Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Озборување!

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од manevska.mila, 5 март 2010.

  1. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Колку само мрзам озборување!!! :fubar: :fubar: :fubar:
    Поглупа работа од тоа нема. Во денешно време сите озборуваат, ама тоа е... :| :!:
     
  2. 3m43

    3m43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    И јас мразам озборување ама сите барем еднаш во животот сме озборувале некого со или без намера. :?:
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Плитки и очајни ми се оние луѓе кои се служат со средства како себефалење и оговарање на другите за да стекнат пријатели. Зарем навистина имате толку досаден живот и толку малку си се познавате и верувате во себеси што овие две работи ви се единствените со кои мислите дека може да ги задржите пријателите? Имам две работи да кажам во врска со темава оговарачи:

    1) Пред првиот ден во петто одделение, ова ми го кажаа: „Ако некој/а другар/ка многу ти се праи светец/ица и те известува за се' што рекле X/Y/Z против тебе, да знаеш дека е таа онаа која е најгласна во клубот на озборувачи, особено кога си ти во прашање. Без исклучоци.“

    2) Не се свесни колку често самите си се издаваат едни со други. Многу често целата вистина за тоа што пос**ла нивната уста доаѓа до ушите на озборуваните. Како? Па преку нивните ценети пријателчиња. Зарем навистина мислевте дека користејќи такви ниски стратегии да имате/задржите пријателства ќе привлечете лојални луѓе? Don't think so. Напротив, во најголем број случаи, истите би ве продале за порција пуканки и посочен трач (повеќето дури и само за второво).

    Ама тоа е. За тоа какви ви се пријателите најмногу зборува баш она со што сте ги привлекле во вашето друштво. Нешто толку едноставно, а нешто што толку ретко свесно може да се увиди.
     
  4. Kristina.R

    Kristina.R Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2012
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Машки
    Ако некој ме изнервира знам да озборувам иначе вака да биде главна тема НИКОГАШ
     
  5. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Сметам дека е ужасна навика. Подобро кажи во лице се` што сакаш, барем нема да се труеш сама себе, отколку да збориш и измислуваш позади грб |(
    Така автоматски се ставаш неколку скали под личноста која ја озборуваш...
     
  6. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Да не се лажеме дека сите сме многу фини, мразиме озборување и демек никогаш не озборуваме. За некои е толку нормална и секојдневна шема што не ни приметуваат дека озборуваат. На моменти е и забавно се додека не е од злоба и завист и не повредува, но милион пати имам осетено како штипка посебно кога потекнува од некоја особа припадник на "светиците" што ги има опишано tessie погоре. Па уште и ако е додале некоја измислица...после ништо не те пере, нема да ти веруваат се додека не му/и се скараат на оговарачот/ката :D .
    И да, ако некој упорно озборува едни исти личности, а кога се присутни многу си се почитуваат и сакаат, гарантирано истото го прави и за тебе кога ти не си присутен/на.
     
  7. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Најмногу од се што мразам е озборување.!! Јасно е дека сите озборуваме на овој или на оној начин ама што е премногу премногу е. Ми се има случено да прокоментирам нешто или некој ама кратко со 2/3 збора ама ми пречи нешто и во моментот да ми се испушти мислам се случува а не со саати да озборувам овој вака или овој така. Ако правам муабет ос некоја другарка можам да посочам пример за некого ама без да спомнам име туку онака "некој си така направил" уз муабетот да кажам како пример, ама без име секако. Инаку за моја несреќа околу мене има милион озборувачи. Во мојот клас има неколку кои во лице не смеат А да речат а зад грб од мува прават слон си прават филмови. Професорите даа бетер сите озборувачи. Те виделе со машко и одма си праат приказни таму меѓусебе. Служителките исто. Буквално цел персонал. Има еден во моето школо 1 година поголем од мене машко е ама поголема жена немам видено никогаш! Толку лицемерен човек, толку дволичен значи уште 100 години да живеам не верувам дека ќе сретнам. Цел град сака да го тепа го навредува во лице дека треба да се смени а тој абер си нема. Пак истото па истото. НА сите лице прави и само озборува некој му пишал нешто тој одма слика разговори става на фб слики разни безобразни глупости. Една единствена тајна незнае да зачува. Значи стварно незнам скраја да е од такви луѓе.

    Кукавички е да му судиш на некого кој не е тука за да се одбрани. Само ограничените озборувачи зборуваат за луѓе наместо за нешта.
     
