Е да,ако имаш светла коса...Ама мојата е најтемно кафеава онака ко црна и фризерот ми рече дека мора со бланш за да се добие посакуваниот резултат
Имам темно кафена боја коса. Ако сакаш ваков омбре на темна коса, мора бланш. Мојата излезе ваква. Се уште се познава и после 4-5 месеци нефарбање.
Мене ми е ова тотално грдо и изгледа несредено. Колку сака нека е тренд. Ќе фатам нема да се фарбам 3-4 месеци, одма во мода ќе бидам. Живи глупости, луѓево од помодарство незнаат што да направат.
Толку е распространето шо губи од секаква уникатност. Можеби стои убаво и стварно му дава свежина на целиот изглед.. ама не би си ја направила косата таква од причина шо секоја втора ке биде со омбре за месец најмногу.
Мене ми се допаѓа трендов. Особено микс на некои перфектни бои. Омбрето јас на нокти го имам пробано а за на коса во иднина а имам многу омбре маички и ги обожавам Spoiler
Како фризура не ми се допаѓа,не ми изгледа убаво! А ова омбрево на некој фустан или маица,во ред е,така може интересно да ми изгледа! За нокти не знам ,до сега искрено не сум видела некоја со такви нокти
Баш ми се допаѓа овој тренд.Пред една недела си ја направив косата.Изгледа прекрасно.Се разбира на светло кафеава коса стои поубаво ,додека на потемна коса не ми се допаѓа.Се е до вкус.
Јас сакам да пробам на коса.Сега ми е доста кратка,малку подоле од рамена ми доаѓа,па нема да се истакне убаво омбре стилот.За месец два,бар да ми потпорасне уште 2-3 цм,па планирам и јас да ја правам. Ми се допаѓа,изгледа убаво и интересно.Ама се додека не се претера.Имам светло кафеава коса,нешто како темно руса ми доаѓа.Не сакам голем контраст да има,нешто слично на ова,само имам посветла боја на коса.
Многу ми се допаѓа овој тренд,ама само на нокти и коса! на облека некако не,освен на кратки панталончиња и на некоја така широка маичка..
На нокти и облека е супер, па и на шминка не е лошо, ама ова со косата... Како нефарбани ми изгледаат, пошо повеќето се со темен корен и светли врвови. Обратно, со потемни врвови некако поприфатливо ми е, ама сепак јас тоа не би. За облека немам ништо со омбре, ама дефинитивно би си купила. Дури и за матурата моја пред 5 години видов материјал со омбре (само тогаш не знаев дека така се вика), и сакав со него да си го сошијам фустанот, ама ме предомисли мајка ми. Нокти имам и постирано на форумов, многу ми се свиѓаат, и иако не се многу тешки за правење, одземаат многу време. Иначе се прекрасни. Шминка не сум пробала, ама не е лошо и тоа.
И јас го сакам овој тренд , посебно зашто ме поттикна да се фарбам .. инаку имам обратно омбре јас горе ми е светла доле темна во 3 нијанси на црвена ми е , но не онаа јака црвена со премногу сјај , туку накај нешто портокалово , бакарно иде не знам како да објаснам Инаку многу интересно ми изгледаат омбре усни и одамна се спремам да пробам
не му стои на секого ова омберво имавме професорка се направи во омбре со плава нијанса она како плавуша не фарбана и дојде па пола коса од десно погоре фатена а пола од поголе фатена... катастрофа.ама на некои има стои....
Коса во две бои искрено често ми се допајгат тие двобојни коси,последно време многу ми се допајга косата каде е црно црвена па си планирам и јас да ја направам така,од озгора црно а долниот дел малце на црвено има исто така и други убави комбинаци со плаво и слично. вака убава е што мислите за ваквите бои на коса? ви се допајгат ли? и дајте предлози и слики ако имате со вакви бои на коса
Според мене интересен тренд кој трае веќе подолго време. Е сега се си има граница. На пример ми се допаѓа втората слика од постот на Dobie затоа што боите се таман и не е некоја екстремно голема разлика. Не ми се допаѓа омбре на коса со црвени нијанси. Како и да е на коса не би го пробала затоа што на коса никогаш не сум правела некои којзнае какви промени, едноставно немам храброст. Инаку ми се допаѓа трендов и на се останато и нокти и облека и воопшто не е нападен него ми е баш онака пријатен за око. И го практикувам на се освен како што кажав на коса не.