Окуларна Мигрена - Тивка мигрена со аура

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од martin01, 31 јануари 2018.

  1. martin01

    martin01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2012
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    527
    Пол:
    Машки
    Пребарав на форумот за овој тип на мигрена но ненајдов па затоа ја отворив темата!
    (Окуларна мигрена) или така наречена тивка мигрена е слична на акутната мигрена само што кај тивката мигрена главоболката е мала. првите симптоми пред да се појави замаглувањето на едното око,прво се појавуваат светулки пред очите како момилки и трат само неколку секунди исто кога ке станиме наеднаш од кревет. тие светулки или момилки се знак како предупредување! после неколку дена претежно на десното око на долниот дел од окото се појавува како некоја светлина и полека се шири кон средината на видното поле и почнува видот да се замаглува и гледаме како заматено исто како да сне осветлени од фотоапарат или како да сне гледале во снег па сне влегле во темна просторија. ова се дешава само на едното око. тоа трај 15мин. и потоа исчезнува и се е во ред. но после 15-20мин. одкако ќе се повлечи таја светлина и замагленоста пред окото, и кога некој ни зборува го слушаме али како недоразбирливо како нејасно како забавени сне во моментот. тоа трај некаде мах. 10мин. и почнува да боли главата на едната страна од челото али таја болка е мала така што со пола аналгин болката изчезнува целосно а и не е потребно да се пие никакво апче против болка! нема поврајќање,гадење,трненње на едната рака,несмета светлина. овие симптоми ги добив пред 3 години но тогаш користев компјутер речиси секој ден по 9-10 саати. првите симптоми беа на двете очи но сега само на едното око на десното. неразбирливоста кога некој зборува некогаш ја има некогаш не. по природа сум доста плашлив страдав и од панични напади така што неможам да утврдам дека и тој симптом постој во самата мигрена ако можи така да се наречи. бев 2 пати на очен лекар и со видот немав баш некој проблем.
    кај акутната мигрена,главоболката е силна и трај долг период,се осејќа трненје на рака,поврајќање нејасно зборување смета светлината и тропанње! матичната ми тврди дека немам мигрена. во мојата фамилија досега никој немал ниаков тип на мигрена. дали некој имал ваков или сличен проблем да пиши мислење искуство? еве и една слика подолу како изгледа замаглувањето.
     

    Прикачени фајлови:

    • aura.jpg
      aura.jpg
      Големина на фајлот:
      108,6 KB
      Прегледи:
      6
    Последна измена: 31 јануари 2018