  8. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Не озборувам,и секогаш кога некои другарки ќе почнат да озборуваат некој,си молчам.Ако кажам нешто,можеби еве некој ден да се скараме и да и го кажат тоа.А дека има секакви личности...не сакам проблеми со никој.И плус,секогаш кога озборуваат не е се 100% точно.И обично секогаш нешто си додаваат,одземаат,изменуваат :lol: па на крај излегува нешто сосем друго. :D
     
  9. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Колку и да велите дека мразите кога некој озборува,сепак и вие некогаш сте оговарале...Тоа е човечка особина,тема за зборување.Но,под озборување разбирам да се коментира,ама да се додаваат уште многу измислици...е тоа никако ]:) ]:) ]:)
     
  10. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.024
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Озборувањето постоело,постои и ќе постои затоа што има луѓе кои на тој начиН го хранат сопственото его.За жал,на денешницава малограѓанството е ширум застапена категорија "без пардон" во однесувањето.Секој знае нешто за другиот,а не успеал да го среди сопствениот живот.Патетичноста и завидливоста кај овие луѓе немаат граница до каде можат да одат со коментарите во "филувана димензија".Нивното неконтролирано озборување премногу ми пречат и ги игнорирам.Не трошам време и енергија за да ги озборувам другите од причина што никој не е достоен до тој степен за да се занимавам со неговите постапки и случувања.
     
  11. DoReMi

    DoReMi Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    156
    Озборувањето е нешто што најмногу го мразам :@ Луѓево не се гледаат самите себе, но за други устата им е отворена како пештера. Па следуваат оние приказни во кои нема ни грам вистина. Јас ја ценам искреноста кај луѓето, ако сака некој нешто да ми каже, нека ми каже во лице, а не зад грб. И кога ќе чујам некој да озборува исто ми е иритантно. :x
     
  12. Aurora05

    Aurora05 Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2014
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    25
    Пред тебе ти се прават светици а зад тебе.....Кобили! |( |(
    Ако оговараш ти една од другарките,со твојата "најдобра" другарка поради тоа што ја мразиш оваа другава другарка сигурно и за мене го викаш истото.
    Стварно неможам да ги поднесам,најверојатно немаат попаметна работа па се замараат со животот на другите. Глупости,стварно кај отиде светов. :^) :^) :^)
     
  13. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Закажам за некој некогаш нешто најискрено знам, но да озборувам со саати овој вака овој така и посебно пред луѓе кои го познаваат тој што го озборувам немам таква навика фала богу. Ниту ме пак интересира за другите. Некој и да ми кажал нешто тоа таму останува и сместа го заборавам. Ниту јас не сум совршена, си имам свои маани и тие нема да изчезнат ако коментирам за други. Кога е друг во прашање да се каже нешто за друг сите сме први ама ретко кој ќе се осмели самиот себе да се критикува.
     
  14. AffyJelenator

    AffyJelenator Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2014
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Пред да озборуваме некој и да го нарекуваме на секакви можни нешта, прво треба да се погледнеме себе во огледало бидејќи никој не е совршен! :* :)
     
  15. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Да озборувам, но тоа се личности кои биле лоши кон мене или се многу дигнати. И многу ми е гајле, тоа не значи дека се замарам со нивниот фамозен живот, туку си кажувам како што е и што ми лежи а душа. :tmi:
     
  16. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Некој само нека ми каже дека не озборува/л ќе го исплескам.
    Сите озборуваме колку и да сме против тоа, е сега да не се забегува во невистини.
    Инаку јас мразам озборување, секој си знае за себе. Повеќе пати знам да плеснам во лице, што не го сметам баш за предност.
     
  17. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека на секој понекогаш му се има случено да озборува некого.
    Кога седиме онака во друштво, некогаш тема на муабет е некоја личност, и јас се обидувам да ги избегнам таа тема, бидејќи не сакам да озборувам, од повеќе причини.
    Една таква причина е бидејќи можеби некој ќе пренесе нешто што сум кажала, па ќе си направам проблем, има и многу други, но не ги набројувам.
    Не значи дека ако не озборуваш, дека нема да те озборуваат, но сепак, не озборувам.
    Мразам кога некој озобрува други, а кога слушнал дека некој го озборувал него, се лути. Да, познавам и такви личности.

    знам дека милион пати ги напишав зборовите: озборува и озборување :rofl:
     
  18. mia993

    mia993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2014
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    140
    Мразамм :envy: Но нажалост скоро секој го прави тоа
     
  19. jelena.rozga

    jelena.rozga Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    206
    Секојдневно, не сакам но се слулува неконтролирано кај мене, воопшто не ги сакам луѓето озборувачи посебно старите баби но и кај мене се случу тоа, со другарки.
     
  20. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.362
    Пол:
    Женски
    Колку и да викате дека не озборувате сепак го правите тоа па макар и ненамерно.Секој кој е нервозен на некого ќе го озборува до бескрај и ќе му пцуе се до 7 колено :D и мене ми се случило кога некој ќе ме изнервира да го озборувам, но зависи и од друштвото со една другарка тоа ми лежи повеќе а со другата сум по стегната.