1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омилена боја и на што ве асоцира?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од SexyLady, 6 септември 2010.

  1. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Која е вашата омилена боја? Зошто ви е токму таа омилена и на што ве асоцира? :)

    Еве јас ќе почнам:
    Мене сите бои ми се убави, сите ги сакам:

    1.црвената - ме потсетува на оган, страст, врелина и моќ; розева (особено светлата розева - која ме асоцира и потсетува на женско бебе, и цикламата која ме асоцира на Barbie*); потоа тиркизната ми е преубава - ме асоцира на море и на скапоцен камен; сите нијанси на сина (од бебешко сина - нежност до тегет - гордост); бела - наивност и милина; портокаловата - живот, енергија и ентузијазам; зелена - природа и чистота, жолта - топлина и светлина.

    2.Црната ми е многу депресивна и затворена, кафената ме потсетува на старост, сивата на монотонија...

    Во облеката ми преовладуваат сите бои (во пролет светлите 1. а во зима темните 2.)

    ;) :*
     
    На SURF му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cresni44ka

    Cresni44ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Омилена боја?

    Jas poveke gi preferiram temnite boi kako crnata sivata i bas kafeavata znaci taka sum naviknata i nemozam da se zamislam vo svetli boi ednostavno mislam deka ne mi odgovaraat na moeto telo......i svetlite boi se ubavi ama mislam deka se e do navika...mnogupati imam otideno vo prodavnica so namera da kupam nesto vo svetla boja,,,no koga ke dojdam do prodavnica sekundarno se premisluvam i povtorno kupuvam temni boi.....a inace mnogu mi se svaga koga vidam nekoja devojka da nosi svetli boi....so znam nekako go otvaraat liceto....;)
    [mod-kirilica:3k6ct7n1][/mod-kirilica:3k6ct7n1]
     
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Омилена боја?

    жолтааааааааааа :rofl: :rofl: :rofl: не знам зашто ме смирува ја обожавам ... сакам се жолто ете така и мн малку луѓе ја сакаат па затоа уште поише ја сакам :lol:
     
    На unike му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Омилена боја?

    Да, и јас многу им се „дивам“ на таквите девојки. Кога ќе видам некоја со фустанче со со светла боја искомбинирано со сандали, ташница, накит и очила за сонце, па и ноктите налакирани со соодветна боја= супеп outfit.

    Јас не велам дека не носам темно - напротив, скоро 80% проценти од зимската облека ми е кафена, сива и црна; но повеќе преферирам светли бои=пролетни бои. И јас мислам како тебе Cresni44ka, дека го отвараат лицето. :) ;) :*
     
    На nenus16 и Cresni44ka им се допаѓа ова.
  5. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    645
    Омилена боја?

    Тиркизна-имам повеќе гардероба со тиркизна боја....особено зимските алишта и сите ми давале комплименти дека убаво ми стои.....на црната коса и белиот тен..... :$
     
  6. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Омилена боја?

    Бојата го открива твојот карактер

    Црвена

    Ова е боја на сила, здравје и виталност. Ја сакаат агресивните, импулсивните, страстните лица, но и оние што не се такви, а би сакале да бидат. Амбициозни сте и брзо заземате страни и ставови. Оптимисти сте и не ја сакате монотонијата. Немирни сте и често необјективни кога сакате другите да ги обвинувате за своите грешки. Отворени сте и го сакате животот.

    Жолта

    Ова е боја на среќа, мудрост и фантазија. Вие сте авантурист и секогаш барате нешто што ќе ве исполни. Имате смисла за хумор, но и за склучување добри зделки. Брзо мислите и добро знаете што сакате. Понекогаш одговорноста не ви е најсилна страна, односно повеќе сакате да тргнете во акција, отколку да бидете одговорни.

    Розова

    Оваа боја симболизира љубов и привлечност без многу страст. Тоа се мајчински типови на луѓе кои сакаат заштита и сигурен живот. Сакате да ве сакаат и да се чувствувате сигурни, па затоа изгледате кршливо. Шармантни сте и нежни.

    Виолетова

    Вистински индивидуалец сте, чувствителни и досетливи, креативни со голема желба да бидете поинакви од другите. Уметничка душа сте, темпераментни, а кога не ве разбираат станувате саркастични. Толерантни сте и лесно стекнувате авторитет или се искачувате на мошне висока позиција.

    Портокалова

    Ова е боја на луксузот и уживањето. Вие ги сакате луѓето и дружењето. Но често ги драматизирате работите за да ве забележат другите. Понекогаш сте непостојани, но секогаш сте за компромис. Вие сте љубопитни, немате страв и имате немирен дух.

