Омилена боја и на што ве асоцира?

Discussion in 'Кафе-муабети' started by SexyLady, Sep 6, 2010.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Joined:
    Nov 25, 2009
    Messages:
    12,821
    Likes Received:
    163,174
    Омилена боја?

    Темата не е соодветно искористена,со само наведување на омилени бои не е интересно.
    Продолжете како што е напишан воведниот пост,во спротивно бришам оскудни мислења.
     
  2. bile991

    bile991 Истакнат член

    Joined:
    Jul 2, 2010
    Messages:
    129
    Likes Received:
    10
    Омилена боја?

    Црвена

    Ова е боја на сила, здравје и виталност. Ја сакаат агресивните, импулсивните, страстните лица, но и оние што не се такви, а би сакале да бидат. Амбициозни сте и брзо заземате страни и ставови. Оптимисти сте и не ја сакате монотонијата. Немирни сте и често необјективни кога сакате другите да ги обвинувате за своите грешки. Отворени сте и го сакате животот.
    Тачно :lol:
     
  3. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Joined:
    Oct 2, 2010
    Messages:
    334
    Likes Received:
    152
    Омилена боја?

    Најмногу ја сакам црвената боја,зошто некако се двои од другите бои,најдоминатна боја e,најзабележителна,одлика на храбар и страствен човек и пред се зошто е боја на виното и љубовта :)
     
  4. marama

    marama Форумски идол

    Joined:
    Apr 20, 2010
    Messages:
    6,525
    Likes Received:
    92,191
    Gender:
    Female
    Омилена боја?

    Омилена боја ми е црната. Се чувствувам многу секси кога носам црно. Потоа црвена, кога сакам да сум заводлива. Црвено-црна комбинација ми е најубава. Жолто носам кога сум расположена, ме потсетува на сонце и имам многу жолти работи иако не сите ја сакаат. Ги носам сите бои, секоја ми е за определен период, ама црната ми е фаворит :inlove:
     
  5. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Joined:
    Oct 7, 2010
    Messages:
    305
    Likes Received:
    344
    Омилена боја?

    Сите бои ми се убави, но најмногу ја сакам сината. За мене, сината претставува слобода, мир и спокојство.
    Исто така, и црвената и црната ми се драги бои. Црвената ми претставува оган, топлина и љубов. Црната, според мене, е најзаводлива боја. Мистериозна, таинствена, боја на темнината.
     
  6. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Joined:
    Sep 19, 2010
    Messages:
    2,728
    Likes Received:
    7,645
    Омилена боја?

    Обожавам дречливи бои како тиркизна , циклама , жолта , индиго , зелена , портокалова , лилјакова но и бела ... Моите другарки мислат дека сум глупава штом носам такви бои но мене беш ми се допаѓаат ! :) :*
     
  7. LaLy

    LaLy Истакнат член

    Joined:
    Jan 14, 2010
    Messages:
    97
    Likes Received:
    40
    Омилена боја?

    Сите бои ги сакам,ама омиллени ми се цикламата,виолетовата.Обично сите бои ги комбинирам во зависност од кое годишно време сме а и како одговараат.На пример:цилама,сива,бела и може да го зачинам со ваквазелена. .Моите комбинации од секогаш биле смели и баш добвам комплименти за тоа. :)
     
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Joined:
    Mar 1, 2010
    Messages:
    7,226
    Likes Received:
    41,468
    Омилена боја?

    црвена и само црвена зашто ми е најсексипилна, најженствена, и зашто најубаво ми стои црвен кармин :D и нити еден друг ;( поготово не месо боја! ама ни црната белата и сребрената не се за фрлање...моите топ 4 бои :D
     
    nedzma and ciribiribela like this.
  9. Cacy

    Cacy Популарен член

    Joined:
    Jul 26, 2010
    Messages:
    2,244
    Likes Received:
    1,547
    Омилена боја?

