Омилена боја? Сина -бидејки ме асоцира на небото и морето.Боја која мислам дека ми прилега со тенот и карактерот.Боја која не е многу нападна
Омилена боја? Најмногу ја сакам Црвената боја. Ме асоцира на моќ, привлечност, самоувереност, смелост. Обожава да ја носам, во неа се чувствувам толку убаво. Исто така обожавам црвена боја на кармин.
Омилена боја? Баш овој вид на розева. Оваа боја ми е женствена, нежна и мила за гледање: Бела. Без некоја причина, едноставно ја сакам и преферирам повеќе да ја имам во домот. Сина. Небесна, прекрасна.
Омилена боја? Сина , тиркизна , виолетова ми ги пишува во опис на хороскопскиот знак , значи 100 % точно е
Омилена боја? Ја обожавам црвената зашто ми асоцира на моќ, страст, гламур, смелост. Исто ја обожавам и Тиркизната зашто според мене тоа бојата на мистериозноста, на дама која секогаш има план б и знае точно што сака во животот и која е спремна да се бори за тоа што го сака. Носам и црна боја, повеќе зашто ми ги покрива килограмите вишок, а и зашто тоа е бојата на елеганцијата, the little black dress, секоја една дама, мора да го има во својот плакар Розевата ја сакам многу, и целата соба ми е розева, и повеќето украси, пердето, чаршавите... зашто тоа е бојата на принцезата, на розевиот волшебен свет кој што е магичен, и полн со љубов, мир, хармонија...
Омилена боја? Црвена-ме асоцира на моќ, независност, сила, љубов и страст. Бела-затоа што ме асоцира на смиреност и нежност.
Омилена боја? За разлика од кога бев помала, сега обожавам црвено, многу е секси, а инаку сакам плава, зелена, бела и сива. Не сакам жолта и портокалова!
Омилена боја? Сина Вие сочувствувате со сите, но исто така сте доста конзервативни и имате чувство за одговорност. Трпеливи сте, чувствителни и добро се контролирате. Сакате да ве ценат поради цврстиот карактер и мудроста. Верни сте, но знаете да бидете и претерано сомничави.
Омилена боја? портокаловата не ми е омилена но сигурно е во топ 5 затоа што ме опишува и ја имам доста во плакароти е весела боја која ме потсека на лето одмор. сината(моја омилена ) некако ме смирува и ме потсеќа на море на одмор но јас трпелива сомничава и конзервативна не сум