Плавата боја ми е омилена затоа што ме асоцира на небото, на нешто нежно а не е розево (иако ја обожавам и бледо розевата боја ). Едноставно ми е убаво кога гледам сино
Беж, крем или прљаво бела секој си има различен назив но една е- моја омилена. Ме потсетува на нежност, топлина, женственост, мајчинатво... прекрасна е... Црвена- ме потсетува на дама, јака жена, со цврст карактер, недостижност и приземност истовремено, вечност Во различен период различни бои ми се допаѓаат, кога како ме фатат, ама ако некоја боја ми се допаѓа се на таа боја купувам и сега на сите бои имам сешто
сината дефинитивно ме потсеќа на водата...езерото...чистото небо...чисти мисли..ме смирува и потсетува дека некогаш не е се така црно
Теркизно плава боја ме асоцира на мир, слобода, небо, одмор, лето, плажа и море. Црвената боја ме асоцира на љубов, самодоверба и женственост.
Зелена Боја на хармонија и рамнотежа,симболизира надеж...Боја која ми е омилена-најмногу што ја сакам,обожавам...Ме асоцира на нежност,смиреност...
За омилена боја подобро да не ме прашувате. Мојата слаба точка!! Ги сакам сите бои: Жолта - Ме асоцира на нежност и убавини, на милина. Црвена - Ме потсетува на жар, сила, вулкан, вулкан во кој можам да се претворам во одредени ситуации Виолетова - Си ги одмарам очите додека гледам во виолетово. Уште подобро во светло виолетово. Ме смирува, ме постсетува на мекост, чистота. Розева На розевиот свет во кој се наоѓам, на барбики, на деца, девојчиња, на разиграност, радост. Сина - Небо, убавина, мир, живот, слобода. Сите бои ми се убави и прекрасни на свој начин.
Сина, светло зелена и темно лила. Неам поим зашто ми се најомилени Некако ми делуваат мирно, не знам баш како да опишам
Долго време сум размислувала која ми е омилена боја.... и сеуште се немам одлучено. Сите бои ми се убави на свој начин но доколку би требало да изберам а имам избор секако Би ја одбрала црвената боја- боја на заводливост и страст црната-на мистериозноста зелена-на чистота
Па јас сум мн чудна во поглед на боите.. Виолетовата уште од мала ми била омилена иако не купувам облека во таа боја.. А кога ке спомне некој виолетова прво што ми паѓа на ум е ванила. Појма немам зошто.. Инаку преферирам црна, зрачи со мистериозност а и убаво ми стои, постојано се караме со мајка ми околу купувањето облека, затоа што се некако годам црни парчиња. Мрази да ме гледа во црно.