1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Озборување!

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од manevska.mila, 5 март 2010.

  1. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Не познавам личност што не озборува. Сите озборуваат, а тоа јако јако ме нервира. Некад кога у друштвото озборуваат избувнувам и им велам „добро, не мислите дека треба да застанете?!“. И јас понекогаш озборувам, не викам не, али тоа се случува мноогу ретко :)
     
  2. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Си озборувам и баш ми е фино.

    Ми се полни душичката кога ќе си седнам на кафенце со другарка и ќе ја затераме работава. :D
    Особено кога ќе се подсоберат повеќе информациички, де од ваму, де од таму. Абе мераци!
    Имам обичај и некогаш на Македонија во Мексикански, Начос во една рака, вино во друга рака и озборуваш се што мрда наоколу.
    Приметно или не, со усул или без си тераме така ден по ден... :)

    А најфино ми е кога после долг и лош ден се споделуваат сочни информации.
    Не гледам дали се вистинити, битно сочни! :D
     
  3. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    За мене нема порелаксирачки ритуал од трач сесија со другарките.
    Најчесто си ја органзираме кај некоја дома, со еден куп грицки, слатки, чуда и секако кафиња. Многу сме и не се гледаме секој ден, така што кога се собираме секоја има по нешто интересно да каже. Озборуваме, и тоа многу. И убаво ни е.

    Погоре имаше напишано некој дека е во склоп на нашиот македонски менталитет, со што апсолутно не се сложувам. Озборувањето е дел од секојдневието на секој жив човек во секоја земја на светов. Сосема е нормално и нема никаква поврзаност со менталитетот, туку со психата на самиот човек.
    Некаде читав и статија дека озборувањето во нормална мера е здраво, зошто потикнува лачење на хормонот за среќа. Ако ја пронајдам ќе ја постирам.
     
  4. Astrid

    Astrid Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    23
    Не сакам многу да озборувам со било кој или за било што, ама со другарките тоа е дел од другарството...... не може поинаку! Омилена тема: момчињата со кои сме биле и нивните „бакнувачки“ способности! :rofl:
     
  5. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Ах...озборување тоа е неизбежно со другаркиве.
    Па и кафенцето ни е послатко така!
    Ќе си ги заредиме сите што ги знаеме од прв до последен на оговарање. :D
     
  6. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    3.203
    Пол:
    Женски
    Кој не озборува на денешницава?

    Озборувам со најблиските другарки и тоа најчесто некои интересни информации до кои ненамерно сме дошле... Значи онака уз муабет :D :D

    Имав една школска што буквално живееше од озборување... Нејзе само требаше да и кажеш нешто и потоа тоа го знаат сите од 7 до 77 год. Чак што више и додаваше.. За вакво озборување сум против..

    Не додавам нешто што не е и тоа што го трачарам со другарките не го споделувам со никој друг... Всушност, трачарењето ни доаѓа како терапија за да се изнасмееме... :) :rofl: :rofl:
     
  7. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    Озборувам не велам не, ако не е тоа, за што би зборувала со другарките? За гладните во Африка? Јеа рајт. Сите кои ке кажат дека не озборуваат лажат. И машките озборуваат некогаш и повеке од нас жените. Значи озборувам но озборувам со мера, некогаш не ми се озборува ниту пак ми се слуша кога другите озборуваат. И јас сум била озборувана, и тоа најмногу ме нервира кога приметно озборуваат. Абе апла на глас за да се чуе. И шо? Е многу големите ја**а со извинение, ако чујам дека за мене зборуваат. Пффф. Знаете како велат? Пред да трачарете за мене чекајте да ви кажам што слушнав за вас. :D
     
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Има огромна разлика од озборување до озборување.

    Оној вид озборување кој е повеќе пренос на впечатоци и горе-долу познати факти од типот кој со кого, каде, како и што или нечии гафови или аутфит и слично, не го сметам за нешто штетно, дури знае да биде и забавено со кафенце или друг напиток да се дегустира.

    Ама, озборување со блатење и девалвирање личности без разлика дали со или без основа - ова неколку степени полошо од претходното - не само што не поддржувам, туку и немам респект за личности кои се занимаваат со истото. Колку треба да е некој бедна душичка да си додава на вредност со тоа што ќе обезвреднува други лица?! Иако меѓу луѓето независно на пол, се јавува компетитивност, дали е во ген дали стекнат рефлекс - не знам, ама едно знам - луѓе кои не играат фер-плеј за мене ќе останат вечно во аут.
     
    На MandyLane и Gea им се допаѓа ова.
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Еве ја статијата :)
    http://zazabava.com/tracharanjeto-e-zdravo

    Со моите другарки редовно си имаме неделна средба за кафе и дружба. Е тука паѓаат секакви муабети, од кажување на новости, средување на некакви впечатоци, па се до озборување. Но, не озборување од типот на омаловажување на некого, туку кажување на најновите трачеви кои сме ги слушнале. Кој со кого, како, каде, што... Мораме да бидеме во тек со настаните. :wasntme:
     
  10. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Абе драма, драма, драма. :rofl:
    Си трачарам, да. Посебно фино размрдување е од сабајле во бифе, со кафе и цигара во рака да слушнеш добар сочен трач. Girl's stuff. Кој биле на мета алал нека им е. И не се вреѓа, само се кажува вистината.
    И стварно, јас кога кажувам за некого нешто, кажувам некој факт за него, нешто што тој го кажал, не парафразирам и не вадам од контекст, не сакам после да испадне кажувам лаги за некого.
    Just talking. :lol:
     
  11. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Да ви кажам у последно време не разликувам што е обичен муабет,а што озборување.

    Ма, нема врска. Не озборувам многу, ама некат кога мора да се тепа досада. Интересно е, де. :rofl:
    Си трачариме со другарки понекогаш, и ми фали тоа бре! Си оговараме човечиња што не нервираат, и машкички што не нервираат исто така. Дотични, особено. Да де, да. Јако ни е! 8)
     
  12. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Ако нема озборување...каква тишина би настанала...... :x
    Едноставно луѓето немаат за што да зборуваат....
    Немаат свој живот, живеат за туѓите животи.... :fubar:

    Ние во друштво оговараме, ако кажиме некој детал за некоја наша познаничка, пр. Х се вработи, У се скара со дечко и`.....Не знам ни дали спаѓа ова во оговарање... :?:
    Ама никогаш, за некој кој не го познаваме, или го знаеме од `извиѓење`, па ај да оговараме за сите...

    И мразам очигледни оговарачи!!! :^) Ако веќе оговарате, барем бидете дискретни. :!:
     
  13. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Денес ретко кој не оговара, денес и машките ко жени оговараат, дури да ти се гади, не поднесувам оговарања тоа е лицемерие во една рака, не оговарам никогаш, ако некој не ми одговара го избегнувам, во други случаи се што имам кажувам директно, неможам да трпам па уште зад грб да зборувам а да не му кажам, уште толку ќе ме копа :@ , ништо така не постигнувам.

    Трачеви не следам, немам време за тоа, секогаш трачот стигнува до мене случајно, ептен неможеш да ги контролираш, но не ги проселдувам со внимание никогаш, бидејќи ич не ме интересираат.

    Женска тоа е спомнување, сите ние некого спомнуваме, неможеш на некого а да не се сетиш или споделиш некоја новост врзана за него.

    Јас лично озборувањето го гледам како зборување безобразни работи за некој,измислици и нивни преувеличиувања.

    Сум наишла на луѓе кои озборувањето им е храна, ќе почнат од комшијата ќе завршат оговарајќи цело маало и тоа се некои неврзани муабети, измишљотини и сквернавување на личноста.
     
  14. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Озборување во смисол вадење нечии валкани алишта на виделина, со цел да јас се чувствувам подобро-не...видов дека после моментот на ''еуфорија'' јас сум таа што се чуствува бедно, па престанав да го правам тоа. А го правев демек од забава, но да не се лажеме забавно е да денсаш на фино музиче, ова другото ти е обид за сопствена психотерапија...
     
    На interesna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    Сите озборуваат :tmi: Мене не ми е грижа дали ме озборуваат, не се замарам воопшто, ако не им е мака нека си озборуваат цела вечност :mm: :mm: ^_^
     
  16. Reaper666

    Reaper666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    15
    денес на луѓето им е важно што прави "комшијата" .. така да .. 98% од "муабетите" се озборување :worried:
     
  17. Ani.taa

    Ani.taa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Озборување: да си ја прекриеш сопствената гадост со тоа што ке ставиш друг в уста и ке правиш од мравка слон. Не дека не сум озборувала, сум , но со граници :!: Но на некои стварно тоа им е секојдневна тема, да се занимаваат со туѓите недостатоци и проблеми |(
     
  18. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    Да сум озборувала и тоа мн со моите поранешни другарки.... сега само со школската ќе прокоментираме нешто и толку,ма и боље е вака може некои проблеми да настанат затоа молк :x :lol:
     
  19. Xtinna12

    Xtinna12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    6
    Многу озборувам дури некогаш го мразам тоа што озборувам кога ќе застаниме со другарка ми цел ден озборуваме иако знаеме дека не е тоа во ред по телефон... :lol: :$
    Инаку секој човек озборува колку и да не сака ќе му се испушти околу муабет... ;)
     
  20. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    Јас не озборувам, само ја кажувам вистината за некои личности :rofl:

    ...озборувам, зарем постои човек кој не озборувал барем еднаш во својот живот? :)