Неможам да изберам една ,бидејќи сите бои имаат свои асоцијации . Ако бирам : Црвена - страст, оган, топлина, непосредност.. Зелена - живот, природа, одмор, скромност.. Сина - вода (море, река, езеро), длабочина, мудрост..
Зелената и виолетовата ми се омилени. Зелената бидејќи ме смирува некако, ја означува природата и ми претставува знак за хармонија. Виолетовата не знам зошто, можеби бидејќи е као женска боја ама не како класичните женски - розева, црвена.. туку нешто поинакво, бидејќи не сакам баш класични работи.
Сите бои се убави на свој начин, но јас би ја издвоила црната бидејќи ме асоцира на елеганција, интелигенција, шарм, уникатност, моќ, мистериозност.
Зелена и црвена Зелена ја сакам затоа што ме асоција на живот, природа, мир и спокој. А црвена затоа што ме асоција на моќ, борбеност, љубов и страст.
Црна и црвена ме асоцира на се што е секси , мрачно , заводливо , црвено љубов , страст . Црно лошотија Ме асоцира на силна личност , но затворена во себе што не дава на знаење за нејзините чуства.