Омилена боја ми е кафеавата. Кафеавата ме асоцира на топлина, нежност, на есенските суви лисја... ја сакам и зошто се слага со мојот физички изглед. Втора по ред ми е плавата! Плавата ме асоцира на вечното небо и на свежост. Исто така ги обожавам сините очи!
Црната боја ми е омилена.Ме асоцира на елегантност,префинетост,женственост. Има можност за многу комбинации во различни ситуации.
Виолетова - ме асоцира на магија, мистерија, страст, свила, енергија.. има нешто посебно во неа што ме прави да се чувствувам моќно.
Црна и црвена ми се омилени и стандард мои бои, ја сакам и зелената боја. Црвената ме асоцира на страст, огненост, моќност и тако даље
Стварно извини вака што ти се мешам во палетата. Немој да ме сфатиш погрешно, ама каква врска има белата боја со зајдисонцата? Ме заинтригира..
Една боја конкретно немам. Ама боите што ги сакам се светлите бои,но не сите светли туку светлите нежни: јоргован боја , небесно сина , праска/кајсија боја , светла жолтеникава ... Ме асоцираат на нежност,опуштеност...
Многу сакам бела боја - бела ме асоцира на чисто свежо заводливо... Во летно време уживам во светли бои, бела жолта розева зелена - ептен ми се женствени црвена - заносна