не сакав да ставам бланш на косава, па затоа ја фарбав со најплава дури и бела гарниер, ја држев околу 2 и пол саати и еве, поубава е кога е виткана, права кога ми е не ми се свиѓа многу..
Можеби доцнам со трендов, ама ми требаше доста време да се одлучам на овој чекор. Многу сум тешка кога станува збор за промена на косата, и шишањето на 2цм за мене претставува огромна работа. До сега ништо не сум сменила цел живот, ниту форма ниту боја ниту фризура. Ама некако ми се смачи се едно исто. Затоаутре одам на фризер да ми ја фарбаат омбре Еве како би сакала да ми изгледа Само што мене ми е пократка косата, ја скратив деновиве и уште ми е криво Па ќе видам како ќе ми излезе, ако сум задоволна ќе постирам слика Малку поскапо е, не очекував да биде цената 1000ден за фарбање на пола коса, ама ајде. За прв пат сакам да сум сигурна дека сум ворацете на професионалец, а како што ги гледам сликите од фризеров добро изгледаат.
Ми се допаѓа како изгледа на коса,ама зборувам со асално омбре.Воопшто не ми изгледа убаво кога од кафена директно преминува на плаво.
Се согласуваам со тебе и јас сакам да си ја правам косава омбре ама асално а не како вапцана да сум страв ми иде да не бидне неубаво а многу сакам на плаво како сликава што ја имаш ставено ова асалнава
Од оваа слика десно се гледа дека косата е правена со бланш и дека е шатирана да изгледа како омбре. Никако сама не пробувај, оди на фризер ( по можност кај некој што знаеш дека добро ќе ти ја направи). Омбре треба да биде прелевање а не пола кафеава пола изгорена и метличеста
На фризер на фризер ама и од нив се плашам да не ме утнат не познавам некој кој стварно работи професионално а пусти кејв што имам за онака обре да си ја направам и од толку кејв си викам ке ме утнат првин ке се распрашам да ми пптврдат дека можат убаво а потоа ке пробам
Омбре како омбре многу ми се допаѓа но доколку е професионално изработено. Сега да е тренд, но многу девојки (читај тинејџерки) пробуваат самите да ги напраат и на крај излегуваат како сликата погоре-десната т.е како у мајонез да ја брцнале косата. Омбрето треба да се прелева најдобро е природната нијанса па да се прелее во 2 други нијанси по избор по зависност од природната боја на коса. Дефинитивно сум видела многу успешни омбриња кои изгледале феноменално но и вакви утнати што делува многу смешноо и грдо И најважно е да стои на фацата на девојката, не на секој му стои омбре, шатирано, или црвена, кафена или црна фарба на коса. Не е само лупни бојата изгори ја косата ама битно у тренд да си, небитно што изгледаш како сардела у главата
Јас искрено неможам да ги сфатам тинејџеркиве што од темно кафена БАМ на плава одат. ГРОЗНО! Омбре е стил каде што косата треба да биде црна на коренот па да се слива во сите бои и на врвовите да дојде најсветла. (црна, темно кафена, костенлива, светло кафена блабла..светло плава.) Неможам да најдам слика бидејки сите сеа праат најразлични „омбриња“ кои се ужасни. И нема асална слика од омбре. Тоа што некои одат од темно кафено на светло кафено на врвовите, јас би го нарекла осветлување на врвови, а не омбре
Обожавам омбре коса, но не да биде на врвовите темно кафеава, а доле плава, како што кажа феминката погоре. Би сакала на корен темно кафеава, а надолу само малку посветла.
Пред некој ден видов девојка со темно кафена коса,и полека полека бојата и се преливаше,и на краевите и беше темно сина. Најсериозно планирам вака да си ја направам Знае ли некој каде можам? И да ми трае бојата повеќе?