    Зелена

    Ова е боја на хармонија и рамнотежа. Зелената симболизира надеж, нов почеток и мир и ја сакаат нежните и искрени личности. Сакате да се дружите, секогаш сте искрени, но сепак мирот ви е најважен. Многу сте скромни и трпеливи, па понекогаш другите ве искористуваат. Многу сте цивилизирани.

    Сина

    Вие сочувствувате со сите, но исто така сте доста конзервативни и имате чувство за одговорност. Трпеливи сте, чувствителни и добро се контролирате. Сакате да ве ценат поради цврстиот карактер и мудроста. Верни сте, но знаете да бидете и претерано сомничави.

    Црна

    Сакате да изгледате мистериозно и не сакате да го покажувате своето вистинско лице. Често едно сакате, но друго правите, па сте растргнати на две страни и станувате робови на неостварените идеали.

    Бела

    Белата е симбол на чистота, наивност и невиност. Желба ви е да сте совршени и се стремите кон тоа. Посакувате едноставен живот.
     
    На Stoimenovska, s.e.x.y, Danilela и 2 други им се допаѓа ова.
  7. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.441
    Допаѓања:
    10.317
    Пол:
    Женски
    Омилена боја?

    Ја сакам жолтата боја, бидејќи ме асоцира на светлина,топлина ,весело расположение,претставува добар стимуланс за окото и затоа делува пријатно.
    Веројатно тоа ми е поврзано и со хороскопскиот знак-лав ,симбол на оган ,енергија,активност.

    Едноставно, жолтата боја го симболизира сонцето ,па затоа е највесела боја.


    :rofl: :rofl: :rofl:
     
  8. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Омилена боја?

    Жолта , црвена , црна, сребро... Ама во црна најдобро си се гледам и често мојата мајка знае да ме искара ... затоа што добар дел од гардеробата ми е во таа боја... а таа не ја сака . Ама тоа е мој вкус бојата зне да ме истакне ... посебно свечените фустани и корсети со додатоци :)
    И не се согласувам со тоа што е кажано за црната боја ... и тоа како знае да ве истакне и да изгледате мн добро и во неа...
     
  9. butterfly.mimi

    butterfly.mimi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    102
    Омилена боја?

    Црна- елеганција Бела- нежност и креативност и Црвена- страст и романтика
    Ги сакам и виолетовото и синото добро ми стојат 8) :lol:
     
    На Cuciii му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Омилена боја?

    Омилена (сега и отсекогаш): црвена.
    Потполно ме опишува мене како тихо пламенче кое избувнува, ме потсеќа на страст, ЉУБОВ, нешто топло (дури и премногу), пријатно, ме потсеќа на семејство, на Божик, на огниште..... ми дава сигурност и влева самодоверба. Претставителна е.
    Ја сакам и оваа нијанса на сино затоа што убаво ми стои.
     
  11. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Омилена боја?

    Омилена боја ми е портокалевата!
    во собата пердињата и лустерот ми се портокалеви па така целата соба има портокалева нијанса!
    А инаку, носам црна облека(бидејќи сум рокер!), но во последно време многу ми е убава сината и си купив неколку парчиња во сина боја!
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Омилена боја?

    Зелена, виолетова, сина, жолта и бела. Тие бои ги сакам најмногу и доста ги комбинирам. Порано носев потемни, неутрални бои, ама сега сакам пастелни - до возраста ли е? :^) Не знам, ама сега сакам шаренило. Го носам сите, црвена и црна ми се закон кога сакам да се истакнам. Освен тоа, црната ја обожавам на моменти бидејќи ме прави да изгледам екстра (читај послаба :P ).
     
  13. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Омилена боја?

    Црвена, црна, сива, морнарско сина, бела и виолетова.
    Црвената ме асоцира на страст, женственост, храброст, неодоливост. Црната - елеганција, моќ, сексапил, грациозност. Бела - нежност, невиност, чистота.
    Носам облека во сите бои, подеднакво ми се драги и светлите и темните, но сепак која боја ќе ја изберам зависи од моменталното расположение и од периодот. Понекогаш се случува, некоја боја што многу ја сакам и ми е омилена да не можам да ја смислам и да не се облекувам во неа подолго време. И да, како што погоре кажавте, кога сакам да привлечам внимание облекувам црна или црвена, а црната боја ми е најдобар другар кога не знам што да облечам и кога се чувствувам дебело - таа ме вади од каша :D
     
  14. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Омилена боја?

