Црвена Ова е боја на сила, здравје и виталност. Ја сакаат агресивните, импулсивните, страстните лица, но и оние што не се такви, а би сакале да бидат. Амбициозни сте и брзо заземате страни и ставови. Оптимисти сте и не ја сакате монотонијата. Немирни сте и често необјективни кога сакате другите да ги обвинувате за своите грешки. Отворени сте и го сакате животот. Зелена Ова е боја на хармонија и рамнотежа. Зелената симболизира надеж, нов почеток и мир и ја сакаат нежните и искрени личности. Сакате да се дружите, секогаш сте искрени, но сепак мирот ви е најважен. Многу сте скромни и трпеливи, па понекогаш другите ве искористуваат. Многу сте цивилизирани. Ете така се си е кажано едната ми е љубов и страст другата мир и хармонија
Скоро сите ми се омилени,освен портокалова и кафеава.Најмногу ми се допаѓаат зелената и плавата-како да ме смирува и виолетова,розова.
Кај мене преовладуваат розевата, сината, црната и белата. Некако најубаво ми стојат овие бои(имам од сите можни бои,но ретко ги носам). Во последно време решив колку што можам гардеробата да си ја сменам во розево.Таа боја ми е некако најженствена, покрај црвената, но за разлика од црвената нема контра-муабети за розевата боја и најангелско се осеќам во розево.
розева- нежност црвена- первезност црна- класика, елеганција плава- рај, одмор зелена- природа, радост жолта- самодоверба бела-невиност, храброст
Јас ги сакам сите бои, но не ги доживувам сите на ист начин. Во знак сум водолија и вистина е дека сакам бои како сина, тиркизна: сина ми е омилена боја, заедно со црната, но ги почитувам сите бои. Во сината го гледам небото или ѕвездите и месечината како сјаат на него, како нежните бранови го допираат песокот, звукот на морето и океанот..Убавата природа, ангелско небо. Црната боја не секогаш асоцира темнина. Јинг и јанг - добро во лошо и лошо во добро.. Чувство, емоција. Депресија, тага. Но, црната може да биде прикажана на различни начини. Убава ми е, едноставно. Други бои: Кога гледам жолта боја се потсетувам на сонцето и неговите зраци, сончеглетки, ѕвезди, сијалици, ме потсеќа на радост, на среќа. Црвена - иако не ми е некоја омилена боја, мислам дека е боја на страст, поглед на жена, жена која е како оган, запалена, убава, искажана, огледало...Жар, пламен.. Зелената морам да признаам дека ми е убава во вистинскаааа смисла. Зелената ме потсеќа на густите шуми, замаглените утра и убавата, нежна природа. Дрвајата, шумите, пролет, планини, изворчиња со блиски растенија. Лично обожавам да патувам и обожавам планини, едноставно прекрасно. Виолетова - ова е нежна боја која ме потсеќа на зајдисонце кога се мешаат боите, на јоргован, на некоја нежна девојка која обожава слобода. Портокалова - ме потсеќа на оган, на небо, сонце, природа, портокал, на нешто убаво, на нешто со смешна страна - со хумор..Кафеава - ме потсеќа на дрвјата и на земјата в поле. Бела - на добрина, нешто убаво и светло што зрачи. На нешто поразлично, но сепак убаво и прифатено. Розева - на нешто детско, девојче, бебе, разиграно, нежно,....
* Зелена - ме смирува и ме потсетува на детство. * Виолетова - ми се допаѓа бидејќи не е баш дел од класичните ,,женски" бои (Црвена, розева...) и некако ми е уникатна.
Сите комбинации на сино-зелена (минт боја, тиркиз, петролеј)- ме асоцираат на свежина, на чисто, смирувачки ми делуваат. Друга боја е комбинација на црвена и виолетова (бургунди, вино боја)- ме асоцираат на женственост и убавина, елеганција. И трета омилена ми е taupe (не знам мк) сиво-кремова- ме асоцира на смиреност, скромност. Од основните бои немам омилена.