Жени како жени сите озворуваме да бидеме искрени. И јасно е дека во денешно време сите сме озборувани. Сепак ме нервираат луѓе кои се знаеме само неколку дена и одма зборуваат за некој. Би зборувала и би кажала свое мислење сепак тоа би го направила сонекоја блиска личност а не било кој
Супер тема ... Значи не дека јас не озборувам, али тоа не го правам за блиска личност, многу ме нервира некоја си другарка што ти се прави блиска, а од страна на цел свет те озборува и со таа уста на крај доаѓа да те баци во образ. Е затоа не ми треба најдобра другарка, имам другарки со кои се држам на дистанца муабет излегување и толку и нормално контролирање каков муабет да терам со нив. Во денешнинава ретко се наоѓа некоја што нема да те озборува, или општо кажувам комшии колеги и тн .
Незнам дали постои возрасен човек кој што барем еднаш во животот не озборувал!!! Немојте да се правите невини, сите ние барем еднаш (а, најверојатно многу пати по еднаш) сме озборувале!!! Јас со мои блиски пријателки знам да си озборувам... А, тема на озборување се децата, мажот, роднините, колешките, пријателите... т.е. сите што дале повод и причина за озборување!!! Но, имам и една друга особина - озборувањата што ќе ги слушнам и споделам само со моите блиски пријателки остануваат заклучени и на никого не ги прераскажувам!!!
Озборувам кога сум во друштво.Најчесто оние кои не ми се блиски, не ми дава душата да почнам да оговарам некоја ептен блиска другарка за која знам се, ќе ме изеде совеста после. А жени, како жени, сите некогаш во животот сме озборувале, кој ќе рече не сигурно лаже.
Не се правам дека сум нешто што не сум, ама не озборувам. Никогаш не оговарам и не коментирам кој како е облечен, како изгледа, кој со кого се смувал, искарал... Си ги гледам маките мои а доволно од нив ме боли главата за да можам да се замарам со тоа што комшивката на 70г се стегнала во фармерки
Озборувам а и знам дека сум озборувана.....тоа е кај секој човек, секој си е гледа својата работа но сепак ке каже по нешто за некој друг. А она озборување по 24 часа е тие се професионалци што не ја гледаат нивната работа туку работата на другите. Познавам многу такви и многу многу размислувам што ке разговарам со нив да не грешам па после тие од тоа филм да прават а јас главната улога да бидам....
Дали сите озборуваат = да. Ако некој речи не ќе излажи. Дури и јас озборувам и искрено не се кријам зад тоа. И самите сме сведоци дека кога ќе помини некоја покрај нас безразлика од полот почнуваме да кажувам: „Убава е“, „грда е“, „ова предобро ѝ седи“, „леле каде го нашла ова?“. Е сега „лошиот“ тип на озборување е кога уз озборување се издава некоја тајна која тебе ти била доверена. Е тоа е најлошо, против тоа нема назад ...
Мене па многу ми е гајле дали сум озборувана или не. Озборувам па што? Ама озборувам помеѓу најблиските, не на секој. Оној на кој му сметаш, кој ти е љубоморен, на кого му е досадно во животот ќе те збори. Тоа е тоа, таков народ сме,
Me ozboruvaat, da. Na mene mi odgovara. Zad dobar konj prasina se diga. Ima tri grupi na luge: onie koj ozboruvaat zosto se ljubomorni sto drugite pravat (ovaa grupa nisto ne pravat, nikakvi zivotni dostignuvanja nemaat) grupa koj sledat (imitatori, ne se tolku intelegentni da smislat nest, no sepak dobro e, nesto se trudat) luge so idei koj stvaraat nesto (i da ne im uspee bare rabotat na slucajot, se obiduvaat da stvorat nesto).
Јас не озборувам никого кога мојата другарка озборува и велем немој некултурно е, а дали сум озборувана ма мене не ме брига што сакаат нека зборат. На училиште озборувај го овај, па овај ќе дојдит и другиот го озборват. Беља работа до толку
Не озборувам од проста причина што многу се нервирам кога ќе слушнам дека мене некој ме озборувал. Многу често се водам по таа што вели - ''Не му го прави на друг она што не сакаш да ти го прават на тебе!'' Нити јас знам како е да бидеш во нечија кожа, нити тој другиот знае како е да биде во моја. Тоа е првично и најбитно зошто не го сакам озборувањето. А друго, НЕМАМ ВРЕМЕ за туѓи животи, премногу сум окупирана со мојот живот и истиот да го доведам до степен каков што јас сакам, така да јас секогаш викам - сакам на мене да ми биде убаво, па нека им е и на сите други! Мене ваквиот вид на ''рекреација'' ме замара во буквална смисла на зборот!
Ма какво озборување немам време за тоа. Во живото има многу поважни работи на кои можеме да го трошиме времето..Само кога слушнам дека некој ме озборува така фино му мавнам се во лице што ми дојде на уста и чао пријатно
Нема човек што е имун на озборување. На некој тоа му е во крвта а некои се навлекуваат ...зависи за кого се збори Плус , што е посочно озборувањето тоа е послатко. Ајде дееее...да не се правиме сите Девици Марии....нема поубаво од кафенце, цигарче и сочен трач.(мала шала)
Јас порано бамбурев кај ќе стигнам, јбг таква сум си гласно си кажувам се и никогаш не зборам зад грб, секогаш се во фаца плескам, ама со тек на време сфатив некогаш најдобро е да си го задржиш мислењето за себе. Не збори лошо ни за најголемиот душман. Колку повеќе лошо за друг зборуваш, толку повеќе ќе зборуваат и за тебе!
Ее кога слушнав дека и мене почнале да ме озборуваат, си реков и ова ли се деси... Овде ќе цитирам нешто - "Големите умови дискутираат за идеи; просечните умови дискутираат за настани; малите умови зборуваат за другите луѓе." - Елеонор Рузвелт. Мислам дека доволно е кажано со оваа изрека.
Луге мои , дали има спас од овие " селски " оговарачки ? Како воопшто може да се справи со ваквите ( не)луге ? Ако игнорираш се повеке на глава ти се качуваат ! Ако им преречеш нешто пагаш на нивно ниско ниво ! Револтирана од мојата последна случка , имав предлог за брак од дете од странство , и и кажав на мојата братучетка ( во доверба) , и кажав дека не сакам , многу ми е дебел ( признавам згрешив со навредава) , и она раскажала на баба и и тетка и кои се најголемите оговорачки и они по сите раскажувале , па се отварале дискусии за тоа , па зошто не сум сакала , па што ако бил дебел не сум била поарна јас , па што уште не , па лично на неговата баба пренесено дека тој ме сакал али не сум го сакала зш бил дебел... И најстрашното : Оговарањево стигнало до детево ( инаку тој потекнува од мојот крај ,али иселени се пред 25 години во странство) , и на фб ми напиша Што ти требало така да зборуваш за мене. ? Во животов не сум се усрамила така ..... Инаку уште повеке се оговарало за мене... Не можам да ги поднесам , ги мразам кога ке ги видам ! Како постапувате кога некој ве оговара , и ве понижува ? Дали преземате некои мерки ? Дали вреди да се спушти на нивно ниво ?
Не бе бачко нема спас. Дебел не ми е некоја навреда искрено и не би требало да вреѓа никого. Некои луѓе се едноставно дебели. И што сеа? Како да ги викаме? Елегантно попуњени? Чарето е да не даваш материјал на такви луѓе што знаеш дека ќе го искористат против тебе. Ќе дадеш дипломатски одговор: дечкото е супер се, прва лига ама не е за мене, не е по мој вкус, нема мана ама не ми се свиѓа. И што ќе прават со тоа? Нема материјал тука. Туку ќе ти го напаѓаат вкусот тогаш... Не бе џабе нема спас.
Рботата беше што и кажав на братучетка ми во доверба јас како да и реков раскажи на секоми. , многу незгодно ми падна за детето , заради оговорачките што немаат попаметна работа !
Ако нешто не сакаш да си чуеш зад грб, устата затворена.. Се останато е - абе знаеш, го мислам тоа ама немам храброст да го кажам во очи..што е уште победно.