Омилена боја? не знам дали некогаш сум пишувала во темата, како што проверив набрзина не се пронајдов, ама како и да е, ќе пишам тиркизна - убаво ми стои на темно-кафеавата скоро црна коса и на тенот (не ми е бел, онака, среден) виолетова - зашто ме асоцира не нешто убаво и се чувствувам удобно во неа.. розева - мирна боја, асоцира на нешто мирно, кротко, мило... циклама - едноставно зашто ми е омилена, и убаво ми стои .. сива - ептен убаво стои, и со неа се прават убави комбинации.. црна - едноставно се комбинира со се’ и елегантна .. тие ги издвојав од сите сезони .. за секоја сезона си имам некоја боја, неможе јас сред зима да облечам бели панталони, нели?
Омилена боја? Онака као у глобала ми е омилена виолетовата.ја обожавам...онака како боја..не велам за облека или нез што.... а за облека омилени ми се покрај виолетовата, сивата, кафената, тегет..баш ко за периодов..по темни и мистични бои
Омилена боја? Црна. Кога се работи за облека, црната може да биде и најелегантна, класична и спортска, секојдневна. Кога се работи за технологија, црните работи се секогаш поедноставни, а колку помалце е "наџиџано" и шарено, толку полуксузно делува. Кога се работи за автомобили.. Црно нормално, толку е sexy, особено на мерцедес.
Омилена боја? Омилена ми е светло сината боја и светло зелената. Кога читав хороскоп за мојот знак Риби заприметив дека тие се и боите на знакот Светло сината ја сакам зашто ме потсетува на многу спомени, и онака моменти од минатото, најчесто тажни и меланхолични ама сепак. Ми симболизира на меланхоличност и тага, но и на мир и исполнетост. Слободно време и место каде што можеш колку сакаш да размислуваш за своите проблеми, за минатото и се што сакаш. Зелената ме потсетува на пролет, на свежата искосена трева, на радоста, на топлината. Ме потсетува на некој друг свет повесел и поразнобоен. Но сепак по фаворит ми е сината.
Омилена боја? РОЗЕВАА!!! Се ми е розево во собата и детали онака на мене носам розеви, па и тетратки и слични ствари али не се облекувам во розево Голема сум да бидам розева! Знам дека е многу детска бојата ама ете од мала ја сакам и не можам да замислам да глеам друга боја во соба
Омилена боја? Белата - Нежна ми е и повеќе ја носам во лето. Црната - Ја преферирам за поладно време а и некако најелегантна ми е. Црвената - Женствена ми е, секси
Омилена боја? Виолетова - без посебна причина Кафеава - Уживам во таа боја Зелена - ме потсетува на природата
Омилена боја? па сега зимата омилени ми се црната одговара во секоја прилика,кафеава ја обожавам во сите нијанси,сивата исто така а сега во последно време ја преферирам виолетовата боја си ја комбинирам со сите наведени бои и сина ама од оние потемните.за летото розова многу ја сакам,бела и беж оние нијанси на жолта и зелена не ѓи сакам
Омилена боја? Па најмногу црната, кафената, црвената најчесто за детали, ги сакам сите бои, зелена во лето често носам, сива сакам,само една боја не сакам РОЗЕВА и никогаш нема да ја засакам.
Омилена боја? Па не би рекла дека имам омилена боја. Полесно може да се одлучам за тоа која боја не ми се допаѓа а тоа е портокаловата. Барем на мене не ми стои убаво. Инаку многу ја сакам виолетовата боја, ама темно виолетово, после белата боја, црвената, плавата, и порано многу ја сакав маслинасто зелената, ама ете во последно време немам нешто маслинасто зелено купено. И еве да си го редактирам мислењето, да кажам зошто (не) ги сакам боите што ги наведов: портокалова - ете реков не ми стои убаво. Некако на кисело нешто ме потсетува. Жолтата е веќе друга работа, таа ме потсетува на богатство, ама и на арогантност и егоцентричност. Исто е доста весела боја, па знам во летно време нешто жолто да облечам белата боја - па тоа не е ни боја нели. Туку ги обединува во себе сите бои. Ми се допаѓа затоа што дава (барем кај мене) некој степен на префинетост, чистина... Како варијанта на белата понекогаш носам беж кошула виолетовата - не знам на што ме потсетува. Едноставно мислам дека убаво ми стои. Некако не ми се допаѓа розевата боја, па виолетовата ми доаѓа како една созреана верзија на розевата боја црвената боја - барем мене ме потсетува на сексипил, мистичност, заводливост. плавата боја - ме потсетува на небото. Но јас ја сакам и темно плавата, а таа ме потсетува на облачно време, така пред бура. Тоа е времето кое многу го сакам. Оној силен летен дожд што потекнува од темно плави облаци маслинасто зелена боја - е оваа боја ми е омилена од средно. Мислам дека ме потсетува на моите underground години. Тогаш се се облекував во маслинасто зелени, кафени, црвени и црни комбинации
Омилена боја? Па и немам некоја омилена боја, но еве ќе ги наведам сината боја - ме асоцира на слобода, виолетовата - на младост, црната - на елеганција, белата - на искреност и чистота, зелената - на природа и црвената - на успех и среќа. Кафената ме потсетува на изнемоштеност, па затоа и не ми се допаѓа толку, а и како облека не ми стои добро. Но , со ова не сакам да ги навредам оние на кои им се допаѓа кафената боја.
Омилена боја? Јас во мојава глава луѓето ги врзувам со бои. Веројатно секој има некоја боја којашто му стои најдобро од сите други, и во мојата глава човекот ја добива таа боја. Мислам, не дека замислувам некого од глава во пети во боја ама поврзан ми е со некоја боја. Ова многу ми пречи кога купувам подароци, затоа што ако некого врзам со една боја, после не можам никако да се натерам да му купам нешто во друга боја И кога ќе видам неке парче облека во некоја боја, веднаш ме потсетува а некого, па често им купувам на блиските ситници во „нивната боја“. Инаку сакам живи бои. Не мора да се светли, туку едноставно живи се, весели. Како мене
Омилена боја? во принцип си ги сакам сите бои, а омилени ми се: сина зелена тиркизна темно-зелена златеста петролеј боја црната незнам зошто ама не ја сакам црвената боја, дури и крвта кога ке си ја видам црвена, добивам нагони за повракање
Омилена боја? Земјени тонови како кафена, кремаста, окер. Црна боја -одговара на се. Црвена и портокалова -бидејќи се полни со живот. Исто и тиркизна и индиго сина.