И мене ми се допаѓа омбре ама не со плаво, сите така имаат, иако убаво ми изгледа на сликиве подоле(во спојлер).Кога би ставала би ставила розева или сина. И не знам што им стана сите се до пола плави ко со секира удрени,баш како на сликава. Спојлер
колку ке ме фати убаво да ми ја направи косата омбре плаво ама убаво не онака да се преливаат сакам ? некој кој праел колку му земале?
Од 10 девојки само една има убаво омбре. Мислам стварно.. немаат ли огледала луѓево или некој близок што искрено критикува? Скроз утнати шетаат низ градов.
имам прашање-косата ми е фарбана плава природна ми е кафеава а сакам да ја оставам да не ја фарбам и сега да не бидам како урасната сакам да ја направам омбре,како да ја направам? за тие што мислите 1000 ден е скапо за на фризер немој да жалите зошто тука е изгор 150-300 долари за омбре(цената е една од причините зошто неможам да одам на фризер и да ја направам) а би сакала ваква ASH OMBRE
Ова не е омбре туку Balayage, побарај на google има многу слики. Eве како би можела да ја направиш сама со Revlon Frost&Glow сетот http://www.youtube.com/watch?v=SMpVIEBrkz0
Јас сум случајно омбре испадната, од што бев плава на долниот дел ми падна смеѓата боја со која се покрив и сега сум оригинал омбре. Баш ми се допаѓа.
Повеќе ми се допаѓа она омбре на коса каде што косата надолу е осветлена. Ако е осветлена кај коренот, кога ке порасне косата ке изгледа неубаво.
Девојки Ве молам за одговор. Имам средно долга коса, до гради. Сакам да ја подпораснам до Нова година и да ја направам омбре. Па прашањето ми беше дали многу ќе ми се оштети? И од прилика колку би ме чинело? Инаку имам темно кафена коса, моментално фарбана со некоја светло кафена фарба. Дали има шанси вака да ми испадне омбрето?
Бев омбре пред 4/5 години уште пред да биде во мода бев плава плава со бланш фарбана нормално, па покасно ја затемнив малку и ја оставив мојата природна да расте, па така си добив некоја омбре нијанса. Ми се допаѓа ако е направено како што треба, а не како линија пресечена горе кафено надоле плаво. Тоа не е омбре! А и не изгледа убаво.
Здравје вечер ќе се правам, бидејќи сум црнка, надоле ќе биде нешто лила-бордо....ќе видиме како ќе се фати.
Оди кај добар фризер, тој ќе ти ја направи, а цената си варира различно кај секој посебно.Распрашај се кај повеќе фризери па кај најмногу ќе ти се допадне таму оди.Косата секако ќе ти се оштети што е многу јасно кога веќе ја третираш со фарба, ама ќе си правиш маски со масла маслиново/кокосово/арганово и со добра маска ќе ја оправиш и нема да има голема штета.
Кој стигна омбре се направи во косата,абе ок разбирам да смениш тренд е ова она,ама како прво ако мислиш да си правиш омбре оди кај асолен фризер и напрајсе како што треба,ги гледам катастрофа во косата сами се прават експериментират бог да чува. Како второ на секој не му седи,треба малку да бидиме и самокритични,и како трето,ваков тренд препорачувам само кај девојки со густа долга коса,едноставно има должина да се видат нијансите на косата и густина и све,е сега ги гледам со 2 влакна коса манати до уши или до раменици омбре направиле е не личи убаво што не личи,колку и да професионално направено најповеќе коренот и вровите мават во очи релно мн грдо ми е...
Кoгa ќе видaм некoјa штo сaмa си гo прaвелo Oмбретo и и искoчилo кo сo ленијaр дa гo прaвелa желудникoт ми се превртувa
@young.lady Razlikata e vo toa sto so blansot definitivno ke si ja upropartis kosata i se ke imas pozolteni zlatni vlakna .. dodeka da ja iseces postepeno .. e toa e razlikata podobro so farba