Леле многу сакам да озборувам , тоа ми е мана и сакам да ја искоренам ама тешко. Верувајте има луѓе кои не озборуваат и кога ќе се најдам во нивно присуство дури се срамам што сум таква и се трудам да не коментирам за другите, ама тешко ми оди. А ако приметам дека мене некој ме оговара тогаш полудувам Некој ден ќе ме натепа некој, сигурно
Епа кога се кажува вистина и кога се изнесуваат факти тоа не е озборување. Порано кога бев помала,кога почнавме да излегуваме,многу озборувавме со другарките.Ама она баш МНОГУ!Кога ке се сетам само... Потоа едно време скроз престанав да озборувам,ама кратко траеше како што велите еден ке почне па и ти се навлекуваш Ама не озборувам ни приближно толку како порано,сега се плеснувам во лице Поточно се трудам воопшто да не го правам тоа бидејќи навистина не ми се допаѓа озборувањето.Не е убаво за некого да зборувам како се облекол,што правел во кафиќ,кога можеби и на тој некој не му се допаѓа како се облекувам или однесувам јас.А нема да ми биде убаво ако за мене зборуваат
Ние не озборуваме, ние кажуваме ФАКТИ! Тоа е нашето мото и се држиме до него. Абре кој не трачари од време на време? Па тоа е ментална храна и релаксација на македончето. Сите го прават тоа, некои помалку, некои повеќе, некои со усул, некои без. Некои нации спортуваат, некои манијачно се сексаат... Македончето озборува. Gossip Girl is a Macedonian Girl ! Ете така, поздрав и седнете на едно кафе и потрачарете. Редактирам: Познати ретко ни се предизвик за озборување. Не ни се интересни, скоро се' знаеме и не не интересираат. Ама сега излегуваме некаде и некоја мома се дотерала по последна мода нАли, тропка и ѕвечка како новогодишна елкица, дречи карминче, нарачува мартини - со шеќер или без? Средно, ве молам и ајде како драги луѓе да се премолчи? Како? Нема, ќе проработи трачарски ген и то е то. Дури и си ја зјапаме, ич не ни пречи дали ќе не види. Можда ќе и дојде памет, ако не види.
А да.Заборавив да напишам дека и машките озборуваат и тоа многу многу многу стварно не би можела да кажам кој повеќе озборува,машките или женските
Не верувам некој да ми каже дека никогаш не рекол „Леле што дознав, да ти кажам“ За некој комшија, за некој познаник, на овој ова, на оној она, се е тоа најнормално со другарките да збориш додека никого не повредуваш. а ја што знам машки, можам вода да им носам на колена за озборување, алал нека им е
Јас сум во групата на луѓе кои озборуваат! Меѓутоа имам правило и настојувам да си го почитувам,а тоа е Внимавам пред кој озборувам! Со мои блиски другарки споделувам различи информации,се опуштам да искоментирам и за нешто кое не ми е ич од работа , збрувам и за луѓе кои не ги познавам доволно...но само пред моите доверливи луѓе кои знам дека моите трач муабети нема да ги протолкуваат на друг начин! Најчесто пренесувам информации што сум ги слушнала, случки што ми ги прераскажале или сум ги видела јас...понекогаш и претпоставки... од различни области на секојдневието! Инаку досега не сум имала ниту еден проблем во врска со озборувањето (значи навистина ги бирам луѓето пред кои озборувам ) а ми се има случено да ме искоментираат мене како личност која не сака да озборува (а тоа е чиста лага) бидејќи во некое друшто не се осмелувам да коментирам нешто кое подоцна би ми предизвикало проблеми! Ова морав да го кажам дека озборувањето не ми оди со дечко ми! Ме нервира пааа...ич нејќе да каже некој трач,да ми го освежи денот со нови информации
озборувањето било, е и ќе биди актуелно, оти секогаш ќе има некој шо нема друга работа, освен да озборва позз
Нема ништо послатко од кафенце со другарките и добар трач. Ние сме големо женско друштво, па секоја знае по нешто ново икога ќе се соберме лом правиме Озборуваме, да. И тоа многу! Скоро шитав дека озборувањето кај жените поттикнува лачење на некој хормон, па според тоа било здраво! И после некој ќе ми каже дека било лошо да се озборува. Тоа е суштински дел од привилегијата да си женско!
машките мн повеќе озборуваат од женските,го знам тоа од сигурни извори ми имаат кажано мн другари и ги имам служнато како оговараат
1. До сега не сум запознала жена или девојка која воопшто не озборува (трачари) 2. Сите што пишале овде кажуваат дека козборуваат, а потоа следи оправдување како...што...зашто...барање изговори зашто тоа го прават, со цел да си се оправдаат и да се утешат дека тоа е исправно (ова е мој закчушок, немојте да ми се навредите...и јас спаѓам тука) 3. Се виде колку не озборуваме/трачариме по темата фемина трачеви.....жени бе
Еј ме насмеа темва! Guilty as charged Со моиве жени кога ќе си седнеме, устите ни паѓаат Не се правдам, не ме карај Гоу си озборувам и убаво ми е
Не се сложувам баш со одговорот,поради тоа што има сепак некои жени што не оговараат.Обично луѓе што се задоволни од самите себеси и што имаат исполнето време не оговараат.А ова го знам од искуство зс јас негдека пред 2 год не се замарав со никој и со ништо (некој гол да се соблече пред мене гајле ке ми беше,негов живот негова ствар )а у принцип оговараат луѓе кои немаат што да праат,имаат премногу слободно врме или се исфрустрирани и лечет комплекси со помош на др луѓе
Во ред тоа е твое мислење, а ако добро го прочита моето јас имам напишано дека ЈАС НЕМАМ ЗАПОЗНАЕНО ЖЕНА КОЈА НЕ ОЗБОРУВА ДО СЕГА! Можеби ти си запознала и тоа си е твое. Еве јас не се согласувам со твоето мислење дека ако некој озборува (трачари) си лечи комплекси...тргнувам од мене трачарам за релаксација, за да се насмеам понекогаш на туѓите гафови, за мене е тоа сосем нормално да озборувам и да ме озборуваат но до некоја граница на пристојноста.
Јас не озборувам јас коментирам . се шалам. Да озборувам мора да си признаам . И мислам (не мислам знам) дека не постои некој што не озборува!
секако дека озборувам,поготово мушки газови! а со девојки па и не се замарам премногу... али што ќе беше светов ако никој за никого не зборуваше
ххаха добро позната тема Секојдневно слушам муабети за овој за оној... ама не се мешам, си молчам додуша не ме ни интересира. Одбегавам да оговарам со помислата нуму да оговарам пред погрешна личност не знаеш на кого да му веруваш, а не се ни замарам. Толку чудни девојки сретнав во средно што неможам да се изначудам искрено што се се деси овие 2 години... Затоа си оговарам за убави работи... како што рече мар17 останува да си оговарам само за машки газови
Незнам дали е во самата човекова природа или поради тоа што немаат друга работа, ама луѓево навистина многу се занимаваат со оговарање. Мислам дека кога се нема некоја заедничка тема на муабет, најлесно е да се оговара некој друг (онака колку да се има за што да се зборува). Јас лично не сакам и сум против озборување. Колку што може (ако воопшто може) гледам да избегнувам и не практикувам таков начин на муабет. Но, изгледа на луѓево им е многу интересно, па...не може а да не се слушне некој трач, и тогаш секако од едно уво влегува, а од другото излегува, често заборавам и не се замарам да паметам кој со кого, па кој како, зошто...итн. (ако не ме интересира). Доколку не се уверам сама во тоа што некој/а го тврди, не верувам многу и не се замарам со трачеви.
Иако сите мразиме да бидеме озборувани, мора да си признаеме дека и ние понекогаш озборуваме (иако можеби кај некои се случува многу ретко, скоро никогаш, но сепак се случува). Тоа е честа појава кај луѓето, а посебно кај женските.
Озборувам но со мерка!Што имам една другарка таа муабетот и е само за други,кој што правел,каков бил и.т.н. тоа за мене е претерано.И јас понекогаш озборувам,но воглавно онака колку да се најдам во муабет,а не цел муабет да ми се сведува на тоа кој што правел,како правел...ЈАс го живеам животот за себе,а не за другите!