    Кога станува збор за облека омилени ми се црната, белата, зелената, маслинестата, кафеавата...и сите типични есенски бои. Кога сакам да привлечам внимание поточно да разбијам монотонија, ставам црвени детали, инаку немам ништо розево ниту лила, не ми се убави тие бои а и не ми стојат.
    Како и да е општо боите како бои ги обожавам сите, нема ништо поубаво од нив, секоја боја поинаку може да ти го обои и расположението, и кога сум тажна, одам во галерија и до детали ги разгледувам сликите за да ги видам што подетално боите :lol:
     
  15. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Омилена боја?

    Кафена
    Издржливи сте и трпеливи, мирни и конзервативни. Не сте импулсивни, но понекогаш знаете да се однесувате без контрола. Сакате да бидете одговорни, на вас луѓето можат да се потпрат. Знаете да бидете нефлексибилни и многу тврдоглави.

    Сива
    Сивата е боја на компромис и внимание. Барате мир и често повеќе работите без доволно награда. Често го браните своето “јас“ и бегате од животот. Работохолик сте.

    Боја како лавандата
    Често се чувстувате како да живеете ниту на земја ниту на небо, бидејќи вас многу приземни работи не ве интересираат, поточно се гушите во нив. Секогаш сте модерни и барате културни случувања, со исто такво однесување. Креативни сте, шармантни и цивилизирани. Никогаш не сакате да ги извалкате своите раце.

    Сино-зелена
    Чувствителна сте и високо интелигентна личност. Истрајни сте и цврсти. Имате добар вкус, шармантни сте и пристојни, но често одбивате да им помогнете на другите.

    Тиркизна
    Имате бујна фантазија, оригинални сте и креативни. Од надвор изгледате цврста личност, но од внатрешноста сте често лабилна и кршлива личност.

    Окер
    Сте имале доста тешки искуства во животот кои вас ве претвориле во друга личност, личност која е широкоградна и лесно можете да ја засакате. Всушност сте слични и како луѓето кои ја сакаат црвената боја , со разлика дека се можете да дисциплинирате и имате добри кочници.
     
  16. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Омилена боја?

    ги сакам сите бои, неможам лесно да издвојам некоја омилена :)
    порано многу сакав плава, потоа беше црвена, па розева.....сега повторно црвена, а во последно време многу бела облека купувам......мислам дека во скоро време ќе се преориентирам на земјените бои како кафена, кремаста, зелена....ги носам и комбинирам боите во зависност од расположението во моментот :D
    сакам морско сина и тиркизна помешани некако ме смируваат и ми се пријатни за око
    со црвена или пак со жолта знам да се облечам кога сакам да оставам силен впечаток на околината
    белата и кремавата ми се кои кои ме асоцираат на нешто уредно, педантно, чисто
    црната ми е неизбежна, но несакам да ми преовладува....обавезно ја освежувам и ја комбинирам со некоја пожива боја :)
     
  17. RedRose97

    RedRose97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    158
    Омилена боја?

    Омилени бои ми се: сина (во сите нијанси иако повеќе ми се бендисува светло сината , тегетот и бојата на мастило) зелената (особено темната) тиркизната(најмногу онаа која изгледа како сина и зелена помешани) виолетовата (и онаа на сино и онаа што потсетува на темно розова иако помалку). Овие се боите што сакам да ги гледам околу мене.
    Инаку за облека ги сакам сите бои. :)
     
  18. sweet.green

    sweet.green Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Омилена боја?

    Зелена боја ми е омилена и кога носам зелено се чуствувам најубаво и најсмирено....

    Ова е боја на хармонија и рамнотежа. Зелената симболизира надеж, нов почеток и мир и ја сакаат нежните и искрени личности. Сакате да се дружите, секогаш сте искрени, но сепак мирот ви е најважен. Многу сте скромни и трпеливи, па понекогаш другите ве искористуваат. Многу сте цивилизирани.
     
  19. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Омилена боја?

    Белаа особено кога е топло, ко ќе го отворам шкафот се е бело и секогаш си велам е следниот пат има да купам нешто очи да вади :lol: и оп следниот пат си доаѓам дома пак со белоо. А за зима сакам и сиво, теѓет темно виолетово. Ама да не заборавам, погодете двете капутчиња која боја ми се :D
     
  20. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    43
    Омилена боја?

    Омилена боја ми е сина .. Затоа што ме потсека на слобода на небото .. Иначе и другите бои ги сакам посебно зелена жолта бела виолетова .. :)