Омилена боја? Розова!!!ја обозавам...Ја сакам и белата, ме асоцира на чистота и невиност.. тегет - нешто скапо темно виолетова ме асоцира на ефтино и затоа не ја сакам исто и темно зелена и кафена...аууф ми се боиве
Омилена боја? Светло сина, светло виолетова. Сината многу си ја сакам, а незнам зошто. Можеби малку на слобода ме асоцира - небото, морето така без ограничувања, бескрајни се чинат. Немам некоја посебна причина, едноставно ми е фатена за срце. Виолетовата порано не ја сакав, ама во последно време се повеќе и повеќе си ја сакам - нежна, женствена, смирена, ме потсетува на пролет, на лаванда, зумбул, цвеќенца некои, ме разнежнува некако.