Ја имам изгледано два пати. Значи сите сезони по два пати. Еднаш кога бев 5-6то одделение или кога и да ја даваа на ТВ, а втор пат минатото лето. Од различна перспектива ја гледав Една од омилените серии ми е, а Summer и Seth ми беа преслатки
Барав некоја релаксирачка серија за летово и сфатив дека Округот Оринџ всушност никогаш не ја имав догледано. И ете така почнав да ја гледами дефинитивно не згрешив. Многу интресна серија.Богати,но не кренати ликови како во сегашниве тинејџерски серии. Омилен лик-Рајан
Многу ја сакам оваа серија. Ја гледав од почеток пред некое време. Супер се за релаксирање, ептен им го сакам животот. Од серијата почнав да се депримирам по Калифорнија. Немам посебно омилени ликови, сите ми се посебни на некој начин. По смртта на Мариса се разочарав ама не испадна толку лоша последната сезона. Омилена ми е сцената на првата епизода од последната сезона со Рајан и во позадина со песнава Хм, чувствувам дека пак ќе ја гледам..
Мене серијава ми предизвикува некоја топлина на душичкава.Мислам не дека обработува некои којзнае какви теми, ама пораснав со неа и ми е прирасната за срце.Два пати ја имам гледано, и сакам по трет пат да си ја прегледам.Омилени ликови, а и пар ми се Сет и Самер, и цел живот мислам дека ќе барам дечко што ќе биде како Сет И да, мислам дека ретко кој не плачел на смртта на Мариса, очекував дека нема да продолжи серијата без нејзе, ама како целина одлична беше.И секако музиката А да, и омилен bromance на Сет и Рајан.
Сега ја видов темата а неодамна почнав повторно да ја гледам серијата. Ја имав гледано на А1 ама не се сеќавам на многу работи па затоа сакав повторно да ја гледам бидејќи ми фалеше ваков тип на серија. Омилен лик дефинитивно ми е Сет а од родителите Сенди.
И Јас почнав да ја гледам и прејака ми е Сет ми е омилен лик и најмногу се смеам, ќе ја изгледам обавезно цела, закон ми се
Сега ме потсети дека имам застанато на 3та сезона од глупави причини.. Ќе ја продолжам наскоро,баш ми недостига (особено Сет и неговите глупости)
Серијава одеше во вторник вечер на А1 Не ја гледав, не ми привлекуваше внимание, само редовно ја чекав насловната нумера
Кога бев помала ја гледав на А1 мислам ја даваа и едвај чекав да почне пред некој ден почнав да ја гледам пак на нет не знам што ми текна на неа и душичката ми се стопли memories многу ја сакав серијава