој и да почнеш веднаш:еј жено да ти кажам оваа или овој...За жал јас имам една таква комшивка ,жена во години еј...ама ако пиле прелета преку улица,следните пет минути цело маало знае.Од неа никој не смее да мрдне или да направи нешто.Е тоа веќе е безобразно озборување.И тоа ме лути.А тоа во друштво,тоа се фактички обични муабети,што ќе разговараш инаку:
     
  15. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    100
    Се сложувам со Кате потполно, истото е и кај мене, имам баш иста таква комшика, ејј луда е , навечер не спие, седи во двор во темница, за да види кој кога се враќа од излегување и утредента цело маало дознало :worried:hock: а за оговарање во друштво, тоа е нормално, па и многу пати озборувањето е чиста вистина :D
     
  16. Lizalka

    Lizalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    93
    :clap: :clap:
     
  17. tigrica

    tigrica Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    4
    секое зиво суштество озборува од најмало до најголемо без озборување нема да ни биде интересно мислам се согласувате со мене бидејки озборувањето го правиме и свесно и несвесно па таа е јбг..
     
  18. Braveheart

    Braveheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    94
    Озборувам во круг на поблиски личности и истомисленици и тоа го сметам за сосема нормално.Ако не споделам мислење со нив со кој друг?
    Дали мене ме озборуваат не знам, можеби.До сега не сум слушнала, можеби од причина што не се трудам.Ме интересира што кажал некој за мене, само ако јас имам високо мислење за таа особа.
    Не верувам во рекла кажала, и ме иритира кога некој ми изиграва кул на туѓа сметка.Избегнувам такви луѓе.
     
  19. Flying

    Flying Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    0
    одсекогаш сум била против, сум против тоа и ќе бидам против...па стварно имам свој живот со кој сакам да се замарам и убаво ми е!
     
  20. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Озборување ух колку грдо ми звучи овој збор.Несакам да озборувам и одбегнувам тоа да го правам, ако почне некој да озборува одма ја вртам темата.Секој човек озборува, било свесно или несвесно имам и јас озборувано ама најчесто на сите им кажувам во лице тоа што го мислам и за тоа ме почитуваат многу.Мразам оговарања :fubar: од типот еј ја видее онаа? или оној што направи сега пред да дојдеш...., а тоа е нормално некој прави нешто, некој го гледа додека прави а трет прашува што направил првиот.Денеска на секој чекор има озборувања од мали до големи пример седат на клупа во парк и го озборуваат секој кој што поминал е и тоа најмногу го мразам .Не се замарам со друг живот , кој што сака нека прави, немам време да се замарам со туѓ живот , гледам да си го живеам мојот како што знам и сакам.