    Сина - Небо,слобода,воздух :)

    Зелена - Трева,ливада,природа :)
     
  10. Angelche

    Angelche Популарен член

    Joined:
    May 6, 2010
    Messages:
    3,747
    Likes Received:
    1,359
    Омилена боја?

    За тие што одговориле само со: ,,Жолта‘‘, ,,Зелена‘‘ и така натаму. Зошто баш тие бои ви се омилени?

     
  11. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Joined:
    Aug 24, 2010
    Messages:
    3,889
    Likes Received:
    13,461
    Омилена боја?

    Виолетова, зашто ми стои, ја обожавам. Во гардеробата ми преовладува баш оваа боја. Инаку сакам да носам летни бои, односно жолта, потокалова, селена, но само во лето. Сепак виолетовата ми прилега најмногу и најмногу ја сакам.


    ^^ се е точно, само не сум толерантна и тоа ме нервира.
     
  12. TinaM25

    TinaM25 Истакнат член

    Joined:
    Dec 10, 2009
    Messages:
    230
    Likes Received:
    41
    Gender:
    Female
    Омилена боја?

    Виолетова, тиркизна и морско зелена. Овие бои ми се најомилени бидејќи ме асоцираат на вода, на море или океан, а јас обожавам вода, пливање, нуркање и сл. ;)
     
  13. yawn

    yawn Истакнат член

    Joined:
    Jun 11, 2010
    Messages:
    697
    Likes Received:
    701
    Омилена боја?

    Белата е симбол на чистота, наивност и невиност. Желба ви е да сте совршени и се стремите кон тоа. Посакувате едноставен живот.
    Кај и да се појавиш во бело,секогаш остануваш забележана! :) :inlove:
     
  14. red

    red Истакнат член

    Joined:
    Aug 26, 2010
    Messages:
    480
    Likes Received:
    130
    Gender:
    Female
    Омилена боја?

    омилена боја ми е црвената оти е револуционерна, а воедно и секси
     
  15. Danilela

    Danilela Популарен член

    Joined:
    Mar 3, 2010
    Messages:
    2,256
    Likes Received:
    1,808
    Омилена боја?

    Розева - уште од малечка ми е омилена боја.Ме потсетува на нешто убаво,на радост,на невиност,на нежност... :) и црвена,затоа што многу убаво ми стои(не дека се фалам ама стварно) :D исто така е боја на љубовта,ме асоцира на борбеност,на страст и бла бла :D ајде толку :lol:
     
  16. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Joined:
    Oct 18, 2010
    Messages:
    348
    Likes Received:
    277
    Омилена боја?

    кафеава и маслинеста. Сакам земјени тонови. Не сакам розово ни под разно, нити па бебешко сино. И црвена, особено бордо нијанса. Ги сакам овие бои зошто многу ми одговараат и се чувствувам пријатно носејќи ги и гледајќи ги. Ми даваат смирувачки тон. И црната и белата, стандард :D
     
  17. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Joined:
    Apr 3, 2010
    Messages:
    606
    Likes Received:
    384
    Омилена боја?

    Црна најомилена ми е. Се осеќам убаво во неа и никогаш не излегува од мода :rofl: ...во секакво издание ја сакам...преку ден...навечер...свечена некој прилика...
    Сиваисто така ми е убава, нешто слично со црната идат во комбинација....
    Розе како и скоро секое девојче ја сакаам...нежна е баш како за женско...
    Бела преку лето на мојот темен тен, па уште и исончана...ммм многу убаво ми стои :$ и плус нежна боја..
     
  18. LadyN

    LadyN Истакнат член

    Joined:
    Oct 20, 2010
    Messages:
    265
    Likes Received:
    124
    Омилена боја?

    Тиркизнааа и светла и темна, одсекогаш ми била омилена...во зимо многу си ја сакам и кафената и оди преубаво во комбинација со првата. Во последно време почнувам да ја засакувам и темно црвената боја, и црна нели класика :)
     
  19. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Joined:
    Sep 5, 2010
    Messages:
    2,800
    Likes Received:
    3,270
    Gender:
    Female
    Омилена боја?

