Постои тема за возачки дозволи каде луѓето споделуваат информации околу полагањето, исто има и онаква каде се расправа за тоа каква е сообраќајната култура кај нас; но во оваа тема сакам да ви поставам неколку прашања и конкретно за нив да изнесете ваше мислење. 1. Дали сметате дека треба да постои возрасна граница, од колку до колку години може да се употребува возачката? Дали е во ред да се полага и вози пред 18г, и да се вози после 80г? 2. Дали при полагање за возачка, треба да се земе во предвид и нивото на IQ , а не само возраста? Да се направат тестови за интелектуалната, емоционалната зрелост? 3. Дали е потребно во сите автомобили да се вгради некаков систем кој не би дозволил на возачот да го вклучи автомобилот доколку има над дозволеното ниво промили алкохол во крв? Со цел да се намалат сообраќајните незгоди.
Јас мислам дека за намалување на сообраќајните незгоди би требало да купиме вакви автомобили : Со овој автомобил , дефинитивно ќе се намалат незгодите . И да сакаш не можеш да удриш некого . Самиот автомобил кочи кога има луѓе пред него .