Сите оговарате. И јас оговарам. Озборувањето не е само плукање и навредување, туку секое зборување за некој кој не е физички присутен во моментот. Први сте во темата за македонски јавни фаци, а тука глава давате дека не озборувате. Оти не сте искрени? Нема човек што не оговарал барем еднаш во животот.
Еве токму тоа, наместо луѓето тоа да го гледат како позитивна карактерна особина го гледаат како мана, гледам и многу интелигентни луѓе го прават тоа... и секој знае за секого овен тој самиот, бидејќи озборувањата не стигнуваат лично до тебе.
Се согласувам со @ilyan погоре. Озборување е зборање за некој кој не е присутен, најчесто во негативна конотација ама не мора да е така, некогаш е пофалба, некогаш искажвање на загриженост. Премногу сме социјални суштества за да не збораме за другите. Јас, рака на срце, не сум оперирана од ова. Сакам се да знам. Мене ако нешто ме докрајчи ќе е љубопитноста. Така да ко ќе се карате на форумов нешто јавно ама ептен од околу, плс пишете зошто. Ок сите мајтапи на страна, кога барате пријател гледајте колку и како оговара. Сите оговараат до одредена мерка ама има една граница. Дали тој некој кажва шо слушна и шо виде и fantasy play и шознам генерално мислење зошто сака или неќи некој и коментари за актуелна ситуација; или кажва нешто шо му е кажано во доверба. Првите се оние goofy мајтапи шо сите ги прајме, вторите не се материјал за пријател. То шо му е кажано во доверба ако го шири од еден, ќе го шири и од друг, вклучително и тебе. Претходна другарка шо имав ми велеше: "ова ми е во доверба ама не можам тебе да не ти кажам" демек блиски. То мене ништо не ми менва. Прво, неќам да знам работи во доверба каде довербата не е во мене. Второ, нема ништо и неа да кажам пошто се гледа како ракува со туѓа доверба. Дај нешто да се насмејме без последици, don't make it too real. Едит. Скролнав назад си најдов старо мислење ахаххаха за другарка шо оговарала. Гореспоменатата е аххахахаххаха
Се е до гледишта, затоа сакав темата да се разработи, според мене тоа се конструктивни критики, и тие по основа се полежни цело време на тоа бидејќи и се јавни фаци ( а за навреди и приватни работи кои јавните фаци и блогерките ,за тоа кој колку пари имал или слично и безброј карања секогаш сум била против и тоа го искоментирав на друга тема во врска со дебатите на форумот) поентата ми е, другарка за другарка, на работа оговарање на колеги , или на пример за некој човек што само на фаца го познаваш, коментари еј тој го фанале со швалерката, или тој го избркале од работа поради тоа и тоа, во тој стил коментари а секој има свој прича у животот.
Работи кажани во доверба и притоа прераскажани на други е озборување. Тоа не постои кај мене. Затоа луѓето често ми се доверуваат затоа што знаат дека јас не трошам време озборувајќи ги нивните животи. Таков тип на човек сум што не ме интересираат луѓето и нивните животи.
'Озборувам', интерно. Со блиска фамилија, за блиска фамилија, со најдобрите другарки, за проблемите што ги имам, кои инволвираат други луѓе. Пошироко не озборувам, а ако кажам се' што знам, покољ има да има. Македонски и не знам какви 'јавни фаци', пропагирам да се затвори, и ми е една од најглупите теми на форумов.
Озборувањето е секојдневна појава која за мене претставува пополнување на време во отсуство на теми за разговор. Луѓето не знаат за објективност, реалност, среќа. Живеат по шаблон, а неуспехот го бараат и препишуваат на останатите во услови кога коцките не се подредени според очекувањата. Тоа што е надвор од мојот домен на интерес и карактер, ме исцрпува да го слушам, а не да се внесам во "реконструкција" на приказната. Тие со коишто сум блиска се релативно малку и добро се познаваме за да трошиме непотребно време и енергија. Ретко се доверувам. Ако одлучам да споделам, за разговар избирам пријател. Тоа што го знам останува само меѓу мене и "доверителот". Довербата е клучен аспект за воспоставување и одржување долгогодишни контакти, а моите пријателства траат 20+ години...
Цело мало ме оговара и му посакувам да му дојди на глава. Не оговарам аи не сакам, а интересно мие да го слушам некој кај шо оговара.
Болест. Некој кој е осетлив или многу млад, ќе си ги земе при срце муабетите кои му ги вадите, може скроз да се повлече, притоа да го занемари својот потенцијал, и така се уништува туѓата среќа. Има општества кај што секој гледа пред себе, луѓето не се занимаваат со приватноста на другите, ама во Мк....стока од народ.
Се нервирам ептен кога некои ќе почнат да јадат гурабии за други луѓе и мене ко ме мешаат во нивни проблеми