Па боите се прекрасно нешто и преферирам светли бои, иако облеката ми се заоснова на потемни бои. Ја обожавам жолтата (како сонце ), зелена (како млада трева), сина (како небо и море). Тие бои прееемногу ги сакам! Ја сакам природата
Мммм зеленааа нешто што ме смирува , одмара и полни со позитивна енергија ме потсетува на природа , на пролет на нешто убаво како на пример мохито
Жолта Ова е боја на среќа, мудрост и фантазија. Вие сте авантурист и секогаш барате нешто што ќе ве исполни. Имате смисла за хумор, но и за склучување добри зделки. Брзо мислите и добро знаете што сакате. Понекогаш одговорноста не ви е најсилна страна, односно повеќе сакате да тргнете во акција, отколку да бидете одговорни.
Како созревав ми се менуваа омилените бои. Црвена веќе не сакам ниту ми стои убаво а цела соба ја направив црвена kako доста помала Виолетова во средно се ми беше виолетово, во 3-4 година, сега не ја носам толку... Инаку сега на мои 21 година каде сум до накаде созреана и веќе знам што сакам и што не, омилени бои ми се дефинивно Крем(прљаво бела, шампањ боја), Тегет, Бела, и Она прљаво розе измеѓу розево и кафено доста специфична боја Кремот и Белата ме асоцираат мене на елeганција, чистота и едноставност. Тегетот на самоувереност и истрајност донeкаде и на сила. А тоа резевкото е она милото и разиграното во мене Детското : Сакам црно но избегавам да се зацрнувам, сепак ме асоцира на сериозност и кога е некој цел во црно на погреб. Сакам црно, но умерено. Сиво исто ми е мила боја, особено темно сиво Тоа па ме асоцира на баланс, KOMПРОМИС, средина-измеѓу црно и бело
Омилена боја ми е Тиркизна. Ме потсетува на вода, лето, на среќа. Обожавам да носам облека во тиркизна боја, или тиркизни детали. Се чувствам посебно кога носам нешто во оваа боја, а најголем кеф ми прави кога ноктите ми се така лакирани
-Жолтата-на сонце -Сина-на море и небо -Зелена-на тревата -Црвена-на љубов -Виолетова-незнам зошто Тие се.
Мене омилени бои ми се виолетовата и темно зелената. Виолетовата ми асоцира на мистика, на магија, а темно зелената на природа.
СИНА - на море , небо , на нешто слободно , на моите омилени фармерки , на најубавите очи на свет , на мојот лак
Сина --> на небото,на море,океан или езеро,на моите фармерки... Зелена --> на тревата,и посебно на пролет,екологија... Розева --> на Фемина Портокалева --> мојот ѕид од децката,бојата ме одмара... Жолта и црвена --> Боите од нашето знаме.
Црвена -боја на страст ,врелина , sexy ... и секогаш кога имам нешто црвено на мене ми се случуваат најубави нешта,можеби е случајно или но така е...
Омилена боја ми е зелена - ме асоцира на слобода и на возење велосипед Ми се допаѓа и темнозелената, мистериозна е, но и примамлива.