Gossip Gossip Gossip Girls Омилена тема ми е.... Ни ја немам сретнато до сега жена што не озборува...исто така не се сложувам ни дека озборуваат оние кои лечат комплекси, кои немаат свој живот и бла бла....NOT!! Релаксација ми е...со другарки кафе и трач...ммм перфект
Па да не велам не ... сум се фатила себеси во ситуации да оговарам, но не сум и никогаш нема да бидам дел од оние луѓе кои буквално живеат за да ги набљудуваат туѓите животи за потоа да има што да прават муабет. Или оние кои немаат сопствен живот и немаат како да го тепаат времето па седнале сабота на кафе и гледаат само некој трач да дознаат. Ме нервираат таквите луѓе и тоа многу. Многу ми е гајле што правел некојси таму...
Во ред е да се оговара до одреден степен,мислам..можеби и не е во ред,но ете како и еден куп други не_во_ред работи кои ни се составен дел од животот,се толерира до одредени граници.И нема никој имун на ова,на сите ни се случува,понекогаш свесно понекогаш не,во помала или поголема мера си оговараме,и убаво ни е. Али ,постојат и такви кои може да се каже дека се опседнати со оговарање,како да се зависни да трачарат,да прокоментираат и да слушнат нешто за некого,за било кој билошто.Епа се што е претерано нечини.Пред извесно време сфатив дека имам вакви личности во моето опкружување и некако ги избегнувам.И тоа од проста причина што ми се заморни и досадни,сфатив дека секој муабет што го кажуваат е оговарање или има некаква врска со оговарање,не постои ништо друго што ги интересира и што знаат да кажат...Не можам да комуницирам со такви.
По природа сум тивка, не оговарам нешто, не пронаоѓам задоволство у тоа. Оговарам машки. Најчесто сељаци.
Па не знам некоја посебна дефиниција за озборување. Не озборувам, ама коментирам . Сакаме со другарките да фаќаме сеири, да коментираме кој како е облечен по градот, кој како се однесува. Ама тоа останува само помеѓу нас. И не знам овие разговори не се нешто страшни, па дури и друг да дознае, нема сигурно да дојде до кавга. Убаво доаѓа една партија трач полиена со кафе.
а кој не оговара? да и ние оговараме со другарките како што кажа BeYourself понекогаш свесно понекогаш не
Нема човек кој не искоментирал, леле види како е облечен/а. Нема човек кој не кажал, леле тој и тој ама ме нервира..И тоа е еден вид на оговарање. Дури и некоја позитивна критика да упатиш за некој кој не е во твое присусто е вид на оговарање. А сега сецијално јас да почнам муабет за некоја особа, е така не. Што знам, може да прокоментирам, ако сум изнервирана, ако сум си поминала убаво, да си раскажам случка, кој што кажал како се однесувал и толку. Не навлагам во ситници.
Еве ја озборувам... Трач сесии обожавам... Дури и специјално почнувам со муабет за некоја особа... Ама си знам пред кого тоа го правам, пред најблиските другарки... Нека збори кој колку што сака, ќе зборам и јас... Не ради друго, интересно ми е!
озборување? повеќе би го нарекла коментирање или прераскажување, односно најчесто разговор без цел или народски кажано празен муабет. сепак на запад на некој тоа му е професија и на никој не му смета, ама луѓето таму немаат ни време да оговараат едноставно тоа е работа на некои таблоиди и тв шоуа или списанија. сепак оговарњето во нашата „нашата одомакинета “ форма е замена за психотерапефт што во америка скоро секој 3 го има, ние се самоанализираме оговарајќи ги другите учиме на тугите грешки, сфаќаме што скаме што не, што е убаво според нас а што не итн. сепак многу мразам оговарање од корист за де се наштети на некому, да се расипи нечие другарство, нечија репутација, тоа го прават само болно искомшплексирани луѓе , па нели сите си имаме свое јас и свој живот? кога озборувам најчесто озборувам за да го кажам своето мислење пред своите другарки без цел да наштетеам некому иако повеќе сакам да му кажам в лице некому тоа што го мислам за него и неговите постапки, отколку зад грб да озборувам, иако тоа е еден начин олеснување и оддалечување од сопствените проблеми.
Ќе излажам ако кажам дека не озборувам. Сите го правиме тоа, кој почесто, кој поретко. Секогаш добро ми доаѓа кафе и малку трач муабети.
Не можам да кажам не.. ретко и за луѓе кои го заслужиле тоа( со некои постапки).. сепак не гледам никаква сатисфакција во тоа до таа мера, секој ден уз кафе-цигара муабет, да се замарам за нечиј туѓ живот..
Озборувам ДА али ја озборувам личноста со која сум имала кавга.Но никогаш не би озборувала како некоја нема што да носи,што јадела и сл.Такво луѓе страшно ме нервират. се возбудив малце
Озборувам но "чисто спортски", не се замарам многу нити сум опседната со дознавање на најновите трачеви. Кога ќе слушнеме некоја интересна информација се зезаме со другарките да ни поминува време
И јас сум од лошите теткици што оговараат дур си сркаат кафе можам и без кафе.. ми одат и така на суво. Ок не баш нешто многу, повеќе слушам одошто зборам, ама не ме изолира тоа од вината де... пак и ми се случува да си се вклучам во разговорот и јас со некоја информација плус да се насмеам на нешто, на нешто да замрам од смеење па дури и да го пренесам муабетот ако ништо друго и до дома, на кафе од сабајле со мама Најдобро оговарањето ми оди со другарите е од нив што се ќе чуеш, тоа е НЕВЕРОЈАТНО. Како бе е можно машко до толку такви глупости да заприметува и да се замара со сето тоа. Аууу! Жените биле оговарачки, ма како па да не. А и на работа, што да прави човек ако не виси на нет ццц мораш да начулиш увце и да чуеш за луѓето со кои работиме, хефето, па некој за пријателите ќе си каже, пак дечковци па ово-оно. Го правиме да. Не е за гордеење, ама па не е ни за да се срамиме.. мислам бар.
Да бидам искрена не сакам да оговарам,затоа што не ми причинува задоволство,а и не сакам да бидам јас тема на оговарање,,,повеќе слушам кога некои оговараат,не дека јас не знам да прокоментирам нешто од тој тип на муабети,ама имам граница секогаш,и се стремам да бидам што подобра личност така да избегнувам такви работи со кои не сакам да се замарам и да се трујам,мозе некое најобично несто да се оговара,но не да тупам памет и да ме интересира што се случува во нечиј живот,тоа не,освен ако случајно да се најдам на сред такви разговори па да бидам слушач некогаш онака чисто ради забава...
Во нашиот ментален македонски склоп е озборувањето.Па нормално дека озборувам,а најинтересно ми е со маж ми кога ќе седнеме и ќе ,,анализираме" луѓе од нашата околина. А со пријателките и со сестрите ми е најинтересно,тогаш секоја со своите коментари. А мажите се поголеми озборувачи од жените,скоро сум сигурна.
Озбрувам со факти и некои луѓе кои навистина тоа го заслужиле на пример злобна е,скржава,себична... Но никогаш, ама никогаш не озборувам некој кој е сиромашен,нема пари и слично.
Не сум "Озборувахоколик" , ама нема живо суштество што нема кажано некој збор за некого или чуено за некого. Спојлер И да ви кажам па, во денешно време, со социјалниве мрежи и да нејќеш, се ќе дознаеш.