На таквите луѓе ништо интересно не им се случува во животот па мора за други да зборуваат се со цел некој да ги слуша, оти за себе да си збореа сами ќе останеа.
Mnoguuu poranoo ogovarav samo ne mnogu, sega za zenski i ne se zamaram, koj me ogovara neka prodolzi strojnicite kaj mene ne ni doagjaat ,
леле о боже колку лошо вака јас затоа, ден денес ниедна од другаркиве што сум ги имала ништо не им кажувам, дури и на најверните, али они више се навикнаа и не ми замераваат Инаку нема спас, сега убо викаш, имам една комшивка која има 10 години а ко баба ми е ејјј, оној вака оној онака, колку и голема устата за зборење, а кога ќе ја навредат за тоа плаче и после пак по старото. Што е најтрагично најголемите уговарачки ми постираат таму статуси на фејсбук демек луѓето биле лоши дека само знаеле да уговараат, бла бла битчез он де худ, што значи нашле кој да го кажува тоа. Спасот тука, дали успех или неуспех сѐ чувај си за себе, како што гледа немаш некој придонес за тоа ако кажеш некому нешто
Pozitivno mislenje ne e ogovaranje. Ako go falis nekoj e mnogu ubavo kako za toj sto go falis taka i za toj sto fali.
Не е точно! Оговарање си е оговарање, нема врска на која тема ќе биде истото... Што има да се мешаат во туѓи животи воопшто, што има врска за арно или за лошо ?
Ги имало и секад ќе ги има , јас ги дефинирам како луѓе кој покрај своите проблеми до гуша повеке се интересираат и дискутираат за туѓи , се ситат на туѓа несреќа или фаќаат сеир најчесто ти се другарки , другари некој кој има близок извор до твоите проблеми... Бирајте си го друштвото !!Life is too short to spend time with people who suck the happiness out of you.
Оној кој озборува со тебе, еден ден ќе озборува за тебе. Непишано правило. Не сакам луѓе кои озборуваат, иако во денешно време е многу ретко да најдеш човек кој не е таков. Едноставно не ми е пријатно во нивно друштво и немам доверба во нив. Барем мене кафето ми е послатко да го пијам додека разговарам за случувања од мојот живот, наместо за туѓиот.
И јас мразам лошо оговарање и се нервирам многу не ме интересира дали имал/а сто девојки/момци, или кој ја зема со каква кола кај оди шо прај како изгледа слободна држава шо сакаат ќе прават. Тоа не треба да биде ваша работа, а добро оговарање од типот шуба/в беше дотеран/а, пицнат/а, сите ја/го гледаа, успеј во то и то, си купи тоа и тоа, онаа/ј го сака ми се во ред ја сакам туѓата среќа, а се карам за лошо оговарање.
Според мене, ако оговараш некој што направил нешто кое што влијае врз тебе, тогаш е прифатливо да озборуваш; а ако нема никаква поврзаност со тебе... направи си го животот интересен и не се мешај во тугиот.
Не постои човек кој барем еднаш не озборувал за некој друг било да е добро или лошо...обично секогаш е нешто лошо или народски што би се рекло тргање сеир. Многу е лошо што озборувањето за некои личности станува главна преокупација во нивниот живот. Па на тоа посветуваат доволно време и внимание секој ден
Ја не се сечавам да сум оговарала.Кога излагам со другарка,темата не ни е:што има ново кај овој/оној,туку за нас две.Ако имам нешто да кажам за мене кажувам,исто и таа,главно збориме за новости на пример каде би можеле нареден пат да одиме,да почнеме заедно на вежбање и такви теми.
Во последно време мислам дека алергична станав кога ќе се најдам во таква средина ,па дури и бурно реагирам
Имав две другарки беа гз и гаќи, но кога ќе останев насамо со едната еден куп лоши работи зборуваше за другата и обратно. Ги откачив и двете бидејќи кога биле сами сигурно ме одговарале мене. Не ми требаат такви луѓе...
Гледам дека темава затајала на некој начин, еве прв коментар за 2020. Многу ми е чудно како сите се иформирани за некого. А всушост секој си има позадина на проблемот а луѓето чекаат сочен трач без да погледнат на својот живот и осудуваат. Колку пати некој ќе сподели нешто со мене и ќе каже како незнаеешш лелее па ова човек е сега топ тема, дури и од повозрасни го добивам тоа како кометари. А истовремено кога ке седнат сомене го зборуваат тој што не е присутен и веќе знам дека истото и замене се прави. Дури сметам дека им сум досадна на луѓето бидејќи моите теми не вкучуваат озборување, кога ке споделат нешто не коментирам и сакам да зборувам за мода,книги,професијаа ....
Јас сум вакцинирана од оговарање ,и не ме ни чепкаат оти сум му била досадна ,зошто не се спуштам на тоа ниво да оговарам. Го мразам тоа.
Јас се имам запрепастено од тоа колку озборува(ле)ат особи за кои никогаш не би претпоставила дека се со такви афинитети. Ама по се тоа ништо повеќе не ме чуди.