Сите озборуваат. Или барем еднаш озборувале. Ми се случило и мене да озборувам, не велам не. Но, сепак за се постои граница па така и за ова треба да си свесен до каде треба да одиш. Исто така е битно и со кого озборуваш Оти од 1 минијатурна мравка се прави голем слон
Свој леб јади си, туѓо гајле не бери! Ова е најверојатно поука извлечена и раширена од некој кој јадел по носот заради што му течеле мрсулите насекаде. Не е вистина дека сите озборуваат. Да бидеш вистински пријател со некого, секогаш ќе најдеш доволно добри теми за разговор, оставајќи ги настрана гаќите на Мара, сутлијашот на Цвета и долговите на Стојче. Менталитетот ни е таков. Да се грижиш каков е другиот, а да си го занемаруваш личниот одраз во огледалото. За озборување си има посебен калибар на особи. Има и такви кои имаат по некоја таква нишка. Добро е да не си во првите. Озборувањето претставува една состојба во која се спојуваат сличните во размислувањата, по основ нов трач, мрсни вести, и рецепт за фил на новоста. Во озборувањето вклучувам и хипербола на фактичката состојба, која преминувајќи во расипан телефон неретко го урива рејтингот на личностите. Повеќе пати и неосновано. Јас упорно тврдам дека озборувачите се особи кои не знаат што со себе, освен да ги скријат своите аномалии и гревови со напоменување на туѓите како поголеми.
Ретко кога озборувам бидејки ниту ме интересира што прават другите , ниту пак сакам да озборувам за други. Едноставно си го гледам мојот живот и толку.
Озборувам да, и не верувам дека има некој што не озборувал. Не дека толку ме интересираат туѓите животи ама онака кога ќе седнеме со другарки чисто ради забава и да се насмееме
Ми го намалува хормонот на стресот Озборуваме на пример со другарките за некои личности кои немаат карактер, а ''знаат се'' ! Не озборуваме на пример некоја личност која е повлечена, а нема финаанси да се облече! Ги оговараме само тие што треба
Обично не сакам озборувања, а и другарките не ми се такви едноставно си имам доволно проблеми во мојот живот за да се замарам со проблемите на другите. Може да спомнеме нешто за некој дечко, се фатил со оваа или раскинал со онаа или ми се допаѓа.. бла бла ама тоа се типични женски муабети. А кога ќе слушнам нешто за мене што не е точно искрено се смеам, посебно од некој/а што не го ни познавам, ама тоа е, менталитет.
Не озборувам, не ме озборуваат, кој што сака нека си прави, не ме интересира се додека на ме засега мене и блиските. 90 посто од одговорите се: неееее, јас не оговарам. Све интелектуалки на фемина бреееј, јаки4ки.
Озборување во Македонија треба да се прогласи за спортска дисциплина, тука сме прво место, може и олимпијада да организираме и пари од спонзори да влечеме.Се озборува за се и секаде, на работа, на училиште, во продавница, на улица, на гости, по дома... релаксација број еден кога ќе секнат муабетите за политика и шпански серии. Најмногу обожавам кога ќе се појавам негде и пријателкава ми вади коментар - Ауууу што ти се убави менѓушите! вртиш грб и следна секунда му коментира на цело друштво колку кила си се здебелила. Тоа е...средна класа.
кај мене има една колешка кога ке седме секој наме некој од градо што го знае ке почне да го озборува неа ја озборува цел град а она вика и т ва е дојдето од рајо
Јас сум тип кој крајно мрази трачери, кога ке седниме другарките се оговара на големо, а јас како изгубен германец гледам во нив, ништо не ме интересира што се случува во овој мал град.. кој со кој одел, кој со кој изневерил, која останала трудна па се омажила.. Жално!!
Па озборување има на секој чекор на денешницава. Кој со кого се фатил, раскинал, кој што направил, не направил, вака-така. Не се замарам со туѓи животи, си го живеам мојот. Озборувам понекогаш не викам не, жив човек сум, но никогаш не претерувам.
Само едно ќе речам, на народ уста неможеш да затвориш. Но за жал изгледа народот не ја сваќа пораката од бога дека има една уста а 2 уши. (ПОМАЛКУ ЗБОРУВАЈ,ПОВЕЌЕ СЛУШАЈ)
Каде и да отидеш нема да поминеш без озборувања.Само загледување кој каков бил,како бил облечен колку пари носел.Најглупо ми е ова и најмногу го мразам ова не можам да бидам ни 10мин со чоек кој само тоа си го збори.
Озборувањето е болест на 21 век.Нема едно излегување,а да не се прокоментира нешто за некого.Некогаш и јас знам да кажам нешто ама ако има повод за тоа и доколку тоа е навистина така,а не да си филувам работи и да си создавам приказни зошто немам што да правам во слободно време...
Од влакно ортома се прави, па не ми е јасно бе како ова лугето немаат попаметна работа од тоа да оговараат, да шират трачеви за другите а се немаат себеси погледнато во огледало!!! и ајде да искоментираат нешто што е стварно така тогаш ок, нема проблем ама да си прај некој цели филмој е тоа неможам да замислам. Сепак според мене тоа го прават недоволно цивилизирани неуки и искомплексирани особи кои немаат свој сопствен нормален живот и интима, па ајде ке је нарушуваме на другиот. пу срамота.. А у задње време, мажите се многу поголеми озборувачи од жените
Многу пати сме се нашле во ситација некој да не праша за мислење за некого? Мене лично тоа ми се случи денес, другар кој има своја мала фирма, нашол дечко кој сака да го вработи, ми кажува и случајно се погаѓа да го знам детето. Ми вика што мислење имаш за него? Одговорив, спрема мене бил секогаш ок, фино дете, паметно, убаво, според мене супер дечко. Каков работник е незнам и неможам да ти кажам. Едно не сфаќам,а се случило да се погодам во таква иста како претходнава ситуација и да слушнам дека за личност која не ја познаваат доволно, зборуваат се најлошо, толку ја нагрдија, такви зборови изнакажаа најлоши, што никогаш нема ни да помислат тие луѓе на таа особа, а нема никаква врска тоа што беше кажано. Личноста за која зборуваа е сосема спротивна од се тоа. Зошто? Што те чини да кажеш ок е??? Ќе ти падне круната? - Прво за некој кој не го знаеш не го ставај во уста. - Второ секој човек спрема секого не е ист. Сите сме различно поставени спрема секого, нормално неможе сите да ни се блиски и со сите да се сакаме. - Трето не додавај работи со цел да му го уништиш животот на некого. - Најстрашно е ако не го знаеш, незнаеш што прави, а му лепиш грозотии на човекот! Ужас! Мислам дека само кај нас го има ова, прво си гледаме во дворот на комшијата дали има цвеќе, дрва, овошки, а после во нашиот... или никогаш, зависи пак од човек до човек. Сите се замараат кој со кого се плетка, кој која зае*ал или обратно, кој што носи/вози/јаде/пие итн. Зарем малку сопствени проблеми имаме за кои треба да се погрижиме, па да уништуваме мозочни клетки за сосема непотребни работи, кои нас најмалку треба да не тангираат? Убаво е кажано: "Зошто ја гледаш раската во окото на твојот брат, кога гредата во своето око не ја забележуваш" !!!!!!
многу ме нервираат озборувања а знам дека ако јас озборувам дека ќе паднам во тешка ситуација, само со една моја другарка од работа можам да озборувам и со никој друг а многу ме нервира кога некој се озборува пред мене а мене не ме интересира иси седим и молчим