Еххх..секој жив што постои озборува и никој не може да ми го докаже спротивното.Факт е дека жените повеќе озборуваат од мажите Па и јас лично озборувам..сега што,не е некој грев нели?!
секој жив озборува,мислам ретки се тие што не озборуваат па дури и машките ама не си признаваат и јас озборувам чесно си признавам
Не е точно дека женските повеќе озборуваат, имам многу другари, најчесто кога одам кај баба ми таму само со машки се дружам и кога седам со нив се чудам зошто сите велат дека ние повеќе озборуваме.
Озборувам па што секој го прави тоа особено кога сум со моите другарки не секогаш ама често озборуваме
сите го мразат, сите знаат дека не е убаво...ама нема човек што не озборува бе, само некои признаваат - некои не.....некои свесно - а други несвесно го прават тоа убаво е да озборуваш, ама не е убаво да те озборуваат.... така некако ќе му дојде работава ја си признавам озборувам и тоа многу во последно време, морам да намалам...да ставам граница дека почнав да поминувам некои црвени линии и знам дека ме озборуваат, ама многу не ме погодува тоа зошто и јас истото го правам
Мене ме нервира кога некој ме озборува а гледа во мене. Значи некои што не знаат да озборуваат. Јас ретко кога озборувам ама кога го правам тоа викам ,,не се врти чекај малце,,. Не озборуваат, не прават центар на нивните неинтересни животи
Сите знаеме да кажеме по некој трач,па и јас спаѓам тука.Ми се има случено да почнам да озборувам некој или пак поубаво звучи да кажам факти Може да се каже дека сите озборуваат па и машките
Епа сите озборуваме, па после велиме ТОА Е ФАКТ и јас спаѓам во таа група, не познавам некој/а што не озборува
Ако кажам дека не озборувам ќе излажам. Не ми смета ако ме озборуваат, се додека ја кажуваат вистината. Кога се кажуваат работи кои не се точни, ме нервира многу, во спротивно зошто би не навредувала вистината нели ? Во последно време се изненадувам од тоа колку машките оговараат Бетер од стари баби се
Ех... на моите комшики треба диплома да им се даде за озборувањето Ми се случува и мене, да седнеме на кафе со другарки, да ги споделиме најновите сочни трачеви, кој со кого се фатил, раскинал, се скарал, се смирил... Можеби озборувам, ама па не измислувам глупости како некои што си прават филмови за да испаднат интересни.
точно на претходново мислење ама сепак не е мој стил. За мене озборувањето е начин да добијам информации за некој и кога тој мене ќе ме стави во испровоцирана ситуација да можам да му ги плеснам сите дознаени озборувања за него/неа. Но во принцип не ме интетресираат туѓите животи, што прават итн, имам свои грижи
сите озборуваат, опседнати има се повеќе и повеќе .. венчето да ти е на другата страна ќе те направат лом со зборови .. мислам факт е дека се озборува до лудило !
Под озборување подразбирам кажување невистинити работи. Секогаш кажувам вистинити информации. И за мене сакам да се кажуваат вистинити информации.
Исто и јас..и многу се нервирам кога некои се прават дека се знаат и коментираат околу тоа дали е исправно или не е ....а немаа т поим дали воопшто е така!
тоа предизвика да се одалечам од другарка ми бевме неразделни иако секогаш сакаше да се прави главна... бевме мали па пушти озборување дека сум и кажала кој ми е симпатија.. јавно кажа на сите и на него дека сум го сакала што нема ни 2 проценти точно. дека ми беше другарка сите и поверуваа и до ден денес никој не може да свати дека лажела
Во принцип не се замарам со туѓи животи,ама по некогаш како и сите останати интересно ми е да слушнам некој траЧ,да искоментирам нешто и така,а инку повеќе преферирам да кажувам се што мислам во фаца