Омилена боја? љиљакова, светло плава како небото или море/базен, бебешко плава и слетло ама многу светло зелена...во тие бои и најмногу сакам да се облекувам и лакирам со тоа што за облека и лак ја сакам многу и црната
Омилена боја? преку лето обожавам да носам портокалови и црни фустани ..бидејќи сум плава многу ми одговара црната боја и ми ги изразува плавите очи ...сепак портокаловата ми е во срце
Омилена боја? Дефинитивно омилени ми се црвената и виолетовата боја,а црната не ја сметам за боја таа е стандард.
Омилена боја? Дефинитивно жар црвена.... Значи не само што зрачам и сум насмеана од уво до уво кога ја носам туку и кога и да сум во црвено се` ми оди од рака. Можеби само ме тепа психата, не знам.....И за денови кога знам дека ќе бидам ептен работно експлоатирана облекувам ЗАДОЛЖИТЕЛНО нешто црево (па мака да е и ролка под црн елек....). За секој ден или за везден што би се рекло, значи кога расположението ми е стандард сум најчесто во црно, црно/бела, црно/бело/сива и нивните можни варијанти. И тогаш за чудо и расположението, ама и дешаванките ми се стандард. Е сега има еден феномен, значи кога и да облечам тегет сум токму како од песната ..,,I am blye,,...и денот ми е тапаааааааа....значи ептен ,,блу,,. П.с. знам дека се` е до психата, ама сеуште си терам по свое и ,,верувам,, во тајната формула на боите!
Омилена боја? Дефинитивно сината боја ми е фаворит посебно овие две нијанси 1. оваа нијанса на темно сина затоа што ми е многу мистична и секоја жена изгледа привлечно во неа и ми е некако royal 2. и оваа нијанса тиркизно сина затоа што ми е премногу нежна и дури поженствено ми делува дури и од розевата (инаку ваква боја ми е маусот ) Другите нијанси ми се исто така пријатни се додека синото не преминува во друга боја освен кога станува збор за онаа темна пријатна нијанса меѓу сина и зелена
Омилена боја? А да и ќе заборавев, килибарно кафената ми е исто преженствена а за жал многу малку парчиња гардероба имам во таква боја (сигурно не ми оставило ништо толку голем впечаток) инаку добар пример за доловување на нијансата за која зборувам е сликата подолу на времето имав многу слично прстенче. Премногу ја сакам нијансава како дел од гардероба аксесоари итн итн
Омилена боја? Најмногу ми се допага виолетовата..незнам некако најмногу ми се допага исто така ми се допагаат и Сината-ме асоцира на сино небо Зелената-ме асоцира на ливади и зеленило
Омилена боја? Ми се допаѓа зелената боја! Светло зелена,темно зелена,маслинесто зелена...сеедно! Ги сакам сите нијанси освен оваа драч зелена Немам многу парчиња облека во таа боја,освен неколку летни маички во зелан боја и едно/две зимни парталчиња во маслинесто зелена боја,но затоа дома на моите им сугерирав да реновираат во зелена боја па и ѕидовите на собите ни се зелени! Зелената боја релаксира според мене и ми се допаѓа кога природата е разеленета! Инаку кога е во прашање гаредробата ги носам сите бои со исклучок на драч нијасните! Имам многу облека во црна боја, и многу наикт и чевли исто во црна боја но тоа не значи дека ја носам затоа што се осеќам неубаво туку затоа што црната боја дозволува најмногу комбинации и стои елегантно! Ми се допаѓа и кога црната боја е употребена во уредување на ентериерот на некој локал или пак домашен амбиент но мислам дека во тие ситуации не треба да се претерува со црните детали! Кафеавата пак боја оваа сезона ми беше хит (од чевли до марами и накит,се ми беше во кафеаво) А инаку како боја не дозволува многу ексериментирање и мислам дека од тие причини многумина ја одбегнуваат! Исто така ја сакам и жолтеникаво/кафеавата боја, или есенската боја кога лисјата пожолтени преовладуваат со својата боја! Црвената боја пак значи смелост и мислам дека малку луѓе знаат да ја носат и убаво комбинираат! Црвеното мене ме потсеќа на сексипил, еротичност, заљубеност... За другите бои немам посебен коментар!
Омилена боја? Дали паметите како мали колку многу ние девојчињата ја сакавме розовата боја,а како растевме ја сметавме за детска,бебешка ? Многу ме нервираат љуѓе кои се определени за една боја,и се во неа. Моја омилена боја е СИНА , а боја која најмногу ми стои е СИВА и ЛИЛЈАКОВА.
Омилена боја? Бела-нежност,искреност,невиност.Црвена-лјубов,оган,секс,Зелена-живот,храброст.Лилјакова-на месецот мај .Ги сакам сите бои и имам гардероба во сите бои но некако ови са ми омилени