Колку ги има само такви им нема број. Каде што работам јас, па мислам повеќе оговарачки нема на светов. Ако некоја ја нема на работа колешка или отишла во вц одма почнат да ја оговараат, каква била, вака знаела да работи, ништо не знаела, а кога се на работа или кога се вратат од вц одма друго лице, прават се како да се им пријателки. Пред да почнам со работа таму незнав дека се оговара толку, ама ова е претерано сите граници се поминати. Разбирам сега секој оговара, нема човек којшто не оговара, ама овие се чудо и тоа големо.
оговарав оговарам ке оговарам ме оговараа ме оговараат ќе ме оговараат..и боли ме брига Бивало ли седенка без оговарање..хахаххахаа..так нормално
И бес тоа не се може Сакале не скале,секој за секого нешто кажува,дали позитивни или негативно,оговарање е
Во денешно време во никого не треба да имаш доверба, а најмалку во некој близок. Баш "блиските" можат све и свашта да ти извадат муабети и да пренесат некоја пошта. Подобро на некого кого не го познаваш да кажеш некои работи отколку на близок, сѐ е само сеир фаќање.
Оговарање ... зависи искрено. Не ме интересираат работи за луѓе ама другарка ми, машала, сака да оговара па покрај неа се за секој знам. Научив дури и да оговарам ко ќе сум со неа, ако после то заборавам. Сепак, вистина е дека сите фаќаме сеир за некој, јас, ти, некој друг. Ама кога тоа се прошири без осет како горе-наведената ситуација е чисто ситуација која можела да се превентира. Сакам да кажам, често се оговара и за работи кои не се вистина ама тие работи не допираат до нас, допираат работите кои се вистина - работите кои треба да пазиме да не ги споделуваме во иднина, особено со блиски пријатели и роднини зошто можи да сме изненади кога најмалку очекуваме.
Мене нонстоп ме збореа Се најлошо збореа за мене и што требаше да направам? Во основно јас им бев главна тема од уста не ме вадеа,ме нервираше тоа што пред мене ми глумеа лудило дека се е океј Имам една најдобра другарка што од деца мали сме заедно и понекогаш ги збориме тие 2-3 девојчиња што секогаш ни правеа лоши работи и сакаа да ни напакостат ама јас не зборам само со другарка ми,ние све живо у лице им плеснавме И им ги дознав најголемите тајни и ги раширив насекаде и овие загреота посакале да умрам и да ме снема Сега веќе никој не ме закача
@realGirl не бе не сум верувај ми заслужија.. Тоа што ми го направија беше многу полошо.. Све имав истрпено па ми дојде преку глава ептен ги трпев.
Не ти е лесно во такво опкружување. Мене некој да ми приреди нешто слично, т.е. моите зборови да шетаат од уста на уста, земјотрес ќе им предизвикам (не ми се случило од седмо одделение) Друг пат, кога се доверуваш на било кој, барем предупреди го да не шири наоколу.
Предупредена беше братучетка ми но .. , не можам да паднам на толку ниско ниво али кога ке ги видам ги мразам и не им прам муабет ,ни на братучетка ми ...
Отсеκогаш имало и ќе има таκви жени оговаρачκи. Сρам за женсκиот ρод. Имам таκви κомшиκи, а и една во фамилија. Се ρаботи за едната моја јатρва. Аκо и κажеш нешто, цело маало ќе дознае. Неκои неаат попаметна ρабота.
Имам една ваква во фамилијата. Се што е поврзано со мене ја интересира. Колку повеќе се трудиш да скриеш нешто толку повеќе ќе настојува да и кажеш. Не знам што ја интересира толку со кој се гледам. Пред некое време во доверба и раскажав дека имам некој проблем со дечкото и ми рече дека таа веднаш ќе го прочитала и дека најверојатно не бил за мене. Еднаш и се испушти нешто пред еден бивши, таа си мислеше дека не сум му кажала и му кажа додека бев да побарам сметка. Мислам дека најдобро е човек таквите работи што се да речам приватни да не ги кажува на никој од тие блиските. Подобро на другарка кажи од колку на некој од дома. Не за друго ќе направи да се чувствуваш виновно, ниту совет ќе ти кажи ниту ништо. Ти си знаеш и ќе продолжи да прашува кој е што е. Сурови се луѓето за многу работи, а ако се смирите или ако те побара ќе те праша без срам што направи за да се смирите. Ми се лоши некогаш од нејзините постапки и тогаш се трудам да ја избегнам. Сега за неколку дена треба да се видам со неа и само ќе и кажам дека дечкото си ја исправи грешката. До сега сигурно кажала на тетка ми и тетин ми, па може и пошироко, ама смешно ми е на моменти. Не можеш со неа, не можеш без неа... само убаво да ти се случува во животот и нека си пукни од мака...