Сина - ме асоцира на небо или голема водена површина. Црвена - ме асоцира на крв. Црна - ме асоцира на ноќта и универзумот, поточно на темнина.
Сина и бела. Сината ме асоцира на нешто слободно, исто ме асоцира на сјајот на морето.. Белата ме асоцира на слобода, на нешто чисто ..
Сина Вие сочувствувате со сите, но исто така сте доста конзервативни и имате чувство за одговорност. Трпеливи сте, чувствителни и добро се контролирате. Сакате да ве ценат поради цврстиот карактер и мудроста. Верни сте, но знаете да бидете и претерано сомничави.
Роазева или попозната како Пинк, ме потсеќа на радост, на љубов... Мразам темни бои како што се црна, сива, кафеава... ме депресираат таквите бои и ме тераат да се чувствувам неубаво.
Сина (повеќе уживам во потемните нијанси) и сива. Сината ми асоцира на сафир и на вода, и ме смирува. Сивата ми асоцира на мистериозност, на мрак и тишина, на мртвило, ама ја сакам. После нив ми се темно зелената и темно виолетовата, ми асоцираат на моќ.