Јас сакам најдолу да ми е ептен црвена, ама со оглед на то шо ми е многу кратка ќе си почекам до на лето, и којзнај дали ќе ми испадни онака како шо си замислувам. Моментално имам пола црвена боја на мене, одамна се немам фарбано, со к'на беше последниот пат и стварно убо испадна Вака нешто сакам
Дечки колку пари е на физер да ти направат омбре? Пишав во друга тема не ми вратија, па викам да си ја пробам среќата тука.
Гледајќи ја темава ептен ми фати мерак на коса да си направам, таман како шо не сакам цела да се фарбам а сакам промена. Само треба да ја пораснам подолга. ^ А за цена, па не би требало да е поскапо од едно нијансирање, зависи во кој салон, точна цена незнам да ти кажам
Симпатичен е трендов,бар мене ми се допаѓа. Можам да забележам и дека многу девојки го следат овој тренд низ градов,и имам заприметено доста ''омбре фризури''. Се следат модните трендови, добро е . Еве нешто мене што ми се допаднало :
За оние кои планираат да ја нијансираат косата во ваков стил: - внимавајте какви нијанси ќе изберете; - овој стил не се состои од само две нијанси туку степенување на одредени бои (не мора да значи на сите); - внимавајте до каде и како треба да излезе новата нијаса за да не изгледа невкусно од страна. Забележав девојка која се обидела да направи нешто со својата коса но очигледно дека било неуспешен обид. Главата и изгледаше како „скршена“ или пресечена на две, немаше никаква друга нијанса туку од темно кафеава преминала директно на најсветла нијанса на руса што изгледаше тотално невкусно (дури и за мене што сум прилично либерална) и сето тоа беше на средина од главата, а имаше долга коса. Се познаваше дека не е од претходно фарбање на целата коса туку беше направено намерно.
Ми се допаѓа стилов и сметам дека добро би ми дошло една промена на косата... Се надевам дека ќе добијам нешто вакво...
Омбре трендов стана голема атракција во последно време. Мене ми се допаѓа, но сметам дека не баш на секој убаво му стои, кога станува збор за фарбање на коса во омбре стил. Но, кај нас можеме да видиме разни примери, кој стигнал вака си ја направил косата, што веќе стилов почнува да станува клише. Инаку за лакирање нокти во омбре тренд, палче нагоре! :up: Супер е! За шминкање и облека во омбре стил... не знам баш, можеби би направила нешто пробно за по дома, само да видам како би ми стоело.
e definitivno jas sum resena za vaka da se napravam.ke vi pisam kako ke ispadni i kolku pari e.mn imam merak za vakva moda na kosa,pa jas ke se osmelam ke vidime kako ke bidi pozzz
Вчера отидов на фризер и пробав омбре на едно праменче...Незнам дали беше до тоа што беше на брзина дувано со фен на огромна топлина,никогаш не сум видела мојата коса така да се оштети...Бојата се доби,ама влакното беше катастрофа,буквално се ронеше само од допир...Да,сакав да сменам нешто на косата ама по цена на здравјето на косата за на век,никогаш!
Јас плаќам 1000 во маалски фризерски салон. Фенирање + фарбање, што значи 700, 800 би му дошло фарбањево. 5 часа трае процесот па ако планираш да се правиш понеси си книга со тебе.
Ни малку. Имам виткана коса, а таа бара посебен третман и косата во моментов ми е помека и подобра од било кога. Фризерката не се нафати да користи бланш затоа што тоа ќе значи да се збогувам со локните. Со фарба ништо не и фали.