Каде можам да ги најдам сите вили на Олимпик бич? Одам таму за две недели, ама не ми текнува како се вика вилата, ми треба да ја најдам
Сакам да прашам дали некоја била сместена во вилата Амос на Олимпик бич? Ме интересира дали се чисти собите и дали стварно е на само 40 метри од плажата
Јас одев порано Олимпик..Плажата полна пензионери,мирно море,топла вода,песочна плажа,цени слични како кај нас,во продавниците повеќето продавачи беа Срби па добро се разбиравме,водата е чиста само на сабајле и кристална е кога ке заврни дожд потоа се заматува..Некој забави нема..Ама за сите што сакаат мирно место супер е..
Јас лани бев и не ми се допадна. Водата не беше воопшто чиста и немаше песочна плажа, туку поголеми камчиња. Последниот ден заврна и тогаш се исчисти водата. Мало место е, евтино, нема за шетање многу, погодно е за постари. Имаше многу Срби и наши. Предност е што близу е Паралија, поголемо место, каде што има кај да се прошета и виде. Во вила Фотини бев, таа сината вила, не е лоша и чиста е, и близу до плажата.
Дали некој може да ми препорача приватно сместување за двајца во олимпик бич и како одат цени од 25јуни?
Досега само во Паралија одев, а сега прв пат малку подоле во Олимпик бич. Одиме од 20јули , 10 тина дена , јас мм и ќерката. Некој искуство да пише што бил оваа година, каква е плажата, водата, дали е мирно навечер?
Искрено мене не ми се допадна водата многу матна и прљава беше а бев од 01.08.и башка бев бремена.Гратчето мало, Паралија е поголема, ми се допадна а доста и ефтини работи имаше а бидејќи си со дете има еден куп за играње колички,лулашки флипери,оние едни застаклени како аквариум ополни со играчки ставиш едно евро фатиш играчка.Леле знам внука ми како го тегнеше брат ми секој ден Има една продавница исклучиво само за сладолед на топки, многу беше вкусен со што сакаш одозгора ти реди преливи, мрвици мислам беше 1,50 или 2 евра.
Сеа ме подзамисли за водата. А инаку со цените како стојат, скапо/ефтино? И дали има маркет во близина?
Од Паралија до Лептокарија, нема убаво чисто море и плажа. Неи Пори под Лептокарија е веќр подобро, почиста е водата, само маана му е што нема за шетање.
Нај искрено ти кажувам, пикавци и харти насекаде, водата прљава беше навечер ништопосебно организирано ни за деца ни за постари. Мацедонишен изобилства како на Славија во Охридно пешкири и куп преку глава низ плажа
Да има неколку во близина релативно ефтино од други места во грција ,праските беа во денари ќе ти кажам 40 денари патлиџан 60 денари лубеница кило 12 денари а продаваа и половинки вода, сокови приступачно само лебот,млекото јогуртор и тестенините како кифла пица се малку поскапи ова за ланио ти кажувам сега да не поскапеле малку незнам.Инаку повеќе не би одела таму Неа Пори ми се допаѓа повеќе.
@iloveyou29 Водата не е чиста воопшто, плажата е само каменчиња поголеми, ситен песок речиси и да нема. Мало место е, 1 улица е за шетање, мирно е. И јас не би се вратила пак таму.
Прв пат сакаме да одиме Олимпик бич.Со две деца сме. Има нешто за деца интересно? Може да споделите искуства...
Ништо нема. Една долга плажа и толку. Водата катастрофа. Не знам што конкретно те интересира но јас таму не би одела на одмор. Сум била неколку пати на еднодневна, појќе ради Паралија што е блиску. Обожавам да се шетнам низ неа, по тезгите