    Девојки... треба да кажете и ПОРАДИ ШТО ви се допаѓа таа боја и НА ШТО ВЕ АСОЦИРА вашата омилена боја/бои, не само да ја кажете бојата.
     
  20. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Joined:
    Sep 5, 2010
    Messages:
    2,800
    Likes Received:
    3,270
    Gender:
    Female
    Омилена боја?

    Бојата во природата и животот

    Дали сте размислувале некогаш што би се случило доколку еден ден се разбудите и сфатите дека во светот нема ниедна боја? Се е црно-сиво-бело... излегувате од дома, одите на работа, се враќате дома. Како би изгледало тоа?

    Боите на нашава планета се феномени што настанале уште кога до нив допреле првите сончеви зраци, а тоа зачи при нивното настанување. Кога нашиот далечен предок стана човек, светот околу него веќе одамна бил обоен. Небото, планините, полињата, реките, дрвјата, цвеќињата, животните, птиците, облаците, залезите, создавале раскош на бои среде кои живеел човекот. Едноставно, боите биле дел од неговиот живот. Со текот на времето, тие навлегувале длабоко во неговата психа, така што тешко може да се замисли каква би била денес психата на човекот без постоењето на боите.

    Улогата на бојата е многукратна: естетска, психолошка, симболична, информативна и друга.

    Бојата разубавува. Како таа го прави тоа и кој е механизмот што ја врши оваа функција? Одговорот е едноставен. Во природата на секоја боја е да има сопствена убавина. Затоа нема убави и неубави бои. Жолтата, црвената, сината се убави како такви, без оглед дали се изворни или создадени од уметникот. Убавината на боите, нивната независна вредност е толку специфична што со никакво друго средство ниту може да се замени, ниту да се раскаже на кој и да било јазик. На пример, дали може на слепиот човек да му се објасни каква е црвената, зелената, сината или некоја друга боја? Затоа, без човекот да стори што и да било, може да ужива во убавините на боите, бидејќи насекаде во природата се среќаваат сите можни бои и нивните нијанси, често во раскошни и необични хармонии. Бојата е единственото задоволство кое е привилегија на секој жив човек (со исклучок на слепите). За да ужива во бојата, човекот не мора да биде богат, славен или талентиран, што е случај со другите задоволства.

    Убавината на бојата се користи на многу начини. Се обојуваат разни употребни предмети, ткаенини, дрвенарија, железарија, коли, куќи, играчки и друго, со една единствена цел – да бидат убави. Честопати се мислиме што да облечеме за на работа, во диско, за на училиште... која боја со која одговара, правиме комбинации поради кои се чувствуваме убави и самоуверени.

    Материјалниот свет е безбоен. Тој се обојува само тогаш кога ќе дојде во допир со светлината.

    Често луѓето се збунуваат и мислат дека црната и белата се бои. Не! Белата боја е светлината, а црната боја е темнината, односно недостаток на светлина. А сивата...? Сивата исто така не е боја – таа е тон, мешавина на бела и црна т.е. мешавина на темнина и светлина, односно мало, бледо количество на светлина сред темнина (ако сивата е „потемна“) или поголемо количество светлина сред темнината (ако сивата е „посветла“). Често се случува да кажеме дека секоја боја има нијанса, односно тон – има црвена -> темно црвена -> светло црвена боја. Ова не важи кај белата и црната боја т.е. кај белиот и црниот тон. Нормално, не можеме да кажеме светло бела, темно бела, светло црна, темно црна... Контрастот кој се јавува помеѓу белата и црната прави визуелна илузија. Црната е споротивност на белата, па така кога ќе ги видиме една до друга, црната боја белата ја прави уште побела („посветла“) и обратно.

    Може да се заклучи – светот, природата и животот не би биле тоа што сега се ако боите не постоеја.










    *оф леле, ама филозофирам :) :angel: