Еве ваква, длабока, смарагдно зелена боја. Ме исполнува со мир, ме потсетува на шума, ме асоцира на хармонија, мудрост, разбирање, добрина. Ми буди многу убави и смирувачки чувства, за разлика од црната, која ми е втора омилена боја и ме прави да се чувствувам посамоуверено, поостро и буди чувства на моќ и мистериозност.
Виолетова најмногу, потоа розева и жолта, несвојствено за еден маж но сакам весели бои ме асоцираат на убави нешта на сонце, на убав ден, на насмеаното лице на саканата особа...
Црна. Црната е боја која ме подсетува на тоа што сум јас навистина. Сакам темнина и мрак. За мене црната не носи страв и лошо, баш напротив. Кога ја гледам добивам сила и се чувствувам ко да можам да прегазам се и секого. И ај да не должам многу, црната ми е моќна боја.
светло розева светло сива светло сина бела Ме асоцираат на нежно, светло, пријатно за очи.. (во средно омилена ми беше црната, мислев дека никогаш нема да го сменам мислењето. баш терав даркерски стил и го викав она ("i'll stop wearing black when they make a darker colour") но ете се сменив, сега светлите нијанси ги сакам углавном.
црна- софистицираност, елеганција, светлина сина-мистерија, чистота. нешто рамно константно многу мноќна комбинација ми се овие две бои
Во последниве години опседната сум со бордо боја. Ме потсетува на убави моменти од животов. А бојата сама по себе ме асоцира на моќ и доминација.