ејјјјјј ова е болест....Ако почнеш со еден цел град оде.кога седнеме со другарка ми за еден па за цел град.....
Најлошо нешто..а ја денот неможам да го замислам ако не изоговарам некој саглам онака, со другарки кога ке седнеме и ке оговараме хах..ама највише мразам кога ке се скарам и после све пренесуваат , а они си го вадат гзот .......
Озборувањето за мене е болест на 21 век...И фала Богу горда сум што не сум заразена и јас Мразам оговарање,празни и излишни муабети!
Има озборување и озборување, не тежат исто. Озборување на најдобрата другарка за тешки теми и озборување на некоја непозната лошо облечена за никаквиот вкус за облекување. Озборување со блиска личност или пак со сосем небитна. Постојано озборување или само трачарски коментар. Релативна работа...
Maлку озборување на никој не му штети. Ама за се да се има умерени количини. Ако некад со некоја другарка се испозанесеме и ни нема крај, и двете ќе го сопреме разговорот со комплимент за личноста, ама ако го заслужува
Озборувањето е дел од сите нас и секаде го има! Јас разбирам да се озборува,односно да се коментира некој/некоја личност,случка,настан! Ама она кога самите озборувачи ќе си направат од игла локомотива,ќе си ја зачинат случката и на крај ќе ја направат приказната како ним им одговара,е тоа е веќе претерано,тоа е болест и жал ми е за нив! Жал ми е што грижејќи се за туѓите животи ги пропуштаат убавите работи од нивните животи! И ме нервира кога судат! Значи ајде биднал скандал,нека има трач,ама осудувањата потоа кој е тука во право,а кој не е малку ме нервираат!
Нема личност што не озборува... само повеќето можам да кажам, се несвесни дека озборуваат. Па дури и со сестра им да почнат да зборуваат дека мајка им во последно време ги подгорува колачите - и тоа е озборување. Многу често озборувам. А тоа го правам сосема свесно и забавно ми е. Обожавам по цел ден да си дрдорам за некој човек (секако со некој друг) и тоа го правам многу долго. Кога ќе почнам да озборувам - едноставно ми нема крај. Озборувањето ти е озборување... тоа е дел ос нас што не можеме туку така да го оставиме. Тоа е секојдневие на секој од нас.
Многу често велам дека нема човек кој не озборува. Но, не се ставм во оние личности кои оговараат. Напротив, воопшто не ги сакам таквите. Околу мене се се оговарачи и ливемери ама со тек на време научив и да се справувам со нив. МНОГУ ЛЕСНО, ИГНОР!
такво време дојде..сметам дека оговарањето е лечење коплекси нешто што ти неможеш да го имаш а таа личност го има и потоа почнуваат озборувањата ваква била таква била.. единствена личност со која озборувам е сестра ми и озборуваме за проблеми која како направила па сеа неможе да се снајде во живот..а вака да почнам да трачарам која што рекла или како е облечена тоа малце не ми се свиѓа.
Сите озборуваме така и јас не сум исклучок .Не ми се допаѓа кога со озборувањето се искривува вистината за да се придобие нешто ( да има позадина лоша ) .Тука веќе станува збор за злоби личности,а озборувањето е дебатирање за нешто ,анализирање и давање свое мислење .(според мене )
За мене озборувањето е нешто најпримитивно(нај сељачко!!) Секако дека никој не е совршен и нема за што јас да го озборувам. Секој со своите маки и проблеми. Несакам да озборувам а и несакам некој да ме озборува ми звучи просто. Си стојам понастрана од тие што озборуваат и од тие што ме озборувале се губи довербата.
Нешто што највеќе мразам рекла -казал овој направил вака овој онака , ова е ваква ,таква неможам да ги разберам луѓево како може да се замараат со туѓите животи аман гледај си го својот живот и на вас да ви е убаво а не да гледате што другите прават па да озборувате.
Најмногу од се мразам озборување.Денешните луѓе само со тоа се занимаваат а ништо друго.Кој што направил,кој то имал,кој се женил кој се оставил се знаат.Абре да одиш у веце и таму знаат што правиш.Одат некаде на гости и само за некого да озборуваат.Многу лоша особина е!Ској си има свој живот и што сака ке прави тоа не ни останувана нас да му судиме или да го озборуваме.А озборувањето е само од љубоморење и завидување, ништо друго!
Во денешно време нема некој кој што не озборува. Најискрено јас мразам озборувања.Тоа е мешање во твојот личен живот. Некој нема свој живот па се грижи за туѓите животи. Кога ќе дознаам дека некој ме озборува не се лутам туку сум многу благодарна што непријателите многу мислат на мене и јас сум главната тема на нивното зборување.
Едноставно,верувале или не коа слушам озборувања едноставно ми доаѓа на моменти да заминам и медитирам,озборуванјата знаат и да ми се здодевна тема,затоа што секогаш се врти истиот круг на луѓе,ку*вите од населбата,пијаниците од зградата ?? алоо ма дај не ги центрирајте...Но да не испадне дека сум некое цвеќе и јас,сепак понекогаш се влучувам во таа тема на разговор...
Одбегнувам да озборувам.Тоа мене ме потсеќа на некоја болест или некоја зависност.Нормално тоа се крие во секој човек но треба да се запазиме да не ни постане хоби . Мајками ме учела да не озборувам пред никого затоа што не се знае каде ќе заврши(во чиви уши).
Едноставно мене никој не ме тера што зборам/како требит, сепак мое е право што сакам да им зборам на луѓето но тие кога ќе пцујат морам и јас да им враќам со пцуење и секако дека луѓето си зборат за наши животи ама тое луѓе кои немет свој живот па се замарет со нас ама ај ..:/ СЕКОЈ ЗА СЕБЕ СИ ГЛЕДА. Многу Поздрав.
Многу мразам озборувања особено кога не кажуваат како што е туку измислуваат само нешто Јас озборувам само со најдобрата пријателка бидејќи само на неа мижам да